Општина Неготино
Донација за поефикасно функционирање на ЈП„Комуналец“ PDF Печати
   Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов и директорката на ЈП „Комуналец“ – Неготино Марина Бојаџиева остварија средба со Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф. Целта на оваа средба беше да се направи увид во добиената опрема од Програмата за мали грантови на Амбасадата на Сојузна Република Германија, како и разговор околу можностите за аплицирање за нови вакви мали грантови.
 
Повеќе...
 
Романска делегација во посета на Музеј на град Неготино PDF Печати
    Музејот на град Неготино беше посетен од страна на членови на Парламентот од Романија, во состав на:.Јоан Кристијан Киртеш,- сенатор, Претседател на групата за пријателство со Република Северна Македонија во Парламентот во Романија,
 Мариана Венера Попеску пратеник и Ралука Петронела Шербан, советник во Служба за надворешни билатерални односи.
Романската делегација беше во друштво на нивните колеги-пратеници од Неготино и Кавадарци, .Ристе Ташев и .Панчо Минов. Импресионирани од музејот и содржината во него, особено задоволни од презентираната етнолошка поставка во која е презентирана винската традиција во општина Неготино, се разговараше за соработка и размена на културното наследство преку аплицирање на програми за култура на двете земји!
Повеќе...
 
Се изведуваат нови жардинерии на влезот во Неготино од кај СРЦ Младост PDF Печати
   Во рамки на потпроектот „Вински апи и еко туризам во Неготино и околината“ во тек е уредување на жардинери и поставување на систем за наводнување капка по капка.
Проектот за локална и регионална конкурентост е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, се администрира од страна Светска банка, а се спроведува од страна на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања.
 
Повеќе...
 
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРС ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА-ОПШТИНА НЕГОТИНО И ОПШТИНА АЛМОПИА „ПРЕКУГРАНИЧНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Печати
П О К А Н А

К О Н К У Р С
 
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРС ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА-ОПШТИНА НЕГОТИНО И ОПШТИНА АЛМОПИА „ПРЕКУГРАНИЧНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Печати
П О К А Н А

К О Н К У Р С
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 27.11.2019 година PDF Печати
                                 Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на петтата    вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 27.11.2019 година ( среда)  во 13.00  часот.
За седницата го предлагам следниот

                                  Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог –  Одлука за давање согласност од Советот на општина Неготино за подршка на проект
2.    Предлог – Одлука за давање согласност на Правилник за измена и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
3.    Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за начелата на внатрешна организација на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
4.    Предлог- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
 
<< Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај >>

Лист 100 од 314