Општина Неготино
Новогодишни пакетчиња за дечињата од 4 игрални во населените места PDF Печати

   Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ од име на локалната самоуправа на дечињата од 4 игрални во населените места од неготинска општина им подели 39 новогодишни пактечиња обезбедени со средства од општинскиот Буџет. Беа посетени игралните и пакетчиња им беа врачени на дечињата во Д.Дисан (12), во Тимјаник (10), во Црвени Брегови (9) и во Војшанци (8). Во секоја од игралните владееше прзнична предновогодишна атмосфера, дечињата не ја криеја радоста за добиените пакетчиња, а во знак на благодарност во сите четири игрални беа испеани песнички за Новата година.

Повеќе...
 
Заврши реконструкцијата на дел од улиците „ЈНА“,„Енгелсова“ и „Киро Крстев“ PDF Печати

  Општина Неготино со средства од општинскиот Буџет во висина од околу 2.500.000 денари изврши реконструкција на делови на 3 улици во градот, согласно годишната програма за работа на локалната самоуправа. Така, со отстранување на оштетениот асфалт и поставување нов асфалтен слој  во должина од 120 метри и површина од 600 метри квадратни беше реконструиран дел од улицата „ЈНА“ за што беа реализирани средства во висина од 1.000.000 денари. На дел од ул„Енгелсова“ со 600.000 денари беа реконструирани 100 метри или површина од 600 метри квадратни, а нов асфалтен слој е поставен и извршено е крпење на ровови на дел од улицата „Киро Крстев“ во должина од 200 метри и вредност на проектот од 800.000 денари.

Повеќе...
 
Доделени наградите за најуспешните творби за значењето на водата PDF Печати
   Со изложба на цртжи (46), фотографии (10) и есеи (6) по објавениот конкурс од страна на Адвисент ДООЕЛ од Скопје во соработка со општина Неготино започна денешната церемонија за доделување на награди на победниците по категории на конкурсот на тема „Прекуграничо натпреварување за значењето на водата“.На овој конкурс право на учество имаа сите ученици во основните и средните училишта во Општина Неготино, Република Северна Македонија и Општина Алмопиa-РепубликаГрција. Комисијата за разгледување и оценување на категорија „ЦРТЕЖИ“ и Комисијата за разгледување и оценување на категорија „ЕСЕИ“ беше составена од претставник на Адвисент ДООЕЛ Скопје, Општина Неготино, ООУ „Гоце Делчев“  и ООУ „Страшо Пинџур“, додека
комисијата за разгледуување и оценување на категоријата „ФОТОГРАФИЈА“ беше составена од претставник на Адвисент ДООЕЛ Скопје, Општина Неготино и СОУ „Св.Кирил и Методиј“ –Неготино. Наградите во категориите есеи и цртежи изнесуваа 150 евра за прво, 100 за второ и 50 евра за трето место, а за категоријата фотографии 300,200 и 100 евра, со напомена дека наградите беа во опрема. Наградите ги доделија претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов, проект-менаџерто Лолиѕта Ристова и директорката на Адвисент Анита Китевкса, а најуспешни по категории се:
-Цртежи:- прво место Ѓорѓи Панов ООУ Гоце Делчев, второ место Јован Трајков ООУ Гоце Делчев и трето место Лазар Бојков ООУ Страшо Пинџур
-Есеи:- прво место Мила Толова, второ место Ангела Нацева и трето место Загорка Панова, сите ученички од ООУ ГОце Делчев.
-Фотографии:- прво место Викторија Методиева, второ место Јани Иванов и трето место Благица Захарчева, сите ученички во СОУ Св.Кирил и Методиј Неготино.
Повеќе...
 
Се изврши реконструкција на дел од ул„8 Ноември“ во должина од 400 метри PDF Печати

  Согласно годишната Програма за работа на локалната самоуправа и со средства од Буџетот на општина Неготино од околу 3.000.000 денари се изврши реконструкција на најоштетните делови од улицата „8 Ноември“ во нашиот град. Градежните работи се одвиваа во две фази и тоа гребење и отстранување на стариот асфалт и поставување нов асфалтен слој на оваа улица во должина од 400 метри со опфаќање на површина од 2.000 метри квадратни.

Повеќе...
 
Концерт по пијано во изложбениот салон на Музејот на град Неготино PDF Печати
  Деновиве во изложбениот салон во Музеј на град Неготино се одржа Концерт по пијано од класата на проф.д-р Марија Ѓошевска - професор на Факултетот за музичка уметнот при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје која по потекло е од Неготино. На концертот свое претставување имаа десет студенти од факултетот кои уживаа во изведувањето на делата на полуконцертниот клавир FEURICH 179 Dynamic!
-„Културата е образот на една општина, држава. Многу е важно да ја развиваме и да ја негуваме, а тоа значи дека прекрасните таленти од помладите генерации мора да го добијат соодветното внимание за да можат да го развиваат својот полн потенцијал како уметници и идни претставници на културата...Воедно овој концерт го посветувам на мојот татко, на кој што премногу му значеше Неготино",- рече многу емотивно проф.д-р Марија Ѓошевска на концертот одржан во Музеј На Град Неготино со претставување на пијанисти од нејзината класа и други, од Неготино-Дарко Волчев и Ивона Стојанова, Кавадарци,,како и пијанисти од Св.Николе и Скопје. Енергични, возбудливи изведби на Хајдн, Шопен, Рахмањинов, Стравински, Прокофјев и Албениз пред прекрасната и примерна публика од општина Неготино. Огромна заслуга за организација на овој прекрасен настан има директорот на ООМУ "Владимир Арсовски" од Неготино, Драги Станков!!!
 
Повеќе...
 
РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ „ПРЕКУГРАНИЧНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Печати

   На ден 17 декември 2019 година во просториите на Општина Неготино се одржа работата на Комисиите за оценување и наградување на творбите пристигнати во рамките на конкурсот „ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“. На овој конкурс право на учество имаа сите ученици во основните и средните училишта во Општина Неготино, Република Северна Македонија и Општина Алмопиa, Република Грција,

Комисијата за разгелдување и оценување на категорија „ЦРТЕЖИ“ и Комисијата за разгелдување и оценување на категорија „ЕСЕИ“ беше составена од претставник на Адвисент ДООЕЛ Скопје, Општина Неготино, ООУ „Гоце Делчев“ -Неготино и ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино.

Комисијата за разгелдување и оценување на категоријата „ФОТОГРАФИЈА“ беше составена од претставник на Адвисент ДООЕЛ Скопје, Општина Неготино и СОУ „Св.Кирил и Методиј“ –Неготино.

Подолу е даден редоследот на наградените ученици според категорија.

НАГРАДЕНИ ВО  КАТЕГОРИЈА „ЦРТЕЖ“

ПРВО МЕСТО – Ѓорѓи Панов, VIIа одделение- ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино
ВТОРО МЕСТО – Јован Трајков, IVб одделение -  ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино
ТРЕТО МЕСТО – Лазар Бојков, IIа одделение - ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино

НАГРАДЕНИ ВО КАТЕГОРИЈА „ЕСЕЈ“

ПРВО МЕСТО – Мила Толова, IXa одделение - ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино
ВТОРО МЕСТО – Ангела Нацева, IX одделение - ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино
ТРЕТО МЕСТО – Загорка Панова, IXг одделение - ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино

НАГРАДЕНИ ВО КАТЕГОРИЈА „ФОТОГРАФИЈА“

ПРВО МЕСТО –Викторија Методиева, I-6 клас – СОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино
ВТОРО МЕСТО – Јани Иванов, I-6 клас - СОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино
ТРЕТО МЕСТО – Благица Захарчева, I-6 клас –  СОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино


Свеченото доделување на наградите ќе биде извршено на церемонија која ќе се организира на 20 декември 2019, во салата на советот на Општина Неготино со почеток во 13 часот.

 Results_Competition

 Резултати конкурс

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај >>

Лист 98 од 314