Општина Неготино
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 29.01.2020 година PDF Печати
Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на седматта    вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 29.01.2020 година ( среда)  во 12.00  часот.
За седницата го предлагам следниот


                                                             Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Разгледување на Предлог за  распишување на референдум на локално ниво
2.    Предлог- Решение за именување на претставници на општина Неготино за членови на Управниот одбор на ЈП Паркинзи Неготино   
3.    Предлог- Решение за именување на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално- финансиското работење на ЈП Паркинзи Неготино
4.    Прелог- Оперативен план  за дејствување во зимски услови на јавните претпријатија и установи основани од општината , органите на општината и трговски друштва на територијата на општина Неготино
5.    Предлог- Одлука за сопствено учество на општина Неготино во Проект за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2020 година
6.    Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино

 
Од изложениот чесен крст собрани 14.580 денари за лекување на Дарко Видони PDF Печати

   Чесниот крст кој на Богојавление-Водици беше фрлен во водите на реката Вардар, а лицето што го фати го подари на општина Неготино, на 23 овој месец во времето од 09,00 до 13,00 часот беше изложен на градскиот плоштад во Неготино со цел за негова поголема достапност до населението и за остварување на една хумана цел, собирање финансиски средства за лекување на нашиот сограѓанин Дарко Видони. Во периодот од 4 часа собрани се средства во висина од 14.580 денари кои веднаш по завршувањето на активноста се уплатени на посебната сметка за донации за лекување на Дарко Видони од Неготино. Покрај учеството во оваа хуманитарна активност, општина Неготино преку Советот на општината одобри дополнителни средства наменети за лекување на нашиот сограѓанин Дарко.

 
До понеделник (10.02.2020) можат да се доставуваат мостри за избор на најдобри вина и ракии PDF Печати

   И оваа година во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ ќе се одржи натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители. За таа цел, организаторот-општина Неготино ги информира сите заинтересирани за учество на натпреварот дека рокот за поднесување мостри од бели и црвени вина и ракии е до понеделник (10.02.2020г.) во времето од 08,00 до 16,00 часот во просториите на локалната самоуправа. Производителите истите можат да ги достават до одговорното лице Дени Трајков на 3-ти спрат во зградата на општина Неготино, а поблиски информации можат да се добијат и на телефонскиот број 078-822-292. Традиционално, и оваа година поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручни лица-енолози кои ќе одлучат кои вина и ракии ќе добијат признинија и награди за квалитет. Наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производите на домашни вина и ракии градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги врачи на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Св.Трифун“ на 14-ти февруари кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино.

 

 
Советот на општина Неготино ги поништи одлуките за изградба на депонија PDF Печати

   Советот на општина Неготино на последната одржана седница на 24.01.2020 година едногласно донесе одлука За поништување на Одлука бр. 07-875/16 од 16.10.2009 година и поништување на Одлука бр. 08-245/6 од 20.05.2019 година на Совет на општина Неготино. Со поништувањето на овие одлуки, депонија на територијата на општина Неготино нема да се гради.

 
Расчистени околу 700 м3 смет од дивата депонија кај Криволак PDF Печати

   Околу 700 метри кубни смет беа собрани деновиве од дивата депонија во близина на армискиот полигон Криволак, активност за расчистување која е дел од програмата за заштита на животната средина на општина Неготино. Изведувач на работите беше фирмата Ас машини чии работници сметот и шутот од околу 700 метри кубни од дивата депонија го кренаа и го дислоцираа на градската депонија „Бучето“ во близина на село Дуброво. Средствата за расчистување на дивата депонија се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а и за тековнава година се предвидени финасии за продолжување со активностите. Од локалната самоуправа апелираат до месното население од Криволак, но и до сите граѓани на општина Неготино, сметот и шутот да го исфрлаат само на градската депонија. Комуналните редари секојдневно се присутни на терен и секој што ќе биде регистриран да фрла смет и шут на несоодветни места за тоа, ќе биде казнет согласно законските прописи.

 
Потпишан договор за реконструкција на патот Криволак-Пепелиште во должина од 6 км PDF Печати

  Општина Неготино и фирмата Дикор дц дооел од Струмица денеска потпишаа договор за комплетна реконструкција на локалниот патен  правец од Криволак до Пепелиште во должина од 6 километри. Потпишаниот договор е со вредност од 24.762.300 денари. Рокот за изведба на работите на овој патен правец е 150 денови, а во најкраток рок фирмата изведувач ќе биде воведена во работа. Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот кои се движат по локалниот пат Криволак-Пепелиште.

 
<< Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај >>

Лист 95 од 314