Општина Неготино
Маркети „Дијана“ со донација за полесно справување со корона вирусот PDF Печати

   И компанијата „Дијана“ од Неготино која располага со синџир маркети на повеќе локации покажа општествена одговорност и со донација одговори на апелот на општина Неготино за вклучување во напорите за полесно справување со корона вирусот. Имено, маркети „Дијана“ донираа хигиенски средства, средства за дезинфекција на домовите и прехранбени артикли кои ќе им бидат поделени на ранливите групи граѓани од нашата општина. Локалната самоуправа упатува јавна благодарност за овој хуман гест и ги поттикнува и останатите фирми кои се во можност преку донации да се вклучат во битката против вирусот Ковид 19.

Повеќе...
 
Волонтерите од општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти PDF Печати

    Волонтерите од општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти. Беа доделени пакетчиња за ранливите категории од населените места Курија, Црвени Брегови и Тремник. Пакетчињата беа обезбедени односно донирани од приватните компании, но и поединци од нашата општина.

#ОстаниДома

 

Повеќе...
 
Дезинфекција на сите згради во општина Неготино PDF Печати
   Денес започна втората акција за дезинфекција на сите згради во општина Неготино. Волонтерите ги дезинфецираат скалите, ѕидовите, влезните врати и оградите , делови кои најчесто се допираат со раце. Упатуваме апел до сите куќни совети, покрај дезинфекцијата од страна на волонтерите, самите да ја одржуваат хигиената во своите влезови. Покрај дезинфекцијата на улиците во град Неготино се дезинфецираат и улиците во населените места во општина Неготино.

#ОстаниДома
 
Реконструиран крак од улица „ 8 Ноември “ PDF Печати
Согласно годишната програма за работа на локалната самоуправа, по реконструкцијата на улица „ 8 Ноември “ се пристапи кон реконструкција и на крак од истата улица.Со реконструкцијата на овој крак беше извршено нивелирање, тампонирање и бетонирање на вкупна површина од 3️2️0️ м2.
 оваа реконструкција беа обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
Повеќе...
 
Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена и прехранбени продукти PDF Печати

   Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти, кои беа обезбедени односно донирани од приватните компании но и поединци од нашата општина .

 Доделени беа пакетчиња на ранливите категории на граѓани согласно информациите добиени од Центарот за социјална работа Неготино, а истите денес беа доделени на семејства во селото Долни Дисан.

 Пакетчиња беа донирани и за штитениците на Дневниот центар за лица со ментален хендикеп „ Порака “ Неготино како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино.

Општина Неготино ќе продолжи со донирање на пакетчиња и во следните денови во останатите населени места.

#ОстаниДома

 

 

Повеќе...
 
Извршена дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот. PDF Печати
Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино, ТППЕ и волонтери од општина Неготино со своја расположлива механизација извршуваат дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот.

Во оваа акција се вклучени и механизации и екипи од фирмите
 „ АД Венец “ Долни Дисан ,
 „ АД Црвени Брегови “ и
 „ Агро сервис 2000 “, на кои им упатуваме огромна благодарност за нивната несебична поддршка за справување со ситуацијата со КОВИД 19 во нашата општина.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај >>

Лист 85 од 314