Општина Неготино
Затворени за употреба сите отворени детски игралишта, спортски терени во општина Неготино PDF Печати

   Мобилните тимови од општина Неготино и денес се на терен. Ги затворија сите отворени детски игралишта, спортски терени, Спомен костурницата во општина Неготино. Реквизитите, влезовите на игралиштата и спортските терени се оградени со лента и сите отстапувања од препораките за не користење на овие места ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани од страна на ОВР Неготино;
Со оваа акција како општина преземаме дополнителни мерки за заштита од Корона вирусот, а воедно упатуваме апел граѓаните да се воздржат од користење на овие објекти, бидејќи само така ќе го заштитиме сопственото но и здравјето на сите граѓани од општина Неготино.

Повеќе...
 
Трет координативен состанок за доследно почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино PDF Печати
Денес во општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со претставници на ОВР Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, претставници од општинската администрација и ЈП „ Комуналец “ Неготино одржа трет координативен состанок за преземање на активности во општина Неготино за заштита од Корона вирусот во периодот што следи.
Во рамки на препораките од Министерството за здравство и мерките од Владата за заштита и превенција од корона вирусот се донесоа следните заклучоци:
•    Градскиот пазар во Неготино ќе остане затворен се додека траат мерките и препораките од страна на Министерството за здравство и Владата, а се во насока на заштита на населението и спречување на ширењето на КОВИД 19;
•    ЈП „ Комуналец“ Неготино два пати во неделата ќе врши дезинфекција на сите улици во град Неготино но и населените места;
•    ЈП „ Комуналец “ Неготино редовно врши и ќе врши дотур на дезинфициенси на двата пункта за дезинфекција на возилата кои се поставени на влезот и излезот на градот ;
•    Детските паркови, игралишта, Спомен костурницата во градот се затвораат за користење за сите посетители;
•    Обезбедените заштитни маски утре ќе се делат на граѓаните од општината на градскиот плоштад во Неготино;
•    Се продолжува со распределувањето на обезбедените донации                   ( пакети ) од страна на општествено одговорни фирми и поединци од општината за ранливите категории на граѓани од населените места но и градот;
•    ОВР Неготино континуирано ќе продолжи да врши контрола на сите лица кои се во задолжителна самоизолација како и домашна самоизолација ;
•    ОВР Неготино ќе врши почеста обиколка на градот и населените места во општината и воедно упатуваат апел до сите граѓани дека сите отстапувања од препораките ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани;
•    Општина Неготино ќе им стои на располагање на сите фирми , маркети, станбени згради од општината кои ќе сакаат да им се направи дезинфекција;
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !
Повеќе...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА-УСЛУГИ 05-219 Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.8 05-219/4 PDF Печати

Проект,,wa-mbrella,,

Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-219/1 од  17.03.2020 општина Неготино спроведе истражување на пазарот за потреба од  УСЛУГИ   (SERVICES) за  :
Дел 1.Експертиза за подготовка на комплетна техничка документација за довршување на колектор во должина од 400 м во општина Неготино и
Дел 2.Експертиза за подготовка на  предфизибилити студија и идеен проект   за пречистителна станица во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот ,,wa-mbrella”- Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или “Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella””финансиран со средстава од ЕУ, Договор бр CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,, INTERREG IPA Cross Border Cooperation Programme 2014 TC 16 I5CB 009“Грција -Република Северна Македонија и согласно известувањето за продолжување на проектот ,,wa-mbrella”добиено од Управувачкиот Орган на 19.12.2019 година и буџетот на проектот кој е во важност по продолжување на проектот.
По спроведеното  истражување на пазарот, општина Неготино достави покани до 5 компании.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019) .

Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој почнувајќи од 03.04.2020 година .Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 04.05.2020(понеделник )  до 10.00 часот во просториите на општина Неготино согласно инструкциите во тендерската документација

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Контакт

Општина Неготино
 
тел.043-361-045


INVITATION.pdf

 

Повеќе...
 
ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПРОСТОРИИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА PDF Печати
   Согласно  препораките и мерките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија , денес  волонтерите од општина Неготино извршија дезинфекција на сите работни простории во општинската зграда.
За потсетување , во текот на претходните денови беше извршена дезинфекција на сите улици во град Неготино, населените места како и дезинфекција на сите станбени згради во општината.
Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба и да ги следат препораките од Министерството за здравство, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на овој вирус во нашата општина.

Повеќе...
 
Во Неготино се одржа виртуелна „Априлијада – Маскенбал 2020“ PDF Печати
   Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за откажување на сите манифестации и настани од масовен карактер и одржување на социјална дистанца, општина Неготино оваа година го откажа традиционалното одржување на настанот „Априлијада-Маскенбал“ поради присутната состојба со корона вирусот. Сепак, тоа не ги спречи учениците-ентузијасти од ООУ„Гоце Делчев“ да организираат виртуелен маскенбал, па и во време на вонредна состојба на дело да ја покажат сопствената имагинација. Па така, учениците во своите домови ги подготвија своите маски, преку фотографии ги испратија до одделенските раководители и истите беа објавени на фејсбук страницата на училиштето. За најдобрите маски раководниот тим на ООУ„Гоце Делчев“ќе додели пригодни награди.
Повеќе...
 
„Ветеринарна станица“ донираше универзално високоактивно средство за дезинфекција PDF Печати

Општествена одговорност покажа и „Ветеринарна станица“ од Неготино која за полесно справување со корона вирусот на територијата на нашата општина донираше универзално високоактивно средство за дезинфекција „Екоцид“. Општина Неготино упатува јавна благодарност за донацијата и ја информира пошироката јавност дека ова средство за дезинфекција на располагање ќе им биде ставено и на други установи во градот, ќе им биде доделено и на повеќе компании, а воедно ќе се користи и за дезинфекција на колективните станбени објекти за домување.

 

ПЗУ Аптека Неготино - Донација на средства за дезинфецкија, дезинфикациони гелови за раце, заштини маски и ракавици

Дисан Хилс ДООЕЛ Неготино - Донација од 150 заштитни маски

 

 

 
<< Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај >>

Лист 84 од 314