Општина Неготино
„ Бутик Смајли “ Неготино со донација од 30 000 денари PDF Печати
  И фирмата „ Бутик Смајли “ Неготино се вклучи во акцијата и се одзва на повикот на општина Неготино за доделување на помош со цел за справување со ширењето на Корона вирусот во општина Неготино. Имено, оваа компанија донираше 30.000 денари, средства кои општина Неготино ќе ги искористи за набавка на прехранбени производи и средства за лична хигиена кои подоцна ќе бидат распределени онаму каде е најпотребно. Воедно упатуваме огромна благодарност за оваа донација.
 
И во населените места извршена е замена на уличното осветлување со ЛЕД технологија PDF Печати

  По завршувањето на активностите во градот што резултираше со набавка, замена и поставување  на  нови 841 улична светилка со ЛЕД технологија за енергетска заштеда и редукција на ЦО2, со замена на старото и поставување на ново улично осветлување се продолжи и во населените места во општина Неготино. Согласно проектот, извршена е комплетна промена на уличното осветлување и поставени се нови 569 ЛЕД светилки во населените места Криволак, Тимјаник, Пепелиште, Тремник, Д,Дисан, Војшанци и Дуброво со што тамошните жители добија многу поквалитетно улично осветлување и голема заштеда на електрична енергија. Со овој проект на територијата на општина Неготино се изврши вкупна замена на 1.410 улични светилки со нова ЛЕД штедлива технологија.

Повеќе...
 
Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. PDF Печати
   Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. Дел од истите денес беа поделени во населените места Црвени Брегови, Дуброво и Тимјаник.  На загрозени семејства кои живеат во близина на Куриски пат како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино. Општина Неготино се заблагодарува на сите општествено одговорни компании кои несебично помагаат во овие тешки моменти во справувањето со Корона вирусот и воедно Ве информира дека и во следните денови ќе продолжи со активности за помош каде што е најмногу потребно.
Повеќе...
 
Ново повеќе наменско игралиште во ПУ „ Гоце Делчев “ во Тимјаник PDF Печати

   Подрачното основно училиште „ Гоце Делчев “ во Тимјаник добива ново, поголемо, повеќе наменско игралиште во склоп на училишниот двор како и нови пристапни патеки до самото училиште.  Играчиштето ќе биде осветлено со рефлектори за да може да се користи и во вечерните часови. Истото ќе можат да го користат сите жители на ова населено место Тимјаник за дружба и рекреација.

Повеќе...
 
Продолжуваат градежните активности за реконструкција на дел од улица во населеното место Тремник во должина од 1000 метри PDF Печати

   Во периодот што следи ќе се врши монтажа на улични рабници, изведба на пропуст на канал за атмосферски води, нивелирање и набивање на проширениот дел од улицата, по што ќе се пристапи кон асфалтирање на истата.

Повеќе...
 
Седница на Совет на општина Неготино 14.04.2020 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува   триесет и шестата   редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 14.04.2020 година   (вторник) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог – Решение за доделување на финансиска подршка врз основа на направената распределба на средства на спортски клубови /сојузи од Буџетот на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Одлука за начинот и критериумите за примање и распределба на донации поврзани со коронавирусот  COVID 19  
3.    Предлог- Одлука за вклучување на општина Неготно во проектот  ,,Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој ,, со акроним ,,wine-up,,
 
<< Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај >>

Лист 81 од 314