Општина Неготино
Денес се асфалтираше улица со должина од 450 метри во населено место Пепелиште. Со тоа се комплетира целиот проект за изградба на оваа улица PDF Печати
  Во текот на утрешниот ден овде ќе се доврши со сите градежни активности! Наредната недела очекувам започнување со асфалтирање на главната улица во населено место Тремник и првата делница од локалниот пат Криволак - Пепелиште.
Повеќе...
 
Старото улично осветлување го заменуваме со нови енергетско ефикасни ЛЕД светла PDF Печати

    Заменети се 596 улични светилки во населените места :
  Пепелиште
  Криволак
  Војшанци
  Дуброво
  Тремник
  Тимјаник
  Долни Дисан

Претходно 814 вакви светилки беа заменети во градската средина или вкупно 1410 на територија на цела општина Неготино.

Новите ЛЕД улични светилки се со 70% поголема енергетска ефикасност од старото неонско осветлување, што значи 70% заштета на потрошувачката за јавно осветлување

Ваквата инвестиција е дел од проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина“ со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ

#ЧекорПоЧекор

Повеќе...
 
ПОЈАСНУВАЊЕ-Clarification No.1( TD 05-219/5) PDF Печати
23042020QUESTIONS  and ANSWERS TD  05-219-PDF
 
Компанијата „Ким“ со втора донација за справување со корона вирусот PDF Печати

  Продолжува одзивот на компаниите по повикот од општина Неготино за реализирање донации кои се распределуваат и доделуваат онаму каде што се најпотребни. Компанијата „Ким“ од нашиот град деновиве достави уште една, втора по ред, донација која содржи производи од нивната богата палета. Општина Неготино упатува јавна благодарност до оваа компанија за високото ниво на покажана општествена одговорност и информира дека донацијата ќе биде поделена на ранливите категории граѓани на кои во услови на пандемија помошта им е најпотребна.

 
Информација за најновите препораки од страна на Министерството за здравство PDF Печати

  Од денес е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.

Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носење заштитна опрема на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимална дистанца од 2 метри од најблиското лице до вас.

Што значи практично ова?
Доколку се движите низ гужва на улица, чекате јавен превоз со голем број патници на станицата или сте во слична ситуација да морате да бидете во непосредна близина на други лица и не можете да се одалечите на 2 препорачаната дистанца од 2 метри, задолжително носете заштитна опрема.

Заштитна опрема надвор не е задолжително ако:
– престојувате во двор на станбена семејна куќа,
– возите велосипед или спортувате на отворено, но ја одржувате дистанцата од минимум 2 метри,
– патувате во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете
– се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метри.

Заштитната опрема е значајна да го спречиме ширењето на вирусот, со неа се штитите себеси и сите околу вас. Да бидеме одговорни и заедно да го спречиме ширењето, од сите нас зависи!

 
Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето PDF Печати
 Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.

Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.
 
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>

Лист 79 од 314