Општина Неготино
Градскиот пазар Неготино во четврток 30.04.2020 ќе работи PDF Печати

Советот на општина Неготино, по препорака на Општинскиот штаб за заштита и спасување денес донесе одлука за повторно отварање на градскиот пазар.

Во четврток право да изложат свои производи на продажба ќе имаат пазарџиите од неготинската општина.

2 m Пазарџиите и купувачите задолжително да носат заштитни маски и да држат растојание.

Општина Неготино и ОВР Неготино ќе имаат засилени контроли за почитување на препораките за заштита од Корона вирусот.

#ЗаштитиСе

 
Отпочнато е афталтирање на главната улица во населено место Тремник PDF Печати

   Со поставување на асфалтот ќе заврши и последната фаза од реконструкцијата на главната улица во Тремник со должина од 1 километар.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино

Повеќе...
 
Продолжуваат градежните активности за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино во должина од околу 2000м PDF Печати
   Вредноста на договорот изнесува 207.967евра.

Изградбата на овој колектор е во рамките на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ и истиот е финансиран со средства обезбедени од првиот повик од INTERREG програмата за прекугранична соработка на Грција - Република Северна Македонија 2014-2020, во кој
Општина Неготино е проектен корисник 2 , додека
ЈП „Комуналец“ Неготино е проектен корисник 4.

Согласно договорот работите би требало да завршат до крајот на месец јули годинава, но поради ситуација со Коронавирусот и ограничениот режим на работа и движење можни се евентуални потреби за продолжување на роковите утврдени со договорот.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино

Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ !!! PDF Печати
  Заради изведување на градежни активности на улица во село Тремник во должина од 1000 метри , во моментов сообраќајот привремено е затворен. Апелирам локалните жители но и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим и да го користат алтернативниот пат кој се наоѓа на неколку метри од главниот влез.
 
Патот од Криволак до мостот пред Армискиот полигон до 1 мај ќе биде затворен за сообраќај PDF Печати

  Општина Неготино ги информира сите граѓани дека поради изведување на градежни работи, од утре (вторник 28.04) до петок (1 мај) затворен за сообраќај ќе биде локалниот патен правец од селото Криволак до железниот мост пред Армискиот полигон Криволак. Се известуваат моторизираните граѓани кои досега го користеа овој патен правец за движење со возила, од утре до петок движењето да го пренасочат по околните споредни патишта. По завршувањето на градежните активности, ќе се нормализира и движењето по овој патен правец.

 
Во општина Неготино се спроведува акцијата „ Со љубов за Неготино “ PDF Печати

   На иницијатива на градоначалникот Тони Делков и на претседателот на Советот денес ја започнуваме акцијата „ Со љубов за Неготино “. Имено, заедно со дел од општинската администрација, ЈП „ Комуналец “ и волонтери  се организираше чистење на дел од речното корито на улица „ Ацо Аџи Илов “ во Неготино и исчистистена е поголема површина околу истото.
Оваа акција продолжува и понатаму, а ќе се организира секоја недела односно еден ден од викендот. Секоја седмица акцијата ќе се спроведува на различна локација во градот со што ќе придонесе за поубав изглед на нашето Неготино.
Воедно, локалната самоуправа ги повикува сите доброволци кои сакаат да се приклучат во акциите што следуваат, да се пријават во општина Неготино.
Заедно за поубаво и почисто Неготино !!!

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>

Лист 78 од 314