Општина Неготино
Со љубов за Неготино PDF Печати
  Денес ја одржавме втората по ред акција насловена под името „Со љубов за Неготино“

И овој пат како и претходниот заедно со дел од општинската администрација, ЈП „Комуналец“ и волонтери организиравме чистење на зелените површини на исклучокот од автопатот за град Неготино односно околу бензинската станица „Макпетрол“ (старата).

Акцијата продолжува и понатаму, а ќе се организира секоја недела односно еден ден од викендот. Секоја седмица ќе бидеме на различна локација во градот со што ќе придонесеме за поубав изглед на нашето Неготино.

Исто така, Ги повикувам сите доброволци кои сакаат да се приклучат во акциите што следуваат, да се пријават во општина Неготино.

Заедно да го направиме Неготино поубаво место за живеење !!!

#СоЉубовЗаНеготино

Повеќе...
 
Донација од 200 пакети прехрамбени производи за ранливата категорија на граѓани PDF Печати
  Денес општина Неготино прими донација од 200 пакети прехрамбени производи за ранливата категорија на граѓани погодени од кризата настаната од коронавирусот. Донираните пакети волонтерите ќе ги достават до домаќинствата во деновите што следат.

Оваа донација до општина Неготино ја испратија фамилијата Заеви за што јавно им упатувам благодарност за хуманиот гест.

Само заедно сплотени ќе изнајдиме решенија за сите предизвици кои ни претстојат во периодот што следи

Повеќе...
 
Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај PDF Печати

Почитувани сограѓани, почитувани работници !

Од мое лично име како градоначалник но и од името на сите вработени во локалната самоуправа, Ви го честитам Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај . Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата на работничките права и изразувањето на работничката солидарност. Вие работниците, како најважен и нераскинлив дел во стопанските текови на општината ја заслужувате цела почит и внимание за вашиот вложен труд и работа.

1 Мај е денот кој не потсетува дека треба обединети заедно да изградиме општество на еднакви шанси и социјална правда, во која трудот и работата на работникот мора да бидат почитувани и вреднувани. Затоа бидете горди и истрајни во она што го работите.

Нека е честит Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

 
Финишираат градежните активности на првата делница од локалниот пат Криволак - Пепелиште во должина од 6 километри PDF Печати
Во текот на вчерашниот ден и денес интезивно се асфалтира на оваа делница (2км), каде до викендот очекувам да се заврши со градежните активности. Целиот проект, односно асфалтирање на целата траса до Пепелиште очекувам да заврши во месец Мај.
Повеќе...
 
Примивме донација од тетовската компанија „Еколог интернационал“ и семејството Дестани PDF Печати

  Се работи за донација од 15 таблети за деца од основните училишта кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Овие таблети ќе им помогнат дечињата да ги следат онлајн часовите додека трае вонредната сoстојба.

 
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!! PDF Печати
  Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА  ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават  денес (среда) во периодот до 16.00 часот  и утре четврток (30.04.2020)  во периодот од 8.00 до 16.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон  или дирекно во ПЕ на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во општина Неготино.
НЕМА ДА БИДАТ ЕВИДЕНТИРАНИ СИТЕ ОНИЕ КОИ ЌЕ СЕ ЈАВАТ ПОСЛЕ 16.00 ЧАСОТ ,ЗАКЛУЧНО СО ЧЕТВРТОК (30.04.2020)
Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:
071 845 485
070 390 116

НАПОМЕНА:Сите  претходно  евидентирани лица остануват во евиденција и НЕМА ПОТРЕБА  да се јавуваат дополнително за деновите петок(01.05), сабота(02.05.) и недела(03.05)
 Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности  до 19.00 часот во деновите(петок , сабота, недела)
Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ  се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на полициски час се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон
Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.Граѓаните со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).
Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни  лица, не постари од 67 години!!!
 
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>

Лист 77 од 314