Фудбалската федерација на Македонија донираше 550 нови столчиња за потребите на градскиот стадион во општина Неготино. Пред истите да бидат монтирани ќе претходи делумна реконструкција на бетонската подлога на трибината, со што градскиот стадион во Неготино ќе добие сосема поинаков и поубав изглед, а ќе се подобрат и условите за следење на сите фудбалски натпревари. |
Повеќе...
|
|
Трета недела по ред се грижиме за градот под мотото „Со љубов за Неготино“
Оваа недела го средивме просторот под зградите во населбата „Саат Кула“ Се гледаме наредната недела на нова локација |
Повеќе...
|
 Во текот на оваа недела, вработените и волонтерите во општина Неготино ги поделија пакетите (200) со прехрамбени производи - донација од фамилијата Заеви.Дел од овие пакети се поделени на најзагрозените семејства во градот, а останатите во сите населени места на општина Неготино. Беа опфатени семејства, односно корисници кои се евидентирани во ЈУМЦСР Неготино ( Меѓуопштински центар за социјални работи) и лица од социјален ризик. Преку овие, како и сите други превземени мерки како општина Неготино продолжуваме да се справуваме со состојбата предизвикана од Covid19 |
Повеќе...
|
 Отпочнати се градежни активности за комплетна реконструкција и адаптација на старата училишна зграда и партерно уредување на дворот во село Вешје. Планирано е објектот да прерасне во современ едукативен и туристички т.н. АПИ центар за развој на пчеларството. Со ова ќе се збогати туристичката понуда на општина Неготино преку едукативни АПИ и рекреативни активности и ќе се овозможи промоција на локалните производи. Реконструкцијата е во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ( ПЛРК ) – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината. |
Повеќе...
|
Овој пат акцијата ќе се одржи во населбата „Саат Кула“ односно просторот под зградите во оваа населба. Ги поканувам сите кои сакаат доброволно да се приклучат на оваа иницијатива. Да потсетам дека задолжително е носењето на заштита маска! Да го направиме Неготино поубаво место за живеење #СоЉубовЗаНеготино |
Почитувани, Како градоначалник на општина Неготино со особена чест но и задоволство Ви го честитам денешниот ден, 7 Мај - Денот на македонската полиција. На сите припадници на Министерството за внатрешни работи, а воедно и на ОВР Неготино Ви го честитам овој ден но и Ви се заблагодарувам за вашата посветеност и пожртвуваност што ја покажувате со Вашето секојдневно ангажирање несебично изразувајќи ја Вашата пред се човечност во овие кризни моменти. Да се биде дел од полицијата но и безбедносните сили е чест но и одговорност. Професионалноста и заложбата која ја покажувате и во овие моменти всушност претставува пример како полицијата се грижи за безбедноста на сите граѓани. Верувам во Вас и се надевам дека и во иднина ќе продолжите да се борите со бројните предизвици за добробит на граѓаните но и македонското општество. Честит 7 Мај, Денот на македонската полиција !!!
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>
|
Лист 75 од 314 |