Општина Неготино
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година PDF Печати

О П Ш Т И Н А    Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2020 година бр.08-685/7 од 30.12.2019 година („Службен гласник на општина Неготино“  бр.18/2019)  објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година

Повеќе...
 
Честитка по повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј PDF Печати
Почитувани граѓани,

Дозволете ми да Ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските учители и просветители Свети Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Овој ден е голем празник кој е посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своите дела го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност. Денес е денот кога се потсетуваме дека сме горди наследници и дека сме тие кои ја продолжуваме нивната света мисија – ширењето на писменоста.

Делата кои тие ни ги оставија не обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, градејќи општество со еднакви можности и права на сите граѓани.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на сесловенските учители и просветители Светите Кирил и Методиј.
 
Честитка по повод Рамазан Бајрам PDF Печати
Почитувани,
Дозволете ми, од мое лично име на сите граѓани од исламска вероисповед во нашата држава да Ви го честитам денешниот празник Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости.
Празнувањето и одбележувањето на овој голем исламски празник не потсетува дека треба да продолжиме да градиме соживот, разбирање и почитување меѓусебе. Да се потсетиме дека меѓусебната доверба,меѓурелигиското почитување и толеранција се вредности кои секогаш не обединуваат.
Уште еднаш, Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви посакувам овие денови да ги поминете со мир и благостостојба.
Честит Рамазан Бајрам !!!
 
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!! PDF Печати
Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА  ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават  утре(сабота) 23.05.2020година во периодот од 11.00 до 16.00 часот  со доставување на потребни податоци по телефон ,со дирекно јавување или на смс порака.
Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:
078 822 292
078 484 970

НАПОМЕНА:Сите  претходно  евидентирани лица остануват во евиденција и НЕМА ПОТРЕБА  да се јавуваат дополнително за деновите недела (24.05.2020) и понеделник(25.05.2020)
 Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности  од 05.00 наутро  до 20.00 часот навечер во деновите( недела и понеделник)
Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ  се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на полициски час се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон
Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.
Граѓаните  при движењето со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).
Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни  лица, не постари од 67 години!!!
 
Cancelation LOT 1 Wambrella PDF Печати
Cancelation LOT 1
 
Реконструкција на втората делница на патен правец Криволак – Пепелиште PDF Печати

   Интензивно се работи на реконструкција на втората делница во должина од  4 км на патен правец Криволак – Пепелиште, односно од мостот кај Армискиот полигон „ Криволак “ до спојот со регионалниот пат Неготино – Штип во непосредна близина на населеното место Пепелиште.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>

Лист 73 од 314