Општина Неготино
Апел до граѓаните на општина Неготино да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19 PDF Печати
Почитувани, 

Согледувајќи ги податоците презентитани од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, бројот на заболени во нашата држава се уште е релативно висок. 

Имено, мерките дадени од страна на надлежните институции , периодов е забележано  дека доволно не се почитуваат од страна на нашите сограѓани и воедно упатувам апел до сите граѓани, институции во општина Неготино максимално да ги почитуваме и да се придржуваме до препораките од Министерството за здравство со цел намалување на ризикот од ширење на Корона вирусот. 

Покрај мерките за задолжително носење на маска на места каде не може да се држи растојание, редовно миење или дезинфицирање на рацете, апелирам , граѓаните без поголема потреба да не се собират и групираат во поголем број.

Затоа, потребно е да покажеме највисоко ниво на самосвест и заедничка одговорност, дека знаеме, можеме и умееме да се справиме со овој предизвик.

Почитувајте ги мерките на Владата, бидејќи само така ќе успееме да го заштитиме колективното здравје. 

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи !
 
До недела (19.07.2020) ќе нема вода за полевање на дворните површини PDF Печати
   Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните на општина Неготино дека поради потребата од итно и неодложно интервентно чистење на каналската мрежа од алги од страна на ВРО Тиквешко поле, во деновите од петок (17.07.2020) до недела (19.07.2020) во прекин ќе биде снабдувањето со вода за полевање на дворните површини. Редовното снабдување продолжува веќе од понеделник 20.07.2020 година.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат граѓаните кои гласаат во зградата на Општина Неготино (Собрание) – Избирачки места 1217 и 1218 дека се врши промена на просториите за гласање, и тоа:

ИЗБИРАЧКО МЕСТО 1217 – наместо во ходникот пред Големата сала на Советот, гласањето ќе се спроведе во просторијата на Управата за јавни приходи

ИЗБИРАЧКО МЕСТО 1218 – наместо во просторијата на Управата за јавни приходи, гласањето ќе се спроведе во ходникот пред Големата сала на Советот

Замената на просториите се врши поради прилагодување на условите за гласање, а врз основа на бројот на гласачите во соодветните избирачки места кои се запишани во Избирачкиот список.



                                                    ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
                                                          Канцеларија Неготино

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат граѓаните на Општина Неготино дека Државната изборна комисија изврши промена на опис на три избирачки места во оваа општина и тоа:

ИЗБИРАЧКО МЕСТО 1213 – наместо во ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА, гласањето ќе се спроведе во СПОРТСКАТА САЛА НА ОУ „СТРАШО ПИНЏУР “ во Неготино

ИЗБИРАЧКО МЕСТО 1224 – наместо во ДОМОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ, гласањето ќе се спроведе во ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „ АЦО ЃОРЧЕВ “ (ГАЛЕРИЈАТА НА КИНОТО) во Неготино

ИЗБИРАЧКО МЕСТО 1229 – наместо во Основното училиште во село ВЕШЈЕ, гласањето ќе се спроведе во ДЕЛ ОД ИНДИВИДУАЛЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ (КУЌА) НА ДОБРИЦА ТОДОРЧЕВСКА (кој се наоѓа веднаш наспроти објектот на училиштето)



                                                                            ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
                                                                                Канцеларија Неготино



 
Старата училишна зграда во село Вешје прераснува во едукативен и туристички Апи центар за развој на пчеларството PDF Печати

   Во тек е реконструкција и адаптација на старото училиште во село Вешје чиј изведувач е фирмата Евро Инжинеринг ДООЕЛ Велес и изградба на пристапни патеки до поставена урбана опрема во пчелниот парк во село Вешје чиј изведувач е фирмата Градба Промет ДОО Кавадарци.
Со ова се очекува објектот да прерасне во современ – едукативен и туристички Апи центар за развој на пчеларството, со што преку едукативни активности ќе се овозможи промоција на локалните производи во Неготино.
Надзор на проектот е фирмата Геинг Кребс Унд Кифер Интернешнл и други ДОО Скопје, а градежните активности се во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ПЛРК – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.

Повеќе...
 
Во тек е реконструкција на уличната водоводна линија на дел од улица “Душан Преграц” во должина од 8️0️ метри PDF Печати

  Со реконструкцијата предвидено е да се замени постоечката водоводна линија со нова со поголем пречник, со што граѓаните кои живеат на оваа улица ќе ја добијат потребната количина на вода до своите домови.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино
#Можеме

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Лист 68 од 314