Општина Неготино
Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ PDF Печати
Почитувани,
11 Октомври е ден на македонската историја, ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност и симбол на македонската борба за слобода. Празник на кој им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото народноослободително востание.
Нека овој ден ни дава мотив да чекориме напред, да веруваме во себе и да го зачуваме она за кое се бореле нашите предци.
Честит и вековит нека е денешниот ден – 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.

 
Информативни денови во општина Неготино во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина “ PDF Печати
   Во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина ( Wa mbrella ),  денес во општина Неготино се одржа првиот од двата предвидени информативни денови на тема „ Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на водоснабдувањето “.
Свои излагања имаа одговорните лица на проектот, Дени Трајков проектен менаџер од Општина Неготино кој даде пресек на проектните активности кои се спроведени во рамки на проектот, а експертот за биодиверзитет и води Ѓоко Зороски  даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата.
На вториот инфо ден ќе биде даден  преглед на расположливите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино.
Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,, IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП „ Комуналец “, Неготино.
Повеќе...
 
Трет информативен ден во општина Неготино во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ PDF Печати
   Денес во општина Неготино се одржа третиот по ред информативен ден на тема „ Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во општина Неготино и прекугранична област “ во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ- Општина Неготино.
Во рамки на спроведувањето на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животната средина “ планирано е одржување на 5 информативни денови на кои се очекува да се даде одговор на прашањето: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика на нивните теории, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност !
Досега реализирани активности од овој проект е замената на 1410 стари улични светилки со нови лед во градот и населените места, дислоцирани се 42 мерачи и автоматски стандардизирани ормари надвор од субстаница на ЕВН. За подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда, заменети се постоечките прозорци и врати во канцелариите на локалната самоуправа, поставени се енергетско ефикасни светилки, старите радијатори заменети со енергетски радијатори, а поставена е и внатрешна термоизолација.
Инаку, проектот се реализира во партенерска соработка на Општина Неготино, СОУ „ Св. Кирил и Методиј “, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Општина Пела – Република Грција .
Повеќе...
 
Во неготинскиот Музеј одржани Европските денови на културно наследство PDF Печати
   Во периодот од 01 до 07 октомври се одржаа Европските денови на културно наследство 2020, European days of cultural heritage 2020, кои секоја година се одржуваат во месец септември. но оваа година заради пандемијата со КОВИД-19 се одржаа во месец октомври. Целите на европските денови на културното наследство се:- информирање на јавноста за потребата од заштита на културното наследство за подигнување на свеста на европските граѓани за богатсвото и културната разновидност на Европа, создавање клима погодна за почитување на богатиот мозаик на европските култури, спротивставување на расизмот и ксенофобијата и поттикнување поголема толеранција во Европа и пошироко.
Општинската установа Музеј на град Неготино секоја година учествува во одбележувањето на европските денови на културно наследство, па така и оваа година учествува со отварање на меѓународна ликовна изложба на ликовната уметница од Сараево, БиХ, Александра Кокотовиќ. Кокотовиќ пред неготинската публика се претставува со графички цртежи и маслени слики на платно претставени и изложени во Лапидариумот во музејот на отворено. Александра Кокотовиќ е современа уметница која својот талент го изразува преку сликарството, скулптура, цртежи и графика. Родена во Сараево, живее во Белгра, Дубаи, САД и живото на три континенти ја проширува нејзината перцепција и влијае на нејзиниот пристап кон уметноста. Член е на здружението на ликовни уметници на Србија и Босна и Херцеговина.
Повеќе...
 
Објавен оглас за поднесување кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Печати
   Од денеска 05-ти октомври (понеделник) започна да тече и до 20-ти октомври (вторник) оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември.
Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Наградата и признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози е вторник 20-ти октомври, а предлозите во писмена форма се доставуваат до архивата на локалната самоуправа. Процедурата налага пристигнатите предлози најпрво да ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на нашиот град.
 


 
Апел до граѓаните за подобрување на ефектот од уличните светилки PDF Печати
   Општина Неготино, реализирајќи ја Програмата за енергетска ефикасност за 2020-та година презема активности со единствена цел да го подобри ефектот на светилките за уличното осветлување. Затоа, се известуваат граѓаните дека ако, на или до нивниот имот, постои светилка за улично осветлување, или минува дистрибутивната мрежа, која е премногу близу до крошна на дрво во нивниот имот, а при поголеми ветришта создава контакт помеѓу водовите и автоматиката во мерно регулационите ормари заради заштита, автоматски го исклучува доводот на електрична енергија, со што се исклучуваат светилките за улично осветлување и го намалува ефектот од функционирањето на светилката. Токму затоа, се замолуваат граѓаните да преземат мерки за подобрување на ефектот на светилката и воопшто  уличното осветлување преку ослободување на полето на осветлување на најмалку 3 метри од светилката со кастрење на крошната на дрвото/дрвјата што  се до светилката  за улично осветлување, и да ги одвоите гранките на дрвата од водовите.
Во спротивно, ќе сметаме дека на тој електричен столб нема потреба од светилка и светилката ќе биде демонтирана и поставена на соодветен столб.  

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Лист 61 од 314