Општина Неготино
Апел за одговорно празнување на новогодишните и божикните празници PDF Печати

   Во пресрет на одбележувањето на новогодишните и божикните празници градоначалникот на општина Неготино Тони Делков апелира оваа година да празнуваме одговорно, во кругот на семејството и најблиските, без масовни групирања, со единствена цел да го заштитиме сопственото и здравјето на нашите најмили, бидејќи секој од нас е одговорен со постапките да не придонесеме за ширење на епидемијата. Токму затоа, потенцира градоначалникот Делков, сите заедно треба да бидеме одговорни и да празнуваме со строго почитување на мерките и препораките од здравствените власти и на тој начин да дадеме заеднички придонес во справувањето со Ковид кризата. Во периодот пред нас до 20-ти јануари следуваат голем број на празници и се апелира истите да се одбележат со почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на корона вирусот.

ДА СЛАВИМЕ ОДГОВОРНО-ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ !

 
Се одржа јавна расправа по одлуката за долгорочно задолжување од Светска банка PDF Печати

   Општина Неготино на 29.12.2020 година ја организираше Јавната расправа за донесување на Одлука за долгорочно задолжување во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (втор МСИП) предвидени со компонентата А – општински инвестиции кои се доделуваат на општините како заеми наменети за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги. Со проектот предвидена е реконструкција на улиците Вељко Влаховиќ, Енгелсова, Пиринска, Првомајска, Тиквешка, Вардарска, Ѓоко Мишев, Вано Ташев и дел од ул. Марксова со проценета инвестициска вредност од 19.893.030 денари. Целта на јавната расправа беше информирање на јавноста за приоритетноста на проектпт и начинот на негово финансирање. На расправата која се одржа во Центарот за култура во Неготино присуствуваа заинтересирани граѓани, претставници на субјекти и на јавни претпријатија, а проектот кој е финансисран со заем од Светска банка беше образложен од страна на претставник од општина Неготино.

 
Усвоен е Буџетот на општина Неготино за 2021 година PDF Печати

  Советниците во Советот на општина Неготино на последната седница го изгласаа најважниот финансиски документ-Буџетот на општина Неготино за наредната 2021 година. Буџетот за наредната година е проектиран на 391.299.986 денари и истиот е реален и развоен. Во насока на овозможување услови за конструктивно работење, советниците ги изгласаа и Програмите за работа и активности на Одделенијата на локалната самоуправа кои треба да се реализираат во текот на 2021 година.

Повеќе...
 
До април спортската сала Младост целосно ќе биде ставена во функција PDF Печати

   Со средства во висина од 6.000.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино комплетно ќе се реконструира внатрешноста на спортската сала Младост во нашиот град и се очекува до април, наредната година, салата целосно да биде ставена во функција на користење од спортистите, спортските клубови и рекреативците. За таа цел, денеска градоначалникот на општина Неготино Тони Делков со претставникот на фирмата-изведувач на работите „Нетинвест груп“ го потпишаа договорот за реализација на овој проект со кој ќе се изврши замена на тоалетите, столаријата и се останато во внатрешноста на спортската сала Младост со што истата ќе добие сосема нов лик и како во старите добри времиња ќе им биде ставена на располагање на сите заинтересирани.

 
Честит празник Свети Никола PDF Печати
   Денеска бројни семејства го празнуваат големиот христијански празник Свети Никола, кој е и почетокот на сите големи православни верски празници кои континуирано следуваат во христијанската вера. Од мое име како градоначалник и од име на општина Неготино на сите верници им го честитам празникот Св. Никола со желби за добро здравје и успех на личен и професионален план!
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
  За организирање на  Јавна расправа по Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  
Се повикуваат сите заинтерeсирани граѓани и други заинтересирани субјекти, како и претставниците на јавните претпријатија, во Општина Неготино да се вклучат во јавна расправа со свои ставови и мислења за Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект  за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  за реконструкција на ул„Вељко Влаховиќ“, ул. „Енгелсова“ ул. „Пиринска“ ул. „Првомајска“ ул. „Тиквешка“ ул. „Вардарска“ ул. „Ѓоко Мишев“ ул. „Вано Ташев“ и дел од ул. „Марксова“   Усната јавна расправа ќе се одржи на ден 29 декември 2020 година со почеток во 10.00 часот во Дом на култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино.  
Поради протоколите за заштита од КОВИД 19, се задолжуваат сите присутни лица задолжително да носат заштитна маска, да оддржуваат социјална дистанца од 2 метри и да вршат честа дезинфекција на раце, за време на оддржување на јавната расправа.  
Капацитетот на посетителите е ограничен согласно просторните услови, како и протоколите и мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19. 
 
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>

Лист 55 од 314