Општина Неготино
До 28 февруари ќе се врши аеро-фото снимање на армискиот полигон Криволак PDF Печати

   Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население дека во периодот до 28 февруари 2021 година ќе се реализира активност за аеро-фото снимање од воздух на армискиот полигон Криволак. Токму затоа, се  соопштува на населението од општините кои гравитираат околу армискиот полигон во повеќе реони во наведениот период, дека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во овие реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства,  истите да се одбележат и да се известат надлежните армиски и полициски органи. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат активностите ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи, како и обезбедени со физичко присуство.

 
Општина Неготино издава под закуп урбана опрема по пат на електронско наддавање PDF Печати

  Предмет на електронското јавно наддавање, согласно одлуката на Советот на општината, е издавање под закуп на урбана опрема-3 куќички за продажба на вино, мед, сувенири и друго со површина од 4м2 лоцирани на градскиот плоштад и киоск во склоп на автобуската постојка на ул„Маршал Тито“ спроти општинската зграда со површина од 4,5 м2. Право на учество во јавното наддавање имаат сите правни и физички лица од РСМ, а објавата трае 15 денови заклучно со 16.02.2021 година. Јавното наддавање ќе се одржи на 19.02.2021 година со почеток од 12,00 часот електронски на следната интернет страница www.e-stvari.mk. Врз основа на проценетата вредност на урбаната опрема, висината на почетната месечна закупнина за секоја од поединечната урбана опрема изнесува 530 денари, а договорот за закуп со најповолниот понудувач ќе биде со времетраење од 5 години.

 
Донирани 28 таблети за двете основни училишта во општина Неготино PDF Печати
   Дваесет и осум таблети компанијата „ Макпетрол “ АД Скопје донираше за двете основни училишта во општина Неготино кои во текот на вчерашниот ден беа доделени на ученици од социјално ранливата категорија на граѓани.  Локалната самоуправа упатува огромна благодарност до компанијата „ Макпетрол “ АД Скопје  за донацијата и очекува, а воедно се надевам дека истите ќе им овозможат полесно учење од далечина на учениците кои досега немаа можност да се вклучат во овој вид на настава и непречено ќе ја следат истата.
 
 
Повеќе...
 
Музеј на град Неготино доби нови клима уреди во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година PDF Печати
 Во рамки на Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – опрема, Музејот на град Неготино од страна на Владата на РСМ доби два нови клима уреди со номинален капацитет за ладење од 16,12 kw и номинален капацитет за греење од 18,17 kw.
Овие уреди се препорачуваат како решение за климатизација на големи деловни и станбени простории, притоа овозможувајќи многу погодно ладење и греење и заштита на животната средина според стандардите на ЕУ.
Со инсталирањето на климите, покрај заштеда на електрична енергија и заштита на животната средина, ќе се создадат услови за непречен престој и одвивање на активности и настани во просториите на Музејот.
Климите се со капацитет за затоплување на простор од 200 метри квадратни и истите се планира да се инсталираат во неготинскиот Музеј каде се сместени археолошката и историската постојана поставка на вториот спрат на објектот, со што ќе се создадат неопходните услови за непречено одвивање на активностите во секое време од годината.

 
ООУ„Страшо Пинџур“ отвори сензорна соба за поддршка на учениците со попреченост PDF Печати

  Според Законот за основно образование, во училиште каде што има посебни паралелки, се формира центар за поддршка на учењето на учениците со попреченост. За таа цел, во ООУ„Страшо Пинџур“ во тек е отворање и опремување на сензорна соба која ќе се намени за соодветна поддршка на учениците со попреченост и која ќе биде опремена со материјали, средства и помагала од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Исто така, покрај сензорната соба, учениците со попреченост добиваат и адаптирани санитарни јазли прилагодени на нивните потреби. Сензорната соба е лоцирана во приземниот дел на училиштето во Неготино со цел за полесен пристап за сите ученици со попреченост до истата. Директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев потенцира дека со отворањето на сензорната соба и професионалноста што наставниците ја поседуваат за работа со оваа катергорија ученици, ќе дојде до значително подобрување на нивната инклузивност во реализацијата на редовниот образовен процес.

Повеќе...
 
Активности за поставување улично осветлување на делови од 2 улици во Неготино PDF Печати

   Согласно  Програмата за Енергетска ефикасност на општина Неготино за тековнава година, следуваат активности за поставување на улично осветлување со лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови на потегот од ул„Киро Крстев“ до ул„Ацо Аџи Илов“ и ул„Калдрма’. Со проектот предвидена е изведба на нисконапонски водови во должина од 380 метри со поставување на 11 лед штедливи светилки. Рокот за изведување на работите е 30 денови, а по завршувањето на истите, после долги години жителите кои живеат на овој потег од градот ќе добијат квалитетно и современо улично осветлување.

 
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>

Лист 52 од 314