Општина Неготино
ЕНПОЛ-ЕЕ - пример за успешно реализиран проект во општина Неготино PDF Печати
   Со засадување на 200 садници на 2 локации во градот денеска беше означено успешното завршување на проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка Р. Грција-Р. Северна Македонија. На настанот претставници на општината и на Инвест дооел ги запознаа присутните со реализираните активности и резултатите од проектот Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативно фактор за политика на животната средина. Проектот со акроним Енпол-Ее беше реализиран во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ Св. Кирил и Методиј, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на општина Пела. Секој учесник на настанот од организаторите доби по една садница како подарок од проектот.
Повеќе...
 
Во среда (31.03) ќе се одржи завршен финален настан од проектот „ENPOL-EE“ PDF Печати

  Во среда на 31 овој месец на две локации во општина Неготино, а во рамките на проектот „ENPOL-EE“ од програмата за прекугранична соработка Р.Грција-Р.Северна Македонија, се организира завршен финален настан со кој ќе биде одбележано успешното завршување на проектот. Настанот е од отворен карактер и од 12 часот првата активност ќе се одржи во паркот на УЕ3 урбан блок 12 со обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претстаник на Инвест доел, по што ќе следи презентација на реализираните активности и резултати од проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политиката за животна средина“. Со втората и третата сесија од настанот се предвидува уредување на паркот на УЕЗ Урбан блок 12 со засадување на 100 садници, а исто толку садници ќе бидат засадени и на детското игралиште на ул„Марксова“-УЕ4 Урбан блок 14. Сите заинтересирани, се рабира со строго почитување на здравствените протоколи, можат да присуствуваат и да се запознаат со резултатите од проектот кој се реализираше во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела-Грција.

АГЕНДА 

 
Со нови 350 садници се уредуваат и пополнуваат јавни површини во Неготино PDF Печати
   Согласно годишната програма за комунални дејности на општина Неготино во овој период се врши уредување и пополнување на неколку постоечки јавни површини во градот со засадување на околу 350 нови садници.  Како што информираат стручните служби, нови садници се садат на просторот кај Спомен-костурницата, во населбата Саат-кула, пред зградата на општина Неготино веднаш до жардинериите и паркот лоциран на Тимјанички пат. Станува збор за засадување на 350 садници од кои 150 се декоративни зимзелени дрвја и листопадни ( јасен, јавор, липа, див костен, бреза и други) и околу 200 нискостеблести зизмзелени садници. Набавката на садниците ја изврши општина Неготино со сопствени средства во висина од 300.000 денари, а подготовката на теренот и садењето на садниците го вршат работници на ЈП„Комуналец“.  
 
Повеќе...
 
Се врши санација на оштетувањата на дел од градскиот плоштад PDF Печати

   Во моментов на дел од градскиот плоштад во нашиот град се изведуваат активности за санација на оштетувањата на коцките и транвентин плочките. Имено, предходно работници на ЈП„Комуналец“ извршија обжилување на дел од дрвјата на плоштадот со што се елиминира можноста и се спречува оштетувањето на коцките. По завршените подготвителни работи, работници на „Павер трејд“ ќе извршат замена на коцките околу дрвјата и 2-те чешми на плоштадот, како и промена на оштетените травентин плочки на делови од градскиот плоштад.

Повеќе...
 
Ставени во функција уште 11 лед штедливи светилки во Неготино PDF Печати

    Во рамките на спроведувањето на Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино, деновиве во функција се ставени уште 11 лед  штедливи светилки на локација во градот каде што со децении немаше улично јавно осветлување. Истите се поставени на 8 метарски метални столбови на дел од ул „Коста  Волканоски“  и дел од ул„ Владо Арсов  Шпанац“ на потегот  од ул. „Киро Крстев“ до населбата „Саат-кула“ .   11-те лед штедливи светилки на задоволство   на жителите кои живеат во овој дел од градот ќе функционираат согласно поставената автоматика на останатото улично осветлување во општината.  Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

 

Повеќе...
 
Се асфалтира улица во Криволак во должина од 250 метри PDF Печати
   Со средства во висина од 2.700.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино во тек се активности за асфалтирање на улица во Криволак во должина од 250 метри. Станува збор за улица која го поврзува центарот на селото со подрачното училиште во кое настава следат 107 ученици, а градинка посетуваат околу 30 дечиња. Изведувач на работите е Градба промет, а надзорот и е доверен на фирмата МГ Проект дооел Скопје. Со комплетното уредување на улицата ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот во село Криволак.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 47 од 314