Општина Неготино
Честитка по повод Светиот месец Рамазан PDF Печати
Започна месецот на рамазанските пости. По тој повод на сите припадници од муслиманска вероисповед им го честитам започнувањето на Светиот месец и рамазанските пости. Ви посакувам пријатни и со позитивна мисла исполнети празнични денови, а деновите на постот нека бидат денови на заедништво и толеранција.
 
На ул,, Манчо Малиминов'' се поставуваат приклучоци за вода до станбени објекти PDF Печати

   Во наредните неколку денови додека ќе траат градежните активности, улицата Манчо Малиминов ќе биде затворена за сообраќај во должина од 100 метри на потегот од спојот со улица Маршал Тито до спојот со улицата Индустриска. Имено. во овој период се изведуваат активности за реконструкција на атмосверската линија и се поставуваат приклучоци за вода до индивидуални станбени објекти. По завршувањето на градежните работи, на улицата Манчо Малиминов ќе продолжи нормално одвивање на сообраќајот.

Повеќе...
 
Привршуваат градежните активности од изградбата на новата детска градинка во Неготино PDF Печати

На мое огромно задоволство, а верувам и на сите граѓани на општина Неготино дека изведбата на овој нов модерен објект по сите стандарди и критериуми е во завршна фаза. Останува опремување на внатрешното уредување (ентериерот), комплетирање на партерното уредување и парковска површина во непосредна близина на градинката. Новата градинка има 9 занимални, односно капацитет за згрижување на 160 дечиња.

Повеќе...
 
Честит 8-ми Април – Меѓународен ден на Ромите PDF Печати

   Од мое лично име и од име на општина Неготино ми претставува задоволство да ја упатам мојата честитка по повод 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите кој ги претставува почетоците на ромското движење од 1971 година кога на Првиот светски конгрес е потврдено дека Ромите имаат свое знаме, химна, јазик и култура. На припадниците на ромската заедница од општина Неготино им упатувам искрени честитки по повод денешниот празник со уверување дека како локална самоуправа ќе продолжиме со реализирање на зацртаните определби за зајакнување на социјалната и економската вклученост на Ромите во сите општествени текови, како и недискриминација и заштита на човековите права на Ромите. Ова од причина што заедничката битка за унапредување на правата на Ромите е од заеднички интерес.

 
Градоначалникот Делков на средба со претставници на Независниот синдикат на пожарникарите PDF Печати

   Денеска, на нивно барање, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков  оствари работна средба со претставниците на Независниот синдикат на пожарникарите на Република Северна Македонија. На истата приротетно прашање за кое разговараа градоначалникот Делков и синдикалните претставници  беше усогласувањето на финансиските примања на пожарникарите согласно последните законски измени. Покрај тоа, претставниците на синдикатот  од страна на градоначалникот Делков беа запознати со функционирањето на Територијалната противпожарна единица-Неготино, одличната координација и соработка со локалната самоуправа, како и за напорите што општина Неготинио ги прави за подобрување на условите за работа на неготинските пожарникари.

 
Започна изградбата на патот Г. Дисан-Вешје во должина од 787 метри PDF Печати

    Работници на градежното претпријатие Градба промет започнаа со изведување на градежните работи за изградба на патниот правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри и ширина на коловозот од 5,5 метри. Вредноста на проектот изнесува 22.421.888 денари, а се очекува работите на патот да завршат во рок од 60 до 90 денови. Надзорот на работата го врши фирмата МГ ПРОЕКТ дооел согласно годишниот договор за вршење надзор при изведба на инвестициони објекти и други градежни активности.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 46 од 314