Општина Неготино
Увид на бројни проекти реализирани во Централното училиште „ Гоце Делчев “ во Неготино PDF Печати
 Градоначалникот Тони Делков денес заедно со амбасадорката Рејчел Галовеј, министерката за образование и наука Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, директорот на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „ Чекор по чекор “ Сузана Киранџиска и директорот на училиштето Петар Мантев  го посетија ООУ „ Гоце Делчев “ и направија увид на бројните проекти кои се реализирани во ова училиште.
ООУ „ Гоце Делчев “ во рамки на Проектот „ Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран “ аплицираше за изградба на игралиште за ученици со попреченост кои следат настава во ова училиште, каде општината беше вклучена со покривање на дел од трошоците за градежни активности во наменското игралиште.
Имено станува збор за проект чија цел е подобрување на можностите за образование на децата со попреченост и придонесува кон развитокот на инклузивен систем на основно образование. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за следење на наставата како и ќе се овозможи подобрена пристапност до и во училиштето.
Беше презентирана и новата спортска подлога поставена на теренот за кошарка, како и бројните проекти спроведени во училиштето.
 
 
Повеќе...
 
Амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ Рејчел Галовеј во посета на Општина Неготино PDF Печати

Денес во работна посета на општина  Неготино беше  амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ нејзината екселенција Рејчел Галовеј. Најпрво градоначалникот Тони Делков ја запозна амбасадорката Галовеј со работата на општината, со реализацијата на бројните проекти кои се спроведуваат во повеќе области на општественото живеење.
Средбата беше искористена да се посетат и да претстават неколку значајни места во општина Неготино. Заеднички градоначалникот Делков го посетија „ Музејот на олд тајмери “ на Дионис Пашлаков каде од страна на неговата фамилија беше раскажана приказната за Дионис и неговите стари автомобили како и документарниот филм кој беше снимен за неговата пасија.

Повеќе...
 
Хортикултурно разубавување на централното градско подрачје PDF Печати

 Засадени се повеќе од 3600 цветни задници на неколку локации во градот

Повеќе...
 
Се санира коловозот на четири краци од улица „ Маршал Тито “ PDF Печати

Во тек се градежни активности за санација на коловозот на четири краци од улица „ Маршал Тито “ во град Неготино.  Со санацијата предвидено е да се заменат оштетените делови со нов асфалтен слој, крпење на ударни дупки и нивелирање на оштетените и пропаднати шахти. За фирма - изведувач избрана е ОСД ДООЕЛ - Скопје, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје.

Повеќе...
 
Започнаа активности за реконструкција и асвалтирање на ул„Антигона“ и „Едвард Кардељ“ PDF Печати

   Станува збор за изведување на градежни активности со кои ќе бидат реконструирани и асвалтирани 4 краци на ул„Антигона“ во вкупна должина од 1.155 метри и 430 метри од улицата „Едвард Кардељ“ со комплетна реконструкција на коловозот и тротоарите од двете страни на овие улици. Заради непречено одвивање на работите на терен, се замолуваат граѓаните кои живеат на споменатите улици да ги тргнат сопствените паркирани  возила и за цело време на изведувањето на активностите за паркирање да ги користат околните улици и паркинг-места, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и по можност да им излегуваат во пресрет на изведувачите на работите. Изведувач на работите е фирмата Еуроинг ДОО-Гевгелија, а надзорот го врши ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР ИНТЕРНЕШНЕЛ-Скопје.

Повеќе...
 
Честит Ден на сесловенските просветите Св.Кирил и Методиј PDF Печати

Почитувани !

Во име на општина Неготино и во свое лично име Ви упатувам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на посебноста на нашиот народ и неговата традиција и култура. На сите просветни работници, ученици и граѓани на неготинска општина Ви го честитам 24-ти мај-Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Темелите на писменоста на словенските народи се поставени од страна на учителите, браќата Кирил и Методиј, кои со нивното дело дадоа огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални посебности.

Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители и нека е вечно нивното име !

 

 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 42 од 314