Општина Неготино
Дислокација на времени објекти PDF Печати

Поради потребата на ЈП „ ПАРКИНЗИ “  Неготино, за непречено функционирање на дејностите кои ги содржи ова претпријатие, неопходно е да се изврши дислокација на ваквите времени објекти (трафики) на повеќе локации во градот.  Течат и последните подготовки за конечно ставање во функција на зонското паркирање во општина Неготино !

Повеќе...
 
Одржана средба помеѓу претставници на општина Неготино и Здружение на граѓани „ ЕКОВИТА “ Неготино PDF Печати
   На заедничка иницијатива заедно со претседателот на Советот на општина Неготино, вчера , градоначалникот Тони Делков одржаа состанок со претставници на Здружението на граѓани „ Ековита “ Неготино.
На состанокот се разговараше околу најавената инвестиција за изградба на фабрика за производство на енергија, со согорување на комунален отпад на кој се донесоа следните заеднички заклучоци:
-    Постои недоволна информираност околу самата инвестиција;
-     Општина Неготино и Здружението на граѓани „ ЕКОВИТА “ имаат заеднички став дека се ЗА економски развој на општината, но со влез на нови незагадувачки технологии, развој на индустријата во градот, меѓутоа на еднакво рамниште се поставува и приоритетот ЗА максимално зачувување на животната средина и почитување на Конвенциите и Директивите прифатени во Република Северна Македонија и Европската Унија;
-    Потребно е да се оствари средба помеѓу сите заинтересирани и вклучени страни во реализацијата на инвестицијата;
На иницијатива на општина Неготино ќе се одржи нова средба на која ќе бидат присутни : претставници на предлагачот на Законот за стратешки инвестиции / Влада на РСМ, претставници од МЖСПП, потенцијалниот инвеститор , градоначалникот на општина Неготино , членовите на Совет на општина Неготино, пратениците од општина Неготино во Собранието на Република Северна Македонија , претставници од граѓанскиот сектор и ЗГ „ ЕКОВИТА “ од Неготино.
Од страна на ЗГ „ ЕКОВИТА  “ беше нагласено дека Законот за стратешки инвестиции е со недостаток (фаличен ) , бидејќи не ја почитува Архувската конвенција, односно не ги информира и вклучува граѓаните во донесувањето на одлуки од локалната заедница.
Се презентираа резултатите од спроведената анкета каде граѓаните повторно кажаа НЕ за загадувачки индустрии и депонија во Неготино и тоа мора да се почитува. На предложената средба ќе се разговара дали ни е потребно да се реализира оваа инвестиција и согледување на сите можни позитивни и негативни ефекти врз лозарството кои би произлегле од неа.
Општина Неготино во овој процес има заеднички партнерски однос со ЗГ „ ЕКОВИТА “ од Неготино, и се обврзува дека ќе ги почитува заклучоците се со цел зачувување и подобрување на животната средина во нашата општина.

 
 
Изградба на потпорен ѕид на улица “Ило Виларов” во должина од 28 метри и висина од 4,5 метри PDF Печати

Оваа изградба претставува решение на долгогодишен проблем на станарите кои живеат на тамошните адреси!  Изведувач е фирмата МАКАУС - Скопје, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје.

Повеќе...
 
Одбележување на паркинг места PDF Печати

Наскоро започнува со работа ЈП ПАРКИНЗИ - Неготино, а со тоа и зонското паркирање во општината!  

Повеќе...
 
Се поставува хоризонтална сигнализација и се одбележуваат паркинг-местата PDF Печати
  Општина Неготино започна со активност за поставување на хоризонтална сигнализација и одбележување на паркинг-местата во најфреквентните делови од градот. Хоризонтална сигнализација се поставува на улиците Маршал Тито, Партизанска и Ленинова, во централното градско подрачје, пред училиштата и градинките и на други локации. Исто така, се врши и одбележување на паркинг-местата. Се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна согнализација, да возат внимателно, а се препорачува и да се тргнат паркираните возила на улиците и локациите каде што се изведуваат активности.
 
Санација на главната улица во Војшанци со должина од 30️0️ метри. PDF Печати

Санација на главната улица во Војшанци со должина од 30️0️ метри.  

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 41 од 314