Општина Неготино
Уредување на паркот во Тремник PDF Печати

Денес со директорот на Бирото за регионален развој потпишав договор за реализација на проектот " Набавка и поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, автобуска постојка и изведба на патеки во паркова површина во с.Тремник, Неготино".
Следува распишување на јавна набавка за реализација на проектот.

 
Министерот Бочварски во Неготино PDF Печати

Денес на  работна средба во општина Неготино беше министерот за транспорт и врски г. Благој Бочварски.  Заедно извршивме увид во градежните работи кои се во финална фаза, за изградба на првата социјална зграда во нашата општина.  Исто така извршивме увид во градежнкте работи кои се однесуваат за реконструкција на улиците "Антигона", "Едвард Кардељ" и дел од улица "Димче Мирчев".  Продолжуваме да ја подобруваме инфраструктурата во нашата општина.

Повеќе...
 
Во тек се градежни активности за санација и дислокација на водоводна линија на дел од улица „ Маршал Тито “ во Неготино PDF Печати

Со ова решаваме долгогодишен проблем со кој се соочуваа граѓаните кои живеат на оваа улица, бидејќи постоечката водоводна линија поминуваше низ нивните дворови. Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет “ ДОО Кавадарци, а надзор на работите е фирмата „ МГ ПРОЕКТ “ ДООЕЛ  Скопје.

Повеќе...
 
До 30 јуни 2021г. ќе се реализираат гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Печати
   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30 јуни, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Министерката Шахпаска во посета на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ PDF Печати

Денес заедно со директорката на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Јана Коцева и Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов остваривме работна средба со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. На средбата разговаравме за последните подготовки на новата детска градинка која ќе згрижи нови 169 дечиња кои долго време се на листа на чекање.  Во следните два месеци ќе се работи на внатрешното уредување на градинката и очекувам истата да биде пуштена во употреба најдоцна до месец август.  

Повеќе...
 
Санација на оштетени делови од коловозот на улица “Партизанска” PDF Печати

Санација на оштетени делови од коловозот на улица “Партизанска”

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>

Лист 40 од 314