Општина Неготино
Се започна со наплата за користење паркинг простор PDF Печати
По 7-месечни интензивни активности пред извесно време официјално со работа започна ЈП Паркинзи Неготино, а од вчерашниот ден се започна и со наплата за користење паркинг простор.
Со овој проект се решава деценискиот проблем со паркирањето во градот и се создаваат услови за побезбеден сообраќај.
Изминатиот период на повеќе локации во Неготино се делеа информативни флаери во кои беа содржани основните информации за функционирањето на ЈП Паркинзи, погодностите за граѓаните, фирмите и вработените во нив во делот на користењето и наплатата на паркинг просторот.
Заклучно од вчера (1 септември) наплатата се одвива со СМС пораки и пакети кои можат да се најдат во дел од малопродажната мрежа и во седиштето на претпријатието.
Сите заинтересирани граѓани поблиски информации можат да добијат во седиштето на ЈП Паркинзи во малата сала на СРЦ Младост во Неготино.

 
До 30 септември 2021г. ќе се реализираат обука и гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Печати
Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30 септември, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се реализираат обука и гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Драги ученици, среќен почеток на новата учебна година PDF Печати
Во согласност со насоките од Министерството за образование и наука и препораките од Комисијата за заразни болести, општинските основни училишта и средното училиште на територијата на Општина Неготино официјално започнаа со настава со физичко присуство за сите ученици по една година пауза поради пандемијата.
На сите ученици кои денеска тргнаа на училиште им посакувам успешна и безбедна учебна 2021/2022 година со желби почетокот да биде пријатен за сите вас и со стекнување на нови знаења и нови искуства успешно да ја проследите целата учебна година..
Најсрдечни честитки упатувам до 194-те првачиња во двете централни основни училишта во градот и во подрачните училишта во населените места во општината и им посакувам брзо и успешно прилагодување на новата средина и стекнување на знаења со помош на нивните наставници.
Со цел за зачувување на здравјето на вклучените во воспитно-образовниот процес, упатувам јавен апел до сите ученици, родители и наставници за строго придржување до пропишаните протоколи-задолжително носење маски, мерење температура при влезот во училиштата, дезинфекција на рацете, држење дистанца.
 
 
Апел за почитување на мерките за заштита од Ковид 19 PDF Печати
Почитувани,
Следејќи ја состојбата со пандемијата од КОВИД 19 во нашата општина, констатираме дека периодов бројот на новозаразени граѓани полека се зголемува.
Фактот дека бројот на заболените се зголемува укажува на тоа дека мерките кои се пропишани од страна на надлежните институции во целост не се почитуваат.
Затоа упатувам апел до сите граѓани,институции во општина Неготино максимално да ги почитуваме мерките и препораките, со што не би се довеле во ситуација да бројот на новозаразени двојно се зголеми.
Почитувајте ги мерките бидејќи само така ќе успееме да го заштитиме од овој вирус.
 
Реконструкција на патен правец Неготино-Глишиќ PDF Печати

Во текот на оваа недела ќе започнат градежни активности за реконструкција на регионалниот патен правец Неготино – Глишиќ.  Затоа упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, одговорно учество во сообраќајот на овој патен правец и максимално почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи.


 

 
Во тек е изградба на кружен тек на улица „ Маршал Тито “ на спојот со улица Индустриска и улица „ Баба Ана Ташева “ PDF Печати

Во тек е изградба на кружен тек на улица „ Маршал Тито “ на спојот со улица Индустриска и улица „ Баба Ана Ташева “. Радиусот на кружниот тек ќе биде 10 метри, а двете коловозни ленти се со ширина од 5,5 метри.
Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет ДОО “ Кавадарци, а надзор е фирмата „ Павер Трејд “ Кавадарци.
 Вкупната вредност на проектот изнесува 7.775.839 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
 Во текот на изградбата на кружниот тек, сообраќајот ќе се одвива согласно времениот сообраќаен проект.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>

Лист 35 од 314