Општина Неготино
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ,, АНТИГОНА – НЕГОТИНО ,, PDF Печати

   Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, во кино –салата на Центарот за култура во нашиот град, се одржа промоција на книгата ,, Антигона – Неготино ,, од авторот Ангелина Маркус – професор по филозофија во пензија и позната по проучувањето на разни културни настани поврзани со Македонија. ,, Со многу внимание и љубов ги барав невидливите конци на македонските градови изврзани во јазол. Ја будиме свеста и сознанието за сите битки на славните Македонци, какви што се и денеска во Неготино и светот, го бараме минатото во сегашноста ,, - истакна во своето обраќање професорката Маркус.

Повеќе...
 
,, МУЛТИМЕДИЈАЛНА КУЛТУРНА ВЕЧЕР – НЕГОТИНО 2010г. ,, PDF Печати

     Дојдоа. Настапија. Одушевија. Вака накратко може да се опише настапот на членовите на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија ,, Танец ,, кој шест децении е подвижен музеј на она најубавото, исконското и непроценливо македонско фолклорно богатство кое претставува историја и идентитет на Македонецот. Дел од она со кое Ансамблот во своето 60 – годишно постоење го има презентирано на одржаните над 3.500 концерти и кое имале можност да го видат над 8 милиони посетители во светот, беше презентирано и пред граѓаните на општина Неготино во рамките на одржувањето на веќе традиционалната  Мултимедијална културна вечер – Неготино 2010 г. која во пресрет и во чест на верскиот празник Мала Богородица и Неготинскиот панаѓур се реализираше на градскиот плоштад во нашиот град.

Повеќе...
 
РЕКОНСТРУИРАНИ 3,5 КИЛОМЕТРИ ОД ПАТОТ НЕГОТИНО – КУРИЈА PDF Печати
  Со средства што Владата на РМ ги обезбеди преку Светската банка, а во рамките на имплементацијата на Проектот за реконструкција и рехабилитација на локалната патна мрежа на подрачјето на општина Неготино, градежната оператива на Гранит изврши реконструкција и рехабилитација на дел од локалниот патен правец од Неготино до Курија во должина од 3.460 метри. Градежните работи се изведоа според проект изработен од фирмата ,, Шамкаров партнер ,, од Скопје, а истиот беше ревидиран од Градежниот факултет.
Повеќе...
 
БЕХАТОН КОЦКИ НА КРАК ОД УЛИЦАТА ,, ХРИСТО БОТЕВ ,, PDF Печати
   Во рамките на реализацијата на Програмата за комунални дејности на подрачјето на општина Неготино, во делот за реконструкција на локални патишта и улици, со средства во висина од 680.000 денари обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа извршено е поплочување на крак на ул ,, Христо Ботев ,, со површина од 300 м2. Споменатите активностите беа спроведени по директно барање на дел од тамошните жители кои не го кријат задоволството од завршените работи и елиминирањето на проблемите со кои предходно се судруваа.
   
Повеќе...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ПОЛСКА PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на активностите од проектот ,, Мрежа за култура, спорт и туризам ,, од програмата ,, Европа за граѓаните 2007 – 2013 г ,, делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Пане Трајков престојуваше во градот Трезебница – Република Полска каде што, меѓу другото, зеде активно учество во работата на Форумот на тема ,, Наша култура, наша историја и културно наследство и нивната улога во економскиот и туристичкиот развој на регионите ,, .

Повеќе...
 
ПОТПИШАНА СПОГОДБА СО ,, ЛУДВИГ БОЛЦМАН ИНСТИТУТОТ ,, PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на проектот ,, Социјално вклучување и човековите права во Македонија ,, општина Неготино и Лудвиг Болцман институтот за човекови права – Истражувачка асоцијација – Скопје потпишаа спогодба за соработка и кофинансирање за спроведување на споменатиот проект. Истиот е финансиран од Австриската развојна соработка, започна на 16.11.2009г. и ќе трае до 15.11.2012 година.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 301 302 303 304 305 306 307 308 309 310 Следно > Крај >>

Лист 306 од 314