Општина Неготино
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
  Локална самоуправа Неготино и стручните служби во администрацијата наскоро ќе започнат постапка за изработка на Детален урбанистички план за СРЦ Младост, односно за просторот кај спортската сала Младост. Со цел за собирање на што е можно повеќе предлози околу идниот изглед на овој простор, се повикуваат граѓаните на општина Неготино  да доставуваа свои предлози, размислувања и можни решенија на општинскиот мејл Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или овде.
 
Конкурс за идејно решение за Градскиот центар PDF Печати

На распишаниот конкурс пристигнати се 5 идејни решенија, подолу од текстот можете да ги погледните понудените идејни решенија :

Проект број 1:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 2:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 3:

Слика бр. 1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 4:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

Проект број 5:

Слика бр.1

Слика бр.2

Слика бр.3

Слика бр.4

Слика бр.5

 
НОВАТА ГОДИНА ДОЧЕКАНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Ниту студеното време, ниту ниските температури, не беа пречка голем број граѓани на општина Неготино Новата 2011-та година да ја дочекаат на градскиот плоштад, каде што втора година по ред од страна на локалната самоуправа беше организиран заеднички дочек на најлудата ноќ во годината. Овојпат, за забавата и доброто располежение на присутните се погрижија Тајчи, Вардарски бисери, Владимир Пасинечки, група Чардак и Дуо Форте, додека како специјални гости на вечерта свој настап имаа девојките од Студиото за ориентален танц ,, 1001 ноќ ,, од Скопје. Новата Година беше дочекана со спектакуларен огномет, а неколку минути по полноќ на присутните, но и на сите граѓани, среќни новогодишни празници со желби за многу здравје, среќа, љубов и успех во животот им посака градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. За времетраењето на организираниот дочек на Новата 2011-та година на градскиот плоштад беа поставени штандови на кои угостителските работници и винарските визби за присутните нудеа вкусна храна и квалитетни пијалаци.

Повеќе...
 
КРЕДИТНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА PDF Печати

  Советот на општина Неготино донесе одлука за издавање гаранција на обврските на ЈКП ,, Комуналец ,, за негово кредитно задолжување кај Република Македонија за финансирање на проектот ,, Водовод и канализација на општините ,,. Станува збор за одлука со која се гарантираат сите плаќања на ,, Комуналец ,, кои произлегуваат од договорот за заем за користење на финансиски средства обезбеден од Кредитната банка за обнова – KFW за финансирање на проект со кој се очекува подобрување на состојбата со водоводната и канализационата мрежа во неготинска општина.

Повеќе...
 
ЗДРУЖЕНИЕТО ,, СТАРИ ЗАНАЕТИ ,, СО НОВ ПРОЕКТ PDF Печати
  Во организација на Здружението ,, Стари занаети ,, со финансиска поддршка од УСАИД, Американскиот мировен корпус, општина Неготино и самото Здружение, започна реализацијата на нов проект кој има за цел преку изработка на дела да се презентираат сопствениот талент и способности, а паралелно да се пребаруваат ментори, инструктори и вајари од ликовната уметност за креирање нови врски за остварување на идна соработка. Во спроведувањето на проектот се вклучени 8 претставници на Здружението заедно со доброволката на Американскиот мировен корпус Трејси Спаркс кои ќе се обидат да изградат меѓусебна доверба да експериментираат со нови композиции, да истражуваат 3Д функционални и стилски скулптури и истите да ги издлабат на различни видови дрво.
Повеќе...
 
ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

  Делегација на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија предводена од неговата Екселенција – амбасадорот Жан Клод Шламберже престојуваше во еднодневна работна посета на општина Неготино. Високиот гостин најнапред оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков од кого беше информиран за личната карта на општината, тековните активности во локалната самоуправа, расположивите стопански капацитети и слично. Амбасадорот Шламберже истакна дека ова е негова втора посета на нашата општина и дека секогаш кога доаѓа, се чувствува пријатно во нашиот град.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 301 302 303 304 305 306 307 308 309 310 Следно > Крај >>

Лист 304 од 314