Општина Неготино
Доделени наградите на првиот интернацинален театарски фестивал “Бранко Ѓорчев” PDF Печати
  На вчерашното затварање на фестивалот “БРАНКО ЃОРЧЕВ“, кој се одржа во Неготино од 5 до 9 септември 2022 година., стручното жири во состав од Благој Чоревски – Чоре – актер, Мирјана Ристов – актерка и Билјана Крајчевска - драматург, ги додели следните награди:
1. Наградата за најдобро актерско остварување - најдобра машка улога за впечатлива актерска експресија со која создава поинаква драмска и сценска „атмосфера“ за секој толкуван лик, му припадна на актерот Тони Денковски за улогата во дуодрамата „Анатомија на неверството“ од НУ Театар Комедија – Скопје, во режија на Александра Кардалевска. 
2. За најдобро актерско остварување – наградата за најдобра женска улога за силната актерска експресија, емотивност, убедливост и интелигенција во остварувањето, ѝ беше доделена на актерката Димитрина Мицкоска во дуодрамата „Грета“, на театарот „Златен Елец“ - Скопје, во режија на Тамара Стојаноска.
3. Наградата за најдобар актерски пар, кој оствари атмосфера на заедништво во промислена и прецизна актерската естетика, несебично и доследно градејќи целокупна сценска автентичност им беше доделена на Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов за изведбата на дуодрамата „Ожени ме“ на Театар Провокација, Скопје во режија на Роберт Ристов.
4. Специјалната награда „ Бранко Ѓорчев“ за извондреден актерски израз и припадна на дуодрамата “Мојот сопатник стравот” на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, Р. Србија.
5. Наградата Grand prix – за возбудлива и провокативна претстава која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени во својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политичките проблеми, ја освои претставата “Кислород” на Народниот театар од Битола, во режија на Иван Јерчиќ. 
Наградите на најдобрите актери и претстави на фестивалот им ги додели градоначалникот Горан Стојанов, а беа доделени и благодарници на спонзорите и помагателите  на фестивалот.
Повеќе...
 
Вечерва STAND UP COMEDY со ТИНО И АТАНАС за затварање на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев 2022” PDF Печати
   Вечерва свечено ќе биде затворен првиот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев 2022” со STAND UP COMEDY на ТИНО И АТАНАС, во чест на наградените актери и претстави на овој театарски фестивал. Вечерната програма на фестивалот започнува во 19.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” со доделувањето на наградите, а веднаш потоа публиката во Неготино ќе има мжност да го проследи  настапот на познатите актери Тино и Атанас со STAND UP COMEDY.
Инаку за потсетување, во изминатите неколку дена на различни локации во градот беа изведени вкупно 5 претстави кои влегоа во конкуренција за наградите на овој театарски фестивал. Публиката имаше можност да проследи професионални претстави во изведба на повеќе театри од нашата земја и странство и да  ужива во одличните изведби на актерите кои играа во претставите.  
Општина Неготино преку овој театарски фестивал уште еднаш ги потврди своите заложби за заживување и развој на културниот живот во општината, а за наредниот период ја најавува и организацијата на познатата Неготинска музичка вечер со учество на познати пеачи и групи од земјата и балканските простори.

 
 
О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022 PDF Печати

О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ  ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022

Б А Р А Њ Е  за добивање на  локација за  времено користење за поставување на урбана опрема за издавање во  деновите 21, 22 и 23 Септември 2022 година за време на Неготинскиот панаѓур 2022 година

 
На 21,22 и 23.09. ќе се одржи стопанската манифестација „Неготински панаѓур-2022г“ PDF Печати
  По двегодишна пауза поради состојбите со пандемијата од Ковид-19, годинава продолжува традицијата на одржување на манифестацијата „Неготински панаѓур“. Истата ќе се одржи од 21 до 23 овој месец ( среда, четрвток и петок), а во моментов финишираат подготвките за непречено одржување на манифестацијата која привлекува голем број гости од општината, регионот на Тиквешијата, но и од цела држава. Согласно Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје, на последната седница на Советот на општина Неготино се донесе одлука за прибирање на понуди за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема на локации поделени во 6 зони со различна цена на чинење на корисната површина. Принципот на доделување на локациите е прв дојден-прв услужен, а со прибирање на понудите ќе се започне во петок на 16 овој месец со почеток од 10 часот. Сите потребни информации заинтересираните можат да ги добијат во општина Неготино секој работен ден од 08 до 16 часот или на општинската веб страница www.negotino.gov.mk
 
 
Народниот театар од Битола го отвори првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев” PDF Печати

   Синоќа (05.09.) во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” започна програмата на првиот  интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Извонредната претстава која што актерите на Народниот театар од Битола ја одиграа пред неготинската публика беше наградена со овации на крајот од претставата. По одличната увертира во фестивалот, денес на програмата на истиот се уште две претстави, две комедии, кои се надеваме ќе ги задоволат вкусовите на неготинската театарска публика.
Првата престава која што ќе се одигра вечерва е одличната комедија “Анатомија на неверство” на Театар Комедија од Скопје, која што со почеток од 19.30 часот ќе биде одиграна во кафе-бар “Амаро”. Оваа претстава е режирана да се одигра во специфичен простор, а актерите од Театар Комедија во редовната програма ја играат во бифето на театарот. Билетите за оваа претстава во претпродажба може да се купат во кафе-бар “Амаро”.
 

 

Повеќе...
 
Денес (05.09.) започнува првиот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев” PDF Печати

Со претставата “Кислород” на Народниот театар од Битола која е работена според текст на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ денес во 19.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” започнува првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Билетите по цена од 100 денари може да се купат во трафиката “Корзо” пред Центарот за култура, книжарницата “Бонига” (стара градска чаршија) и преку ONLINE билети: teatraprovokacija.mk и zlatenzab.mk.
Претставата “Кислород” е всушност поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе, кои пораснаа заглавени во транзиција и продолжија да живеат во дивиот капитализам, што беше резултат на истата таа транзиција. Во претставата играат Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов.
Пред одигрувањето на претставата ќе биде свечено отворено првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”, а во наредните денови следуваат уште четири претстави кои се дел од програмата на фестивалот кој има натпреварувачки карактер, а најдобрите учесници на истиот ќе бидат прогласени од страна на жири комисија на затварањето во петок, 9 септември.

Програма на фестивалот:

05.09.2022 од 19:30 во Центар за култура „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола

06.09.2022 од 19:30  во КАФЕ БАР “АМАРО”
„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје

06.09.2022  од 21:00  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје

07.09 од 19:30  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
“ГРЕТА”
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје

08.09.2022 од 19:30 во Центар за култура „АЦО ЃОРЧЕВ“
“МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ”
СЦЕНА МАСКА, Р.Србија

09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
19:30  ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00  STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)


Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 314