Општина Неготино
ВО СС,, МЛАДОСТ ,, СЕ ОДРЖА ТУРНИР ВО МЕШАНИ БОРБИ PDF Печати

   Можеби во пософистицирана форма, но сепак, традицијата на организирање на одредени видови борби за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур, на голема врата се врати во нашиот град.Ако во минатото, борбите на пеливаните кои  беа синоним за атракција и привлекување посетители од сите краеви на Македонија, денеска вниманието на дел од јавноста го привлекуваат млади мускулести момчиња кои во рингот ги покажуваа научените борбени вештини. Доказ дека овие борби стекнуваат се поголем број приврзаници говори повеќе од илјадната публика која буквално до последно место ја исполни спортската сала Младост за време одржувањето на првото шоу во мешани борби во Македонија.

Повеќе...
 
СЕ ОДРЖА ,, МУЛТИМЕДИЈАЛНАТА НЕГОТИНСКА ВЕЧЕР – 2011 ,, PDF Печати

   Во организација на локалната самоуправа и оваа година на градскиот плоштад се одржа традиционалната 8-ма по ред Мултимедијалната Неготинска вечер посветена на убавата македонска песна, другарувањето и забавата. Присутните ги поздрави и вечерта за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој на сите граѓани има посака во пријатна атмосфера да ги поминат деновите од Неготинскиот панаѓур и уште еднаш на дело да го покажат надалеку познатото гостопримство. Во забавниот дел од програмата настапија Распеаните пензионери, хорот и соло изведби на ученици од ООУ ,, Гоце Делчев ,, Александар Белов, Александра Пилева, Лидија и Лазе, Дуо Форте, Пламенка Трајковска и Стрингс и Миле Кузмановски.

Повеќе...
 
РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА “ДИСКРИМИНАЦИЈА“ PDF Печати

  Во просториите на Желкова куќа се одржаа неколку работилници како дел од проектот за “Ефективна имплементација на Законот за недискриминација“, кој што го спроведуваат  Британскиот Совет, Министертвото за труд и социјална политика, Граѓанската иницијатива за еднакви можности : Еднаков Пристап и Организација на социјални работници од Битола и Демир Хисар.
Обуките ги спроведуваа Слободанка Кртева, вработена во општина Неготино и Флорида Илиевска,претставник од Невладиниот сектор а учесниците беа од јавните институции, невладиниот сектор и претставници од Советот- Комисија за еднакви можности.

Повеќе...
 
Проект,, ,,Мрежа за култура, спорт и туризам,,од програма,,Европа за граѓаните 2007-2013,, PDF Печати

6та активност-8ми Мегународен детски фестивал,,Со фолклорот од минатото-заедно во иднината,,одржан во Две Могили-Бугарија
                                              (25.08.2011-30.08.2011)

Во рамките на Проектот,,Мрежа за култура, спорт и туризам,,од Програмата Европа за граѓаните 2007 -2013 реализирана е 6( шестата) и последна проектна активност во Две Могили Бугарија.
Oвој настан е поврзан со празникот на општина Две Могили и осмиот -8ми Мегународен детски фестивал,,Со фолклорот од минатото-заедно во иднината,,
На оваа проектна активност  општина Неготино  се претсатви со настап на фолклорното друштво КУД,,Ацо Ѓорчев,, од Неготино со 20 претставници.

Повеќе...
 
ТУРНИР ВО КОШАРКА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД PDF Печати

          Ниту исклучително топлото време, ниту  високите температури не беа пречка голем број млади луѓе да земат активно учество, а уште поголем број посетители да ги проследат натпреварите од кошаркарскиот турнир што се одржа на градскиот плоштад во Неготино. Турнирот на кој учество зедоа екипи од неготинска општина, но и од други општини од регионот, за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Според информациите од организаторот, на турнирот учествуваа 8 екипи во машка конкуренција на возраст од 14 до 17 години, 6 екипи составени од играчи над 17 години, како и 4 женски екипи. За најуспешните, организаторите обезбедија пригодни награди кои на играчите и екипите им беа доделени по завршувањето на турнирот.

Повеќе...
 
Посета на претставници на словачката фондација Slovak aid на Општина Неготино PDF Печати

   На ден 17.08.2011 година општина Неготино беше домаќин на претставниците на фондацијата од Република Словачка - Slovak aid koја во соработка со Стопанската комора на Македонија  е носител на проектот ,, Зајакнување на малите и средни претпријатија - патот кон економски раст и пристапување кон ЕУ,,.
Гостите од Република Словачка заедно со претставниците на општинската администрација ја посетија винаријата ДУДИН каде што од страна на сопственикот и енолозите во оваа винарија целосно им беа претставени  капацитетите и технологијата на винското производство, како и  објектот за промотивно-комерцијална дегустација на палетата најквалитетни вина на оваа наша реномирана винарија.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Следно > Крај >>

Лист 297 од 314