Во рамките на реализацијата на проектот ,, Недела на италијанскиот јазик во светот ,, кој се одвива под мотото ,,Италија на територии, Италија на иднината ,, во работна посета на општина Неготино престојуваше амбасадорот на Република Италија во Република Македонија Фабио Кристијани. За време престојот, амбасадорот Кристијани оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој го запозна со личната карта на градот, а потоа присуствуваше на работилницата што се одржа во ТИЦ ,, Желкова куќа ,, каде што беше презентиран проектот за соработка и размена помеѓу италијанските училишта од општина Вале ди Сан Николао и ООУ ,, Страшо пинџур ,, од нашиот град. Имено, токму од нашето осносно училиште е покрената иницијатива за изучување на италијанскиот јазик преку негово воведување како дополнителен предмет за изучување за учениците кои ќе пројават интерес за тоа, идеја која сесрдно беше поддржана од амбасадорот Кристијани кој рече дека е радосен што и надвор од Скопје, во помалите средини, ќе може да се изучува овој јазик, се разбира по завршувањето на процедурите кои се во тек во Министерствиото за образование и давањето согласност за реализацијата на проектот. |
Повеќе...
|
На ден 05-06 октомври во Хотел Дрим -Струга, Швајцарската агенција за развој и соработка за програмата ,,Форуми во заедницата" организираше средба за вмрежување на општините кои реализираат проекти од истоимената програма. На средбата присуствуваа претставници од 13 општини, меѓу кои свое претставување со претставници од бизнис сектор, невладин сектор и општинска администрација имаше и општина Неготино. Тема на оваа средба беа Предизвици и проблеми при организирање и одржување на форумските сесии и Дискусија и предлози за можни решенија за надминување на идентификуваните предизвици и проблеми на која претставниците на секоја од општините имаа можност да ги разменат и споделат стекнатите искуства. |
Повеќе...
|
Во рамките на одбележувањето на,, Неделата на детето ,,покрај многубројните активности што ги имаат реализирано во матичната установа, десеттина дечиња од возрасната група заедно со воспитувачката Јана Коцева и директорката Весна Нацева го посетија градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој ги прими во својот кабинет. Притоа, пред градоначалникот и вработените во локалната администрација тие изведоа неколку точки од богатата наставна програма која ја реализираат во градинката, рецитираа, пееја песнички, а наедно ги искажаа и своите детски желби за тоа во каков град сакаат да живеат и што тие сакаат да има во Неготино. Градоначалникот Трајков со внимание ги проследи нивниот настап и искажаните желби, не криејќи го сопственото задоволство од остварената средба со најмладите наши сограѓани. Оваа прилика градоначалникот ја искористи во име на општина Неготино на одговорните во градинката да им врачи ваучер во висина од 30.000 денари – средства кои ќе бидат наменети за купување играчки и реквизите за потребите на градинката и дечињата кои престојуваат во неа. |
Повеќе...
|
Општина Неготино во соработка со UNDP во наредните 5 месеци ќе ја спроведува пилот програмата ,,Општинска корисна работа,, која претставува една од 9-те активни мерки на Владата на РМ за вработување наведени во оперативната програма за периодот 2012-2015 година. Преку оваа програма, локалната самоуправа Неготино ангажираше 6 лица од женски пол- корисници на социјална помош и евидентирани невработени кои во времетраење од 5 месеци ќе бидат ангажирани како асистенти-помошници на воспитувачките во веќе постоечките 6 игрални за деца кои функционираат во руралните средини и тоа секојдневно во 5-те работни денови во време од 4 часови. Меѓу другото, тие ќе помогаат во секојдневниот прием и испраќање на децата, ќе водат грижа за нивната безбедност, ќе им асистираат на воспитувачките за време подготовките и реализацијата на одредени воспитни содржини, а ќе извршуваат и други работи во договор и координација со одговорниот воспитувач. Средствата за спроведувањето на овој проект ги обезбеди UNDP, а на ангажираните лица им се исплаќаат преку општина Неготино врз основа на склучените договори. |
Повеќе...
|
|
|