|
Со обезбедени финансиски средства од Платежната агенција за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а во соработка со стручните служби при општина Неготино, работници на градежната оператива на Гранит во изминатиот период извршија комплетна реконструкција со асфалтирање и поставување на бехатон коцки на улица во селото Тремник во должина од 800 метри. Проектот се реализираше согласно урбанистичката документација за ова населено место и врз основа на изготвениот проект од страна на одговорните во локалната самоуправа. Инаку, споменатата улица беше од земјен материјал со променлива ширина и големи деформации, а најголемите проблеми месното население ги имаше при услови на појава на поројни дождови, па токму поради тоа се пристапи кон комплетно санирање и уредување на оваа улица. Улицата е со ширина од 6 метри, во понискиот дел од селото се поставени тротоари, додека во пострмниот дел истата е со ширина од 5,5 метри. Исто така, при изведувањето на работите постоечките шахти на улицата беа поставени на ниво на коловозот, со што дојде до израмнување на самото подрачје и подобрување на неговата функционалност. Целокупниот проект преку кој дел од жителите на Тремник добија нова, современа и функционална улица во должина од 800 метри чинеше околу 12.000.000 денари. |
Повеќе...
|
Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино работници на градежното претпријатие ,, Градба промет ,, се ангажирани на изведување на финалните работи на мостот на Тимјаничка река, како и на уредување на улицата пред и после мостот која ги спојува пак улиците Антон Пеган и Владо Арсов Шпанац. Имено, покрај изведувањето на завршните работи на и околу мостот пред неговото ставање во функција, паралелно се врши тампонирање и подготовки за асфалтирање на околу 100 метри пред и после мостот на улицата која ќе ги спои двата дела од градот, при што е изграден и потпорен sид на истата. Меѓу другото, во делот на изведувањето на работите на овој потег, се изврши и чистење на колекторскиот систем од новиот мост до градскиот пазар и тоа од двете страни во должина од 1.000 метри. Основна цел на овој проект е да се овозможи полесен проток на луѓе и возила во овој дел од градот, а наедно и да дојде до растеретување на сообраќајот во централното градско подраќје. За спроведување на сите предходно наведени градежни активности од Буџетот на општина Неготино се издвоени околу 10.000.000 денари. |
Повеќе...
|
Долги години наназад жителите од населбата Саат – кула имаа големи проблеми со недоволниот дотур на вода до нивните домови, проблем кој посебно го чуствуваа граѓаните кои живеат во зградите лоцирани во населбата. По утврдувањето на причините за ваквата состојба - нефункционалноста на постојната мрежа и честите дефекти кои се јавуваа поради слабата издржливост на притисок на цевките и обезбедената финансиска конструкција, општина Неготино го реализираше проектот за санација на водоводната линија на улицата Владо Арсов Шпанц во должина од 200 метри преку која водата доаѓа до жителите од Саат – кула. Констатирано е дека постоечките цевки се пластични, стари и дотраени од 6 бари, па токму затоа истите беа заменети и беа поставени нови полиетиленски цевки од 10 бари кои обезбедуваат далеку поквалитетен и стабилен проток на водата, а исто така се променија и приклучоците за домаќинства кои живеат на оваа улица. По комплетното спроведување на овој зафат дојде до драстично подобрување на состојбата со водоснабдувањето на жителите од населбата Саат – кула, а со цел за регулирање на протокот, поставени се и 2 вентили за регулирање на дототкот на вода во водоводната мрежа. Потребните средства за реализирање на проектот од 1.600.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Во изминатиот период работници на градежната фирма ,, Стојменов ,, од Кочани беа и се ангажирани околу комплетна реконструкција на водоводната и фекалната мрежа на улицата 11 –ти Октомври – проект кој се наметна за реализација поради застарените мрежи и проблемите со кои долги години се соочуваат граѓаните кои живеат на оваа улица. Имено, согласно потпишаниот договор за финансирање проекти помеѓу Република Македонија и Европската инвестициона банка за проектот – Водоснабдување и одведување на отпадни води, општина Неготино аплицираше, а од Министерството за транспорт и врски и беше одобрен проектот за комплетна реконструкција на водоводната и фекалната мржа на улицата 11-ти Октомври. Финансиската рамка на овој проект е определена согласно предвидената инвестициска вредност на истиот и изнесува над 5.000.000 денари. Инаку, со проектната програма дефинирана е потребата од изградба на нова фекална мрежа во должина од 270 метри, како и реконструкција на постоечката линија на оваа улица која е со азбестно-цементни цевки, недоволен профил и со старост на истите од над 60 години, по што е утврдена потребата од нивна итна замена. Со конечната реализација на проектот се очекува да дојде до значително подобрување на квалитетот на услугите во делот на водоводната и фекалната мрежа за над 500 граѓани кои живеат на улицата 11-ти Октомври. |
Повеќе...
|
Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за уредувањена градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино и остварувањето на заложбите на локалната самоуправа за уредување на централните подрачја во населените места, во селото Црвени Брегови се пристапи кон уредување на парк, за што од Буџетот на општина Неготино се издвоени близу 300.000 денари. Истите се намменети за поставување на бехатон коцки на споменатиот простор, изградба на пешачки патеки, оградување на бунарот, а наедно во околината на овој простор е засадена и трева. Предвидено е по завршувањето на јавниот тендер работници на локалното комунално претпријатие да постават и клупи каде што населението во одмор и релаксација ќе може да минува дел од слободното време, а целиот простор ќе биде соодветно осветлен. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 281 282 283 284 285 286 287 288 289 290 Следно > Крај >>
|
Лист 284 од 314 |