Општина Неготино
ВО НЕГОТИНО ИЗЛОЖБА НА СТРУЧНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ЛИТЕРАТУРА PDF Печати
   Во организација на локалната библиотека Страшо Пинџур и Музејот на град Неготино во изложбениот салон на неготинскиот Музеј е поставена изложба на стручна литература од областа на земјоделието при што посебен акцент е ставен на презентацијата на литературата посветена на лозарството,  имајќи предвид дека овој регион изобилува со плантажи под лозови насади. Во делот на изложената литература, организаторот ги издвојува оние за Хемијата на виното, Прецизно земјоделие, Развојот на растенијата и климатските промени, Земјоделието и животната средина и други. Изложбата се уште трае и истата можат да ја посетата сите заинтересирани, а посебно земјоделците од општина Неготино.
 
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПЛОШТАД И УЛИЦИ ВО С. ВОЈШАНЦИ-НЕГОТИНО PDF Печати

   На пригодна свеченост што беше организирана во центарот на селото, денеска во Војшанци започнаа работите околу реализацијата на проектот за изградба на плоштад и асфалтирање на улици во ова неготинско село. Градоначалникот Пане Трајков информираше дека целокупната изведба на работите чини 4.300.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а во рамките на реализацијата на годишната програма за уредување на градежното земјиште во руралните средини. Со проектот се предвидува поплочување на овој простор со бехатон коцки и изградба на пристапни патеки, поставување на елементи за одмор и релаксација, а целиот простор ќе биде хортикултурно уреден. Паралелно, ќе се врши асфалтирање и на неколку улички кои водат до и од центарот на Војшанци.

Повеќе...
 
СЕ УРЕДУВА ЦЕНТАРОТ ВО С. КУРИЈА – НЕГОТИНО PDF Печати

   Работници на градежното претпријатие Пер-инжинеринг ангажирани од страна на локалната самоуправа Неготино неколку денови по ред се ангажирани на изведување градежни активности за уредување на централното подрачје во неготинското село Курија. По извршеното рамнење на теренот, овој простор ќе биде поплочен со бехатон коцки и ќе бидат изградени патеки, по што ќе следува поставување на придружни елементи кои ќе служат за одмор и релаксација на месното население. Градежните работи кои ќе финишираат со уредување на центарот во Курија се очекува да завршат за десеттина денови, а за реализација на проектот од Буџетот на општина Неготино ќе бидат издвоени 1.000.000 денари.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ PDF Печати
Претставници на локалната самоуправа Неготино заедно со стручни лица ангажирани од страна на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ деновиве се порисутни на терен и вршат прибирање на податоци за состојбите со енергетската ефикасност во просториите на објектите на Општина Неготино, во образовните установи и во детските градинки. Собраните податоци ќе бидат искористени и вметнати во тригодишната програма за енергетска ефикасност и годишниот  Акционен план за нивна имплементација на територијата на општина Неготино.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

 По повод одржувањето на активностите за одбележување на верскиот празник Свети Трифун, како и секоја така и оваа година ќе се одржи традиционалниот избор на најдобри домашни вина и ракии, како и интернационален избор на најдобри вина од домашни и меѓународни винарии. Сите заинтересирани лица за учество на натпреварот потребно е да достават по 2 мостри од виното или ракијата најдоцна до 8-ми февруари ( петок ) во просториите на Туристичкиот инфо центар Желкова куќа на втори спрат од 9 до 12 часот кај лицето Ивица Златковиќ. Подетални информации можат да се добијат на телефон 072-320-833.

Повеќе...
 
НОВИ КОМПЈУТЕРИ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Со средства во висина од близу 200.000 денари обезбедени од сопствениот Буџет, локалната самоуправа Неготино изврши набавка на 6 нови компјутери и еден проектор за потребите на општинската администрација. Истите се веќе распоредени во повеќе одделенија и тоа во одделението за урбанизам и градежништво, за комунални работи, кај инспекторот по патен сообраќај, како и за потребите на останати вработени во општинската администрација.
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 280 Следно > Крај >>

Лист 278 од 314