Општина Неготино
ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ПО ПЕПЕЛИШКИОТ МОСТ PDF Печати

   Оштетувањата на носечките столбови, континуираното деформирање на мостот и неговото распукување по средина, придонесоа за итно делување на надлежните органи и донесување одлука од страна на државниот инспектор по патишта Петар Змејковски за целосна забрана за движење на сите видови возила по Пепелишкиот мост. Извршените мерења на терен покажаа дека столбовите и мостот се спуштени 12 сантиметри со тенденција состојбата да продолжи да се влошува ако продолжи движењето на возила по мостот – истакна професорот на градежниот факултет Горан Марковски. Од попладнево стручни екипи се на терен и работат на расчистување на дрвјата и гранките кои заедно со водата вршат голем притисок врз столбовите на мостот.

Повеќе...
 
ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во присуство на голем број гости, претставници на локалната самоуправа и вработени во оваа образовна установа, со организирање на низа пригодни активности беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште Страшо Пинџур од Неготино. Обраќање пред присутните имаше директорката на училиштето Сузана Андонова која информираше за реализираните проекти и активности во изминатиот едногодишен период, а веднаш потоа учениците под надзор на своите ментори изведоа богата културно-уметничка програма со настап на ученици од повеќе одделенија. Претставници на повеќе делегации положија свежо цвеќе на бистата на патронот на неготинското училиште Страшо Пинџур.

Повеќе...
 
ЗАКРОЕНА ЛОЗА ВО ЦРКВАТА СВ. АТАНАСИЈ ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Во присуство на голем број православни  христијани кои го слават верскиот празник Свети Трифун, но и на учесниците во манифестацијата Недела на виното од повеќе држави, во дворот на црквата Свети Атанасиј Неготино се служеше свечена литургија и се изврши симболичниот чин на закројување на виновата лоза. Посакувајќи им на лозарите годинава да имаат богат и квалитетен род кој ќе биде соодветно вреднуван и благовремено наплатен, а на винариите да произведат врвни вина кои ќе бидат пласирани на домашниот и странските пазари, чинот на закројување го извршија градоначалниците на Неготино Пане Трајков и на Минервино ди Лече Еторе Каропо Салваторе. Можноста да закројат ја искористија и останатите присутни на настанот.
Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО ПОДЕЛЕНИ ПРОЕКТНИ ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ PDF Печати
   По завршувањето на проектните активности од манифестацијата Недела на виното – проект финансиран со средства од Европската унија, на сите интернационални учесници вклучени во истиот од Словенија, Италија и Бугарија организаторот – домаќин општина Неготино им подели промотивни материјали во кои се застапени материјали од предходно спроведените 4 проектни активности одржани во останатите градови вклучени во проектот. Така, на сите им беа поделени проектни промотивни материјали во форма на инфо-билтен, ДВД и ЦД алманах со препорака истите да ги постават на сопствените веб-портали заради подобро и поефикасна промоција на постигнатите проектни резултати. Последната информативна средба беше искористена и за претставување на новата проектна идеја за аплицирање меѓу досегашните партнери.
 
,, ДЕН НА ВИНОТО ВРАНЕЦ ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати

  И оваа година во рамките на одржувањето на Неделата на виното, во конаците на прекрасниот манастир Свети Ѓорѓи во Неготино се одржа манифестацијата ,, Ден на вранецот ,, на која со вина од оваа автохтона македонска сорта грозје се претставија повеќе винарии кои функционираат на подрачјето на општината. Учеснициите на манифестацијата, како и гостите од Италија, Бугарија и Словенија најпрво преку излагање на свештените лица од МПЦ Свети Атанасиј се запознаа со убавините на манастирот и неговиот историјат, а потоа сите заедно уживаат во дегустирањето на квалитетното и надалеку познатото македонско вино од сортата вранец.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА ИЗЛОЖБА НА КОПАНИЧАРИ PDF Печати

   Во организација на локалната самоуправа, градскиот Музеј и Здружението на занаетчии ,, Стари занаето ,, во изложбениот салон на Музејот на град Неготино се одржа традиционалната 9- та по ред изложба на копаничари. На изложбата со свои дела создавани од вредните раце на копаничарите во изминатиот период се претставија 15-тина копаничари од Здружението ,, Стари занаети, а овој пат изложбата имаше и интернационален карактер бидејќи на истата со свои дела се претставија и копаничари од Италија и Бугарија. Настанот беше проследен од голем број љубители на уметноста, а за заначењето на изложбата свое излагање имаше директорот на неготинскиот Музеј Петар Ризов.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 280 Следно > Крај >>

Лист 277 од 314