Делегација составена од турски стопанственици од општина Ќемал паша – Измир предводена од успешниот бизнисмен Ридван Уретан денеска остварија работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која јавно го презентираа интересот да инвестираат во неготинска општина. Конкретно, турската бизнис делегација е заинтересирана да гради откупно-дистрибутивен центар за откуп, рпеработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи-дејност со која тие се занимаваат и во родната Турција каде што располагаат со површини под цреши, праски и црни сливи – култури кои планираат да ги одгледуваат и во Македонија, за што пак имаат намера да купат и земјоделско земјиште. Градоначалникот Апостолов истакна дека евентуалниот влез на оваа турска инвестиција ќе овозможи повеќе бенефиции за локалното население и тоа како во делот на вработување, така и во производството и откупот на земјоделски производи карактеристични за ова поднебје. Гостите од Турција беа запознати и со други локации кои општина Неготино им ги нуди на потенцијалните инвеститори за изградба на винарии и капацитети од лесната и незагадувачка индустрија. |
Повеќе...
|
|
По завршувањето на шестата по ред билатерална воена вежба ,, Предизвик 2013 ,, која изминатите денови се одржуваше на Армискиот полигон Криволак и на која заедно учествуваа припадници на баталјонот за противвоздушна одбрана кој е во состав на воздухопловната бригада на АРМ и припадници на единицата за противвоздушна одбрана на вооружените сили на Република Словенија, денеска за дел од нив во својот кабинет приреди градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој се задржа во краток разговор со гостите и ја искористи можноста изворно да се информира за успешноста на воената вежба. Припадниците на двете армии го запознаа Апостолов дека вежбовните активности поминале во најдобар ред и дека вежбата придонесла за подобрување на обученоста, интероперабилноста и борбената готовност на армиите учеснички. Во знак на благодарност за укажаното гостопримство, претставникот од Словенија на градоначалникот му подари книга за Совенечката армија , додека претставникот на АРМ на Апостолов му врачи значка кој им се доделува на стрелците кои првпат лансираат ракета. Во име на локалната самоуправа на припадниците на двете армии им беа доделени пригодни подароци преку чија содржина ќе можат да запознаат со основните карактеристики на општина Неготино. |
Повеќе...
|
80-тина ученици кои нови знаења стекнуваат посетувајќи го подрачното училиште во селото Криволак денеска беа посетени од претставници на Армијата на Република Македонија и вооружените сили на Република Словенија, како и делегација на локалната самоуправа предводена од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Во рамките на спроведувањето на оваа заеднички координирана акција, присутните гости на дечињата им доделија пригодна донација што кај предизвика радост која не можеа да ја скријат, а во знак на благодарност учениците изведоа кратка пригодна програма. Успешната соработка што општина Неготино ја има со учесниците на воените вежби кои се одржуваат на воениот полигон Криволак беше заокружена со посета на Народната кујна каде што на корисниците на социјална помош исто така им беа поделени подароци обезбедени од страна припадниците на армиите на Македонија и на Словенија, за што тие пред нив изразија јавна благодарност. |
Повеќе...
|
Општина Неготино објави отуѓување на градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање при што на продажба се нудат 6 градежни парцели на катастарската парцела број 1000 со намена за лесна индустрија и стоваришта од кои 3 парцели за изградба на стопански комплекс за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи со почетна цена од 61 денар за метар квадратен, како и 3 парцели за изградба на објекти од лесна индустрија со почетна цена од 148 денари за метар квадратен. На продажба се и 7 градежни парцели во катастарските општини Неготино, Црно поле и Црвени брегови за изградба на винарии со почетна цена од 148 денари за метар квадратен, како и 2 парцели наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање ги доставуваат во писмена форма за секоја градежна парцела поединачно во која е наведено за која парцела се однесува пријавата и кои документи се составен дел од истата. Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 18-ти октомври оваа година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 22 октомври на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Повеќе информации заинтересираните можат да добијат во општина Неготино или на телефонскиот број 043-361-045 од 8 до 16 часот. |
Во организација на Агенцијата за вработување Неготино и локалната самоуправа денеска во Неготино во присуство на голем број заинтересирани претставници од бизнис-секторот се изврши презентација на активните програми и мерки за вработување во тековнава година. Директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски ги запозна присутните со дел од мерките кои се донесени, а кои имаат единствена цел - намалување на невработеноста во земјава, појаснувајќи ги притоа можностите што им се нудат на работодавачите за остварување на зацртаното. На трибината беа презентирани Програмата за самовработување, Финансиска поддршка на правните субјекти( мали и средни претпријатија и занаетчии) за отворање нови работни места, како и субвенционирањето за вработување. Секоја програма и мерка содржи цел на програмата, опфат на корисници, потребни средства и извори на средства, надлежни институции за имплементација, услови и критериуми и слично. Присутните беа информирани и за објавените огласи од страна на Агенцијата за вработување и тоа за обука кај познат работодавач и практиканство како прво работно искуство до вработување кој беше распишан во текот на вчерашниот ден и кој се однесува на млади невработени лица до 29 години. На трибината, претставниците од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика одговараа и на поставените прашања од страна на претставниците на бизнис-секторот. |
Повеќе...
|
Општина Неготино која и оваа година се јавува во улога на организатор на традиционалната манифестација ,, Неготински панаѓур ,, следејќи го примерот на другите локални самоуправи кои организираат слични манифестации од масовен карактер, врз основа на одлуката на Советот на општината донесе решение за наплата на паркинг-просторот како надомест за користење на јавни површини за време траењето на панаѓурот и тоа како за лицата кои со возила ќе доаѓаат од страна, така и за граѓаните на општина Неготино кои со сопствени возила ќе излегуваат на панаѓурот. Користењето на паркинг-простор за патнички моторни возила ќе се наплатува по 50 денари од ден, а за комбинираните и товарните возила по 100 денари од ден. Како добри домаќини, локалната самоуправа ги замолува граѓаните кои живеат во централното градско подрачје и на улиците Маршал Тито, Партизанска, Ставре Ставров и Ацо Аџи Илов во деновите на одржувањето на Неготинскиот панаѓур, сабота, недела и понеделник, да ги отстранат и да не ги паркираат возилата на споменатите улици. Со цел за елиминирање на можноста од создавање сообраќаен метеж,за регулирање на паркирањето на возилата за време на панаѓурот ќе се грижат посебно за тоа формирани служби од локалната самоуправа Неготино и Јавното претпријатие Комуналец со асистенција на припадници од Полициската станица во градот. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>
|
Лист 267 од 314 |