Општина Неготино продолжува со подршката за функционирање на игралните за деца од предучилишна возраст во 7-те рурални средини, при што се изврши и дотур со нови играчки и потребните количини на дидактички материјал за игралните со што се создадени сите услови за непречено организирање и реализирање на воспитно-образовната работа. Од финансиски аспект локалната самоуправа Неготино за функционирањето на овој сервис ги покрива и платите за ангажираните 7 воспитувачки. Овој вид на услуга се покажа како многу корисен бидејќи досега се опфатени вкупно 120 деца во руралните средини и истиот ќе продолжи и во иднина, за што поддршка е добиена и од Министерството за труд и социјална политика со превземање во еден дел на 3 од постојните 7 игрални. Концептот предизвика интерес и кај УНДП кој проектот го прифати во делот на општинско корисни вработувања, па мошне скоро се очекува работно ангажирање и на дополнителни 7 лица асистенти на постојните воспитувачи. |
Повеќе...
|
|
Општина Неготино обезбеди и на ЈП Комуналец му стави на располагање 47 поцинковани контејнери наменети за собирање на индустриски и комунален отпад произведени во фирмата Слобода-метал кои се наменети и ќе бидат распоредени во руралните средини во општината. Бројот на расположливите контејнери е утврден по соодветна методологија и согалсно истата направен е распоред истите да се постават во селата Долни Дисан, Тимјаник, Тремник, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Курија и Дуброво во зависност од бројот на жители. Следуваата состаноци со претставници на месните заедници од споменатите 9 населени места заради утврдување на соодветни локации за поставување на контејнерите со што ќе се создадат услови за отпочнување со собирање на сметот во населените места и остварување на крајната цел на проектот за почиста животна средина и околина. Инаку, предходно покрај контејнерите, со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Неготино се изврши набавка на ново возило за собирање на смет кое веќе е дадено на користење на ЈП Комуналец. |
Повеќе...
|
Како и во изминатите, така и оваа година првата недела од месецот октомвери во двата клона Пролет и Мајски цвет на детската градинка Фемо Кулаков во Неготино беше одбележана со низа пригодни активности во рамките на Одбележувањето на Неделата на детето и Светскиот ден на детето. Дечињата кои престојуваат во клонот Пролет во рамки на одбележувањето на Неделата на детето беа посетени и му посакаа добредојде во, како што самите рекоа, нивниот втор дом на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој извесен период беше во градинката, помина дел од слободното време со воспитно-образовниот кадар и се запозна со условите за престој во градинката. Во таа прилика, од име на општината градоначалникот Апостолов на градинката и донираше средства во висина од 30.000 денари кои според директорката Весна Нцева ќе бидат наменети за набавка на дидактички материјал кој ќе им служи на повеќе генерации дечиња кои ќе посетуваат градинка. Инаку, активности од Неделата на детето имаше во двете градинки во Неготино и трите градинки во населените места. |
Повеќе...
|
Археолошките истражувања и ископувања на територијата на општина Неготино продолжуваат на локалитетот Бела земја во близина на селото Пепелиште. Стручен тим на археолози од Институтот за археологија при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје во соработка со локалната самоуправа и Музејот на град Неготино започнаа со изведување на научно-истражувачка дејност на овој локалитет со претпоставка дека овде постои наоѓалиште на објект кој што датира од античкиот период. Од досегашните истражувања нивните претпоставки се покажаа како делумно точни бидејќи веќе се пронајдени археолошки докази за нивната теорема. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го посети локалитетот и се запозна со текот на работите истакна дека му е посебно драго што општината претствува територија која што е привлечна за научните истражувачи од земјава и странство од областа на културното наследство. Тој додаде дека поддршката што локалната самоуправа ја дава за археолошките ископувања е од посебна важност за оваа дејност од причина што таа претставува основа на секоја научна анализа и синтеза кои ја определуваат и илустрираат антиката во регионот на неготинска општина. |
Повеќе...
|
Стотина ученици и наставници од двете општински основни и од средното училиште, вработени во локалното комунално претпријатие, Центарот за управување со кризи, Центарот за посебни потреби Порака, друштвото Рециклинг и други активисти зедоа активно учество во реализацијата на проектот ,, Македонија без отпад ,, која се спроведе на територијата на општина Неготино во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата ,, Ајде Македонија ,,. Спроведувањето на проектот придонесе да се исчисти отпадот кој се наоѓаше на несоодветни места во околината, да се развие свеста кај населението за правилно управување со отпадот и да се развие механизам за поддршка на граѓаните и засегнатите групи за подобро и поефикасно справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во општината. Во реализираната акција предмет на чистење беа просторот околу спортско-рекреативниот центар Младост, спомен-костурницата, влезот и излезот на градот и на главните сообраќајници –улиците Маршал Тито и Партизанска, просторот пред и околу основните и средното училиште, парковските површини во градот, по што целокупниот собран отпад беше кренат и однесен на соодветно место од одговорните во ЈП Комуналец. Исто така, со ангажирање на соодветна механизација, се изврши расчистување на дива депонија на дел од локалниот патен правец Неготино- Курија. |
Повеќе...
|
Локална самоуправа Неготино во пресрет на одбележувањето на општинскиот празник 8-ми Ноември ги информира сите заинтересирани правни и физички лица дека до надлежната комисија можат да доставуваат предлози за доделување на наградата и признанијата по повод 8-ми ноември. Сите заинтересирани можат да доставуваат предлози за највисоката општинска награда 8-ми ноември за животно дело, за признанија по повод општинскиот празник, како и за признанието почесен граѓанин на општина Неготино. Со предлозите потребно е да се достави и кратко образложение за предложените кандидати и институции, предлозите ќе бидат разгледани од страна на надлежната комисија, по што конечната одлука за годинашните добитници на наградата и признанијата по повод 8-ми ноември ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Предлозите во писмена форма можат да се доставуваат во општина Неготино најдоцна до 21 овој месец, понеделник. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>
|
Лист 266 од 314 |