Учениците од подрачното училиште во Тимјаник кое дејствува во склоп на Општинското основно училиште Гоце Делчев од Неготино добија ново игралиште за мали спортови и тоа фудбал, кошарка, одбојка и ракомет. Ова игралиште е од голема важност за 68-те ученици кои ќе можат активностите по физичко и здравствено образование да ги реализираат во нормални услови, а бенефитите ќе ги уживаат и останатите млади од Тимјаник кои ќе можат да ги користат терените за чија изградба беа реализирани средства во висина од 350.000 денари. |
Повеќе...
|
|
Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино на пригодна свеченост на која присуствуваше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги прогласи и ги награди најчитателите кои за време на летниот период изнајмиле и прочитале најмногу книги.На читателите кои по извршениот мониторинг за изнајмени и прочитани книги беа прогласени за најдобри од страна на директорката Данаилова и градоначалникот Апостолов им беа доделени дипломи и пригодни награди.За најчитатели од основните општински училишта беа прогласени Кристина Василева, Александра Шијаковска, Даниела Василева, Владанка Тефова и Игно Јанчев, додека од средното училиште Св. Кирил и Методиј библиотеката за најчитатели ги прогласи Кристина Николова и Павлинка Ристова.Во категоријата возрасни за најмногу прочитани книги пригодни награди добија Маргарита Пиштолова и Ана Симонова. |
Повеќе...
|
Професорот по физичко и здравствено образование Зоран Симоновски кој беше еден од 16-те учесници на ултрамаратонот кој се трчаше од Нова Градишка до Крушево во чест на 6-годишнината од загинувањето на македонската легенда Тоше Проески денеска беше примен од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при што во краткиот разговор ги пренесе импресиите од ова , за него, несекојдневно доживување. Симоновски потенцираше дека тој е првиот ултрамаратонец од Неготино кој има земено учество во маратонот и во детали го запозна првиот човек на општината со рутите кои ги трчал заедно со своите колеги, се до пристигнувањето и поклонувањето пред вечното почивалиште на Тоше во Крушево. Неготинскиот маратонец ја потенцираше и неопходната поддршка од техничкиот организатор професорот Наум Капрачевски и додаде дека благодарение на одличната организација, активностите од маратонот течеле според утврдената динамика. Градоначалникот Апостолов го поздрави успехот на Симоновски, му посака учество и на други вакви и слични манифестации, со порака во истите да се вклучат и други млади заинтересирани граѓани од општината. |
Повеќе...
|
Ученици од Неготино ги покажаа своите иновативни способности за што добија и вредни награди на младинското креативно творештво на саемот “Макинова 2013”, кој се одржа во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ. , информираше денес претседателот на Здружението на граѓани “Ековита” од Неготино, Сашко Тодоров. Седмоодделенецот Филип Пушкинов со експонатот “Хидрауличен багер” освои еден златен медал, две златни плакети и парична награда. Кристина Тодорова, средношколка од прва година во средното општинско училиште “Свети Кирил и Методиј” освои златен медал за експонатот “Производство на храна од инсекти”. |
Повеќе...
|
По повод одбележувањето на Денот на градот – 8 Ноември, општина Неготино и оваа година традиционално по петти пат го организира ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА “НЕГОТИНО 2013”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2013 година во туристичко-информативниот центар “Желкова куќа”. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани. Учеството на турнирот е бесплатно, а наградите за најдобрите во вкупен фонд од 15.000 денари ги обезбеди општина Неготино (прва награда 7.000 денари, втора награда 5.000 денари и трета награда 3.000 денари). Пријавувањето за учество на турнирот е кај лицето Зоран Недев на телефонскиот број 075/777-919. Исто така, своето учество на турнирот заинтересираните граѓани можат да го пријават во угостителските објекти - кафе бар “Јоко” и берберница “Коко” во Неготино. |
Повеќе...
|
До Невработени евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот 1. Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 21.10-25.10.2013( 5 работни дена). |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>
|
Лист 265 од 314 |