По иницијатива и на барање на месното население од селото Долни Дисан, општина Неготино обезбеди и на претставниците на Месната заедница им предаде вкупно 40 цевки Ф-1000 со должина од 1 метар. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, намената на овие цевки е одведување на атмосферските и отпадните води кои се собирааат во централното подрачје и на тој начин им создаваат проблеми на жителите, а за нивната набавка од општинскиот Буџет се реализирани средства во висина од 250.000 денари. Инаку, ова на некој начин претставува предходница на она што следува, а тоа е комплетно партерно уредување на централното подрачје во селото Долни Дисан за што општина Неготино веќе ги има обезбедено потребните финансиски средства од 7.500.000 денари. |
Повеќе...
|
|
-,, Особено сум горд што еден од најуспешните спортисти во историјата на Република Македонија-двојниот светски првак Димитар Ѓорѓиев потекнува од Неготино и со своите извонредни спортски постигнувања го афирмира нашиот град и нашата држава во светски рамки ,,- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој во својот кабинет го прими светскиот првак во кик-бокс Ѓорѓиев кој на неодамнешното Светско првенство во Анталија- Турција ја одбрани титулата освоена пред две години на одржаното првенство во истиот ранг во Скопје. Ѓорѓиев стана двоен светски првак во категоријата до 74 кг во дисциплината кик-лајтс во која конкуренцијата од над 20 натпреварувачи била доста силна, а на патот до освојувањето на ова блескаво признаниe имал 4 борби во кои ги совладал своите противници од Литванија, Молдавија, Турција и од Полска. Ѓорѓиев во знак на благодарност за поддршката што ја добива од локалната самоуправа на првиот човек на општината му врачи благодарница, а градоначалникот Апостолов му додели пригодна награда. Градоначалникот Апостолов истакна дека и во иднина општината во рамките на расположливите финансиски средства ќе го помага настапот на Ѓорѓиев и посака што повеќе млади луѓе да се занимаваат со спорт и да го следат примерот на двојниот светски првак во кик-бокс. |
Повеќе...
|
Општина Неготино ги информира граѓаните дека со цел за заштита на веќе изградени објекти и поставена опрема, на повеќе локации во градот ќе бидат поставени видео-камери кои ќе вршат 24 часовен надзор над истите со единствена цел да се стави крај на нивните оштетувања или уништувања. Секој несовесен поединец или група граѓани кои ќе бидат регистрирани на камерите дека прават несакани дејства ќе бидат пријавени до надлежните институции и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава пред судските органи. Се замолуваат граѓаните кои ќе забележат дека одредено лице или групи вршат оштетувања на објектите од општо добро, да пријават на веб страницата на општина Неготино или да се јават на телефонскиот број 361-045. |
Директорот на Агенцијата за енергетика Лазар Гечевски, постојаниот кооординатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска на пригодна свеченост ги предадоа во употреба канцеларијата за заедничко одделение за енрегетска ефикасност и информативниот центар за потребите на 8-те општини од Вардарскиот плански регион кои се сместени во централното градско подрачје во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа во Неготино. Станува збор за реализација на проект врз основа на предходно склучен договор од страна на градоначалниците на осум општини, кој според зборовите на директорот Гечевски претставува одличен пример за меѓуопштинска соработка за заедничко спроведување на локалните надлежности и препорача примерот да го следат и имплементираат и останатите региони во земјава. |
Повеќе...
|
Под мотото ,, Засади здравје, засади здрава иднина ,, голем број граѓани на општина Неготино по 12-ти пат ја засадуваа својата иднина во рамките на акцијата ,, Ден на дрвото-засади ја својата иднина ,, која се спроведуваше на територијата на цела држава. Најпрво, локалната администрација предводена од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници од установи и институции со асистенција на вработени во локалното комунално претпријатие засадија дрвја во населбата Саат-кула во непосредна близина на новоизграденото повеќенаменско игралиште и реконструираниот детски забавен парк, каде што во блиска иднина ќе се градат и тениски игралишта, со што ќе се заокружи спортско-забавниот комплекс кој пак ќе биде опкружен со дрвја и останато зеленило. Веднаш потоа стотици граѓани се упатија на локалитетот Големо брдо на 10 километри оддалелеченост од Неготино каде што се одвиваше центѕралниот настан на пошумување на тој простор. Во акцијата се вклучи и неколку дрвја засади и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски кој истата ја оцени како мошне успешна и корисна и со која се придонесува за спротиставување на климатските промени, загадувањето и глобалниот раст на индустријализацијата. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>
|
Лист 261 од 314 |