Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и вработени во општинската администрација посетија 4 од вкупно 7-те игрални кои функционираат на територијата на општината во кои престојуваат дечиња од предучилишна возраст до 5,5 години и кои овде ги стекнуваат основните знаења во пресрет на нивното поаѓање на училиште. Посетите беа искористени градоначалникот Апостолов на дечињата да им ја честита Новата година со желби за добро здравје и успех во учењето притоа доделувајќи им од име на општината новогодишни пакетчиња, при што во игралната во Црвени Брегови истите ги добија 10, а во игралната во Војшанци 13 дечиња. Градоначалникот Апостолов исто така ги посети и новогодишни пакетчиња им додели и на по 20-тина дечиња кои престојуваат во игралните во Тимјаник и Долни Дисан. Во знак на благодарност тие за посетителите во сите игрални беше изведена пригодна програма и на тој начин најмладите му се заблагодарија на градоначалникот за посетатата и подароците. |
Повеќе...
|
|
Општина Неготино објави продажба, односно отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање соспственост на РМ вон населено место за стопански комплекс на катастарска парцела 1.000 со намена за лесна индустрија и стоваришта и тоа вкупно 7 атрактивни парцели со почетна цена од 61 денар за метар кавдратен. Исто така, се продаваат и 3 градежни парцели во Урбан блок 5.1 во Неготино наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 373 денари за метар кавдратен, како и две градежни парцели во детален урбанистички план во Неготино за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Општината објави и продажба на една градежна парцела за домување во станбени згради и тоа една парцела со почетна цена од 680 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 23.01.2014 година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 27.01.2014 во термините 9, 10, 11 и во 12 часот. Бидејќи станува збор за градежни локации со извонредно атрактивна местоположба во близина на автопатот и железничката пруга, од локалната самоуправа очекуваат голем интерес за нивна продажба. |
Претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска им доделија новогодишни пакетчиња на лицата од неколку категории ранливи групи на граѓани. Најнапред беа посетени претставниците од Здружението на слепи лица од Неготино, веднаш потоа градоначалникот оствари средба и со самохраните родители кои имаат формирано и функционираат во Здружение, а работниот дел заврши со посета на Дневниот центар за престој на лица со ментален хендикеп Порака- Неготино. Доделувајќи им ги пакетчињата градоначалникот Апостолов на сите им ги честиташе Новогодишните и Божикните празници со искрени желби за добро здравје и многу среќа, а примателите се заблгодарија на вниманието и подароците и за присутните изведоа пригодна програма. |
Повеќе...
|
Екипата на Ракометниот клуб Вардар од Скопје во финалниот натпревар го совлада тимот на РК Вардар од Неготино со резултат 20 – 15 и со тоа стана победник на првиот турнир во конуренција на пионери-генерација 1999 година и помлади,, Неготино-2013 ,, што викендов во организација на локалната самоуправа, Кроација Осигурување и РК Вардар - Неготино се одржа во нашиот град. Во полуфиналните натпревари Вардар од Неготино го совлада ГРК Кавадарци со 16-11, а скопски Вардар дури по изведување на пенали со резултат 16-15 ја победи екипата на Зоми Мак М од Струмица. На овој турнир кој оваа година се одржа за прв пат третопласирана беше екипата на Зоми Мак М која ја совлада екипата на ГРК Кавадарци со резултат 26-23. Натпреварите од турнирот се одржаа во спортската сала на СОУ Кирил и Методиј, а признанијата и наградите на најуспешните им го додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. |
Повеќе...
|
Одговорните во локалната самоуправа подготвија предлог-проект за изработка на техничка документација за Индустриската зона УЗ8-Маренски порои во рамките на апликацијата на Вардарскиот плански регион за потребите на регионалниот развој кој се аплицираше во ГИЗ РЕД и кој беше одобрен од страна на надлежните. Со средствата од проектот се предвидува изработка на техничка документација која ќе содржи проект за инфраструктура, основен проект, елаборат за влијанието на животната средина и ревизија на основниот проект. Се очекува потоа да се пристапи кон инфраструктурно уредување и довршување на оваа многу атрактивна индустриска зона за која постоеше и постои интерес од досегашни и потенцијални инвеститори. Површината на севкупниот опфат третира површина од 16 хектари со расположливи 63 локации за изградба на објекти во правец на развој на стопанството и локалниот економски развој.Поддршката на ГИЗ РЕД за реализацијата на овој регионален проект изнесува 50.000 евра. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Следно > Крај >>
|
Лист 260 од 314 |