Илјадници граѓани од општина Неготино присуствуваа на одбележувањето на верскиот празник Богојавление- Водици во Македонската православна црква Свети Атанасиј и на чинот на фрлањето и фаќањето на крстот во осветените води на реката Вардар на традиционалната локација Пепелишкиот мост. Десеттина храбри момчиња влегоа во водите на Вардар со надеж дека токму еден од нив ќе биде среќникот кој ќе го фати светиот крст. Оваа година најбрз и највешт беше Коле Симјонов од неготинското село Црвени Брегови на кој, како што изјави, ова му беше осми пат како учествува на овој настан, а по петти пат прв стигнува и го фаќа светиот крст. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов од име на локалната самоуправа на Симјонов му честиташе на успехот и му подари телевизор, а на сите граѓани на општината им упати најубави желби по повод празниците. |
Повеќе...
|
|
,, Долгорочното решавање на проблемот со водоснабдувањето е најголем приоритет на локалната самоуправа која во координација и соработка со комунално претпријатие реализира активности на повеќе полиња за остварување на зацртаната цел ,, - истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при работната посета на ЈП Комуналец која меѓу другото ја искористи и за запознавање со тековните активности во претпријатието од страна на директорката Наташа Лазова. Двајцата соговорници констатираа дека во овој период од годината водоснабдувањето е стабилизирано, а како резултат на тоа дневните редукции или ги нема или пак се многу ретки, што според зборовите на директорката Лазова е поздравено и од страна на крајните потрошувачи –граѓаните. Во моментов од регионалниот водовод Лукар дотекуваат околу 70 литри вода во секунда, а очекувањата се дека по отстранувањето на дефектите на 16 најголеми улици во градот, 80 литри вода во секунда ќе бидат сосема доволни за нормално водоснабдување. Градоначалникот Апостолов информираше дека со поддршка на Владата на РМ, Германската КФВ банка, Светската банка и со средства од буџетот на општината се реализирааат и ќе се спроведат повеќе паралелни проекти со чие завршување се очекува да се постигне крајната цел-граѓаните на Неготино да имаат континуирано и непрекинато 24 часовно водоснабдување. |
Повеќе...
|
Процесот на трансформација на работниот однос во училиштата од определено на неопределено работно време во општина Неготино продолжува и во тековнава 2014-та година. Врз основа на заклучокот донесен од страна на општинската комисија и добиената согласност од Министерството за образование и наука, на пригодна свеченост во неговиот кабинет градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов им додели решенија за трансформација на работниот однос на неопределено време на 7 лица од кои 2 од средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј и на 5 лица од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур. Честитајќи им на добиените решенија и посакувајќи им успех во натамошната работа градоначалникот Апостолов потенцираше дека со овој процес значително се олесни добивањето решенија за сите што ги исполнуваат условите за тоа согласно законот, а целата процедура завршува во најкраток рок, за разлика од порано кога на трансформација се чекаше и до 10-тина години што придонесуваше за постојано присуство на неизвесност кај професорите и наставниците. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и техничкиот директор на фирмата Урбан инвест Симон Ѓорѓиев која на јавниот тендер беше избрана за најповолен изведувач го потпишаа договорот за реализација на проектот ,, Партерно уредување на централното подрачје во селото Долни Дисан . Истиот се спроведува преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој-мерка обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба или реконструкции на плоштади, шеталишта во руралните средини и зелени површини. Со проектот ќе се оплемени и уреди центарот на ова неготинско село, при што просторот ќе се искористи како повеќенаменско подрачје кое ќе овозможи мултинаменска функција со хортикултурно уредување, поставување урбана опрема, скали, клупи за седење, жардинерии и друго, односно се она што ќе придонесе за доловување на урбанизиран ефект на самиот простор. Вкупниот буџет на проектот изнесува 7.660.000 денари од кои 6.492.000 се средства обезбедени од АФПЗРР, а останатиот дел од 1.168.000 денари за ДДВ ги обезбедува општина Неготино од сопствениот буџет. |
Повеќе...
|
Стручни лица од проектантската фирма Геос-ем веќе неколку денови се на терен и ги извршуваат неопходните мерења за потребите од изработка на проект за изградба на нов резервоар за вода кој ќе биде лоциран до постоечкиот во близина на Тимјаник. Станува збор за втората фаза од проектот што општина Неготино го реализира со цел за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, при што во првата фаза е предвидена комплетна реконструкција на водоводната и канализационата на вкупно 16 улици во градот каде што се констатирани загуби на водата за пиење во водоводната мрежа, додека паралелно ќе се работи и на изградба на резервоарот кој ќе биде со зафатнина од 500 м3 вода. Целта е водата од постоечкиот резервоар да се намени за користење само за жителите на населбата Тимјаник, додека водата од новиот би пристигнувала до домовите на граѓаните кои живеат во повисоките зони во Неготино. Изработката на проектите е финансирана со средства од општинскиот Буџет, додека градежните активности на терен ќе се финансираат со средства од Светска банка. |
Повеќе...
|
Речиси во сите маала на територијата на град Неготино, како и во сите населени места во општината беа запалени бадниковите огнови каде што голем број граѓани во добро и весело расположение и со чаша греана ракија или вино поминаа пријатна вечер. Централниот оган беше запален во централното подрачје во Неготино на градскиот пазар пред Пензионерскиот дом-место каде што традиционално се одржува овој настан, а меѓу големиот број присутни посетители беше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Свештени лица од Македонската православна црква Свети Атанасиј извршија осветување на бадниковата погача, а најсреќниот кај кого се падна паричката ќе биде кум на прославата наредната година. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Следно > Крај >>
|
Лист 258 од 314 |