Регионот на нашата општина располага со многу природни убавини, споменици на природата, како и многу локалитети кои може да имаат повеќе намени и тоа рекреативно-туристички, научно истражувачки, студиско-воспитни си слично, но проблем беше тоа што патеките што водат до нив беа неодбележани и недоволно промовирани- истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на ставањето во функција на сигналитиката и опремата кои се дел од проектот ,, Промоција, заштита и развивање на природните туристички потенцијали во вардарскиот плански регион преку уредување и одбележување на патеки за планинарење ,,. Преку фотографии поставени на паноа присутните можеа да се запознаат со дел од опремата поставена на потегот Неготино-Витач-Кожув во должина од 40 километри и која се пешачи за 17 часа. |
Повеќе...
|
|
Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и престедателот на месната заедница Тони Ризов со поставување на камен-темелник го означија започнувањето на градежните работи за партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Станува збор за спроведување на проектот за партерно уредување на центарот преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и мерката за обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба и реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во рурални средини. Вкупниот буџет изнесува 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени од Агенцијата, а останатиот износ од 1.200.000 денари е обезбеден од Буџетот на општина Неготино. Предвидено е поставување на бекатон коцки, хортикултурно уредување на просторот, поставување на урбана опрема и клупи за седење, скали, жардинерии и се останато што ќе придонесе за доловување на еден урбанизиран ефект. Градоначалникот Апостолов потенцираше дека реализацијата на овој проект претставува континуитет на предходно спроведените проекти со кои беа уредени и асвалтирани централните подрачја во Тимјаник, Војшанци и Курија. |
Повеќе...
|
По започнувањето на реконструкцијата на првите 3 километри на еден од најфреквентните патни правци во општината од Тимјаник до Д.Дисан, на пригодна свеченост директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го означија стартот на работите од втората фаза за реконструкција на уште 1, 5 километар од овој патен правец. Инвеститор на реконструкцијата на првите 3 килеметри е Агенцијата за државни патишта со средства во висина од 27.000.000 денари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, додека останатите 1,5 километар до Д.Дисан ќе се уредуваат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со средства од 14.750.000 денари од кои 10.492.000 ги обезбеди Агенцијата, а општина Неготино учествува со 4.258.000 денари. Градоначалникот Апостолов информираше дека според проектот предвидено е тампонирање, проширување на коловозот од 4,5 на 5,5 метри и потоа асвалтирање на целиот патен правец во должина од 4,5 километри. Директорот Георгиевски информираше дека со средства од Агенцијата на ова подрачје се реконструира и патниот правец Курија-Паликура во должина од 3 километри. |
Повеќе...
|
Во присуство на голем број посетители во Музејот на град Неготино е отворена изложба на тема Балканските војни во Македонија на авторите проф. д-р Александар Трајановски и проф. д-р Зоран Тодоровски-директор на Државниот архив на Република Македонија. На изложбата, според зборовите на авторите, на вкупно 20 паноа се прикажани документи и фотографии кои се резултат на повеќегодишните истражувања во бугарските архиви и по Куманово, Неготино е вториот град во земјава каде што овие документи за прв пат се објавуваат. На дел од фотографиите се прикажани борбени дејствија за времетраењето на првата и втората Балканска војна, фотографии со бегалци, но и документи во кои се наведени имиња на доброволци од Неготино. Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој упати јавна благодарност до авторите за вложените напори изложбата да биде достапна и за неготинската јавност, а посетителите на поблизок начин да можат да се запознаат со нескршливиот дух и силната верба на македонскиот народ за создавање на слободна Македонија. Еден од настаните од тој период е Тиквешкото востание од 1913 година кое во Неготино го водело месното население помогнато од четите на ВМРО против тогашната српска власт на ова подрачје. |
Повеќе...
|
Се известуваат сите заинтересирани граѓани дека градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов наместо еден како досега, почнувајќи од 01 февруари до 30 јуни оваа година, ќе организира по два отворени денови за прием на граѓаните во текот на неделата. Тоа значи дека освен во четврток, како што беше досегашната пракса, градоначалникот Апостолов ќе врши прием на граѓани и секој вторник. Граѓаните кои се со намера да остварат средба со градоначалникот, треба благовремено да се најават во пријавницата на влезот во зградата на општина Неготино. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Следно > Крај >>
|
Лист 257 од 314 |