Од 1 Јуни 2014 година општина Неготино во соработка со УНДП , АВРМ- Центар за вработување Неготино и МТСП, согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година, по трет пат го реализира проектот,,Општинско корисна работа-Промовирање на одржливи вработувања-3,,.Проектот се спроведува во 7 игрални за деца од предучилишна возраст во 7 рурални средини на општина Неготино (Тимјаник, Криволак,Пепелиште, Црвени Брегови, Долни Дисан , Тремник и Војшанци).Со проектот се вклучени 7 лица( жени) со завршено средно образование,а кои припаѓааат на ранливи категории , кои потешко се вработуваат на пазарот на трудот и кои се од руралните средини каде што функционираат и игралните. Ангажаманот на овие лица е за периодот од 01.06.2014-30.11.2014(6 месеци). Истите се ангажирани како асисистенти помошнички на 7 воспитувачи .Во моментот во 7те игралните се опфатени околу 120 деца на возраст од 3,6 до 5,6 години. |
Повеќе...
|
|
,, Извонредно атрактивната локација во централното подрачје на нашата држава, на десеттина метри регионален пат и автопатот Е-75, железничка пруга во непосредна близина и други околности придонесуваат за огромен интерес кај заинтересираните правни и физички лица за купување на градежни парцели во Индустриската зона Неготино во близина на Црвени Брегови ,, - истакна во денешната изјава за медиумите градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Градоначалникот информираше дека штом се создадат услови, а тоа се очекува да биде мошне скоро, ќе следи и втората објава за продажба на градежни парцели во оваа индустриска зона на вкупна површина од околу 18 хектари, со апел до заинтересираните да ја посетатат локалната самоуправа и од страна на стручните служби да бидат точно и навремено информирани за бројот на парцели кои ќе се понудат на продажба и нивната површина. Почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 1 евро за метар квадратен. Инаку, при првата објава, беа купени сите парцели понудени на продажба на вкупна површина од 12,2 хектари. |
Повеќе...
|
Со изградба и поставување на мрежа во должина од околу 600 метри, во селото Криволак завршија работите околу изградбата на систем за наводнување на дворните површини –проект финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од 1.200.000 денари. Како што информираше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој денеска оствари работна посета на Криволак, основна цел на овој проект е преку користењето на каналската вода од хидросистемот на Тиквешко поле за наводнување на дворните површини на ,, криволачани ,, да дојде до заштеда на водата за пиење. Ова од причина што голем број на жители на Криволак располагаат со поголеми дворни површини на кои не ретко одгледуваат и земјоделски култури, па сега истите ќе можат да ги наводнуваат со каналската вода, а санитарната вода да ја користат и да ја имаат во поголеми количини за задоволување на другите основни потреби. |
Повеќе...
|
Сите седум кола од третото по ред веќе традиционално градско првенство во шах што го организираа општина Неготино и ШК Неготино донесоа интересни и неизвесни мечеви, а со освоени 6,5 поени првото место го освои младиот Тони Лазов кому градоначалникот Ванчо Апостолов му ја врачи првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место со ист број поени и наградата од 4.000 денари ги освои Санде Атанасов, додека третопласиран со награда од 3.000 беше Киро Камчев. 2.000 денари за четвртото место му припаднаа на Филип Пушкинов, а петопласиран беше и награда од 1.000 денари освои Павле Давчев. За најдобар ветеран на возраст од над 60 години беше прогласен Блажо Добринов кој доби 1.000 денари, додека за најдобар млад учесник под 18 години беше прогласен Диме Аврамов кој исто така доби награда од 1.000 денари. Градоначалникот Апостолов при доделувањето на наградите на сите учесници им честиташе за успешниот настап и прикажаните интересни мечеви и вети дека до година отвореното градско првенство во шах на Неготино ќе биде подигнато на уште повисоко ниво. |
Повеќе...
|
Турски инвеститор е заинтересиран во Неготино да отвори во прво време фабрика за производство на сапун, а во догледно време и за производство на машини кои би биле во функција на целиот проект. За таа цел денеска сопственикот на фабриката ,, КМС ,, од Турција Хусеин Кучук оствари работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која го информираше дека неговата фирма има фабрики за производство на сапуни во вкупно 17 држави во светот, а сега сака ваква фабрика да отвори и во Неготино. Кучук истакна дека машините во Ајдин се подготвени за транспорт во Македонија и веднаш по наоѓањето на соодветна локација за отворање на фабриката, истата би започнала со производство. Градоначалникот го запозна гостинот дека во градот има 2-3 постоечки празни капацитети кои инвеститорот би можел да ги искористи за старт на производството, а им ја презентираше и можноста за купување на градежни парцели во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови. Двајцата соговорници се согласија дека Неготино има одлична местоположба, транспортна поврзаност со Балканот и Европа и токму затоа турскиот бизнисмен се одлучил да инвестира во отворање фабрика за производство на сапун во Неготино. |
Повеќе...
|
Дел од лицата кои престојуваат во дневниот центар за лица со хендикеп Порака од Неготино, а кои беа учесници на турнирот за ученици со посебни потреби ,, Кежо -2014 ,, што се одржа во Штип заедно со нивните ментори беа примени од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при што го информираа за текот на спортските натпревари и остварените резултати. Благодарение на секојдневните тренинзи што овие лица ги реализираат на спортските терени во склоп на дневниот центар, неготинската женска екипа на Порака го освои првото место на турнирот во кошарка за што добија и пехар од организаторот, додека одлични резултати беа постигнати и во дисциплините фудбал и пинг-понг. Градоначалникот Апостолов позитивно се произнесе на предлогот следното вакво натпреварување да се одржи во нашиот град и истакна дека и тој и локалната самоуправа ќе ја дадат неопходната поддршка турнирот да помине во најдобар ред. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Следно > Крај >>
|
Лист 252 од 314 |