На традиционалниот ноќен турнир во улична кошарка „ Street ball-2014 „ кој под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се одржа на импровизираниот кошаркарски терен на градскиот плоштад во Неготино, првото место го освои тимот на “ Софра- Велјанов “ за кој настапија Ристе Стојков, Влатко Цеков, Милан Николов и Игор Шарац. Покрај медалјите и дипломите, секој играч од победничкиот тим доби ваучер од 2.500 денари.Тимот од Квадарци го освои второто место и поединечни ваучери од по 1.500 денари, а третопласирана беше екипата на МВ Воислав чии играчи добија ваучери од по 750 денари. Во конкуренција на јуниори под 18 години првото место го освои тимот на Три багреми, второпласиран беше тимот Кит-Кет, а третото место го освои екипата на Спид килс. Во женска конкуренција првото место и припадна на екипата на Спид баунд, додека второпласиран беше тимот на Пиунчиња. Организацијата на турнирот помина во најдобар ред, а градоначалникот Апостолов во своето обраќање упати јавна честитка до најуспешните и до сите учесници, а наедно ги врачи и ваучерите, медалите и дипломите на најдобропласираните екипи. |
Повеќе...
|
|
Во рамките на втората фаза од манифестацијата “Топол културен бран 2014” организирана и финансирана од Општина Неготино и Министерството за култура, во петок 22 август во 20 часот во изложбениот простор на Музејот на град Неготино ќе биде отворена изложбата “Етно приказни” на акдемскиот сликар Драган Хаџи Николов - Аџи од Гевгелија. Ќе бидат изложени 30-тина дела масло на платно создавани неколку години од страна на авторот, при што во делата на Хаџи-Николов доминира мртвата природа со етномотиви, предмети кои во минатото имале употреблива вредност, а сега претставуваат артефакти. Инаку досега, авторот има остварено триесеттина самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал и на повеќе групни изложби и колонии. Во рамките на манифестацијата “Топол културен бран 2014” во месец август ќе бидат реализирани уште три културни настани со кои ќе биде заокружено овогодинешното издание: - од 25 до 29 август, во кино салата на НУЦК “Ацо Ѓорчев” љубителите на филмот од нашата општина ќе имаат можност да проследат Ревија на пет македонски играни филмови; - на 27 август, со почеток од 12 часот во градската библиотека во Неготино ќе биде отворена изложбата “Ѕвезди на светската книжевност“ проследена со петско читање и литературен перформанс; - на 31 август, со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад, ќе се одржи Ликовен хепенинг во организација на галерија АРТ-М од Неготино. Инаку претходно, во рамките на првата фаза од манифестацијата, љубителите на театарот од Неготино имаа можност да ја проследат урнебесната комедија “Жена ми се вика Борис” во изведба на театарот од Демир Капија. |
Повеќе...
|
Како дел од програмата за спорт на Општина Неготино, синоќа на градскиот плоштад започна седмото издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball 2014”. За учество на турнирот се пријавени вкупно 20 екипи од Неготино и регионот. Истите ќе разигруваат во четири конкуренци и тоа една женска и три машки конкуренции – сениори (над 18 години) и јуниори (од 14 до 18 години) и конкуренција под за играчи под 14 години. Во сениорска конкуренција се пријавени 8 екипи кои ќе разигруваат во 2 групи по четири екипи, а најдобрите две екипи во секоја група ќе се сретнат во полуфиналето. Во јуниорска конкуренција се пријавени 6 екипи кои во единствена група ќе разигруваат по бод систем, додека во конкуренцијата до 14 години се пријавени 4, а во женска конкуренција 2 екипи. Исто така турниот ќе биде збогатен и со натпревар во шутирање тројки, со цел истиот да добие на атрактивност и да понуди повеќе забава за гледачите. Турнирот кој ќе трае 3 дена (од 19 до 21 август), синоќа за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов, кој е воедно и покровител на оваа спортска манифестација. За најдобрите екипи и поединци на турнирот општина Неготино обезбеди богат награден фонд кој изнесува над 40.000 денари. Натпреварите на турнирот во деновите додека трае истиот, започнуваат во 18.00 часот. |
Повеќе...
|
Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.08-277/1 од 14.08.2014 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди
1. Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на туристичко вовче и реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.9000 м.кв. за период од 01.09.2014 до 24.09.2014 година. 2. Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 9.000,оо денари од ден за вкупната површина и туристичкото вовче.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари. 3. Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00. Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 21.08.2014 година до 16 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино. 4. На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.
Општина Неготино Комисија за јавно наддавање |
Учениците и нивните наставници кои наставата по предметот физичко воспитување ја следат и ја реализираат во подрачното училиште во селото Долни Дисан на располагање добија игралишта за фудбал и за кошарка лоцирани во непосредна близина на школото со што ќе им се овозможи часовите по овој предмет да ги спроведуваат на адекватно и пред се за тоа безбедно место. Инаку, покрај учениците, двете игралишта ќе можат да ги користат и останатите жители на селото кои овде исто така можат да спортуваат и да се рекреираат. Паралелно, веднаш до двете игралишта, изградено е уште едно детско игралиште наменето за потребите на најмладите дисанци кое ја гарантира нивната безбедност, а за нивна разонода, забава и игра поставени се и повеќе детски реквизити. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при посетата на игралиштата истакна дека тие се изградени со средства обезбедени од општинскиот буџет во висина од 2.000.000 денари и додаде дека се надева оти со нивното ставање во функција ќе се постигнат очекуваните резултати, пред се младите и не само тие, поголем дел од времето да поминуваат во реализирање на спортско-рекреативни активности. |
Повеќе...
|
Општина Неготино и оваа година на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2014”. На турнирот ќе земат учество екипи од Неготино, Кавадарци, Велес и други општини, кои ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка конкуренција до 18 години, машка конкуренција над 18 години и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Турнирот кој ќе трае 3 дена – 19, 20 и 21 август (вторник, среда и четврток), започнува на 19 август (вторник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа спортска манифестација - градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 077/679-559, најоцна до 19 август до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди вредни награди. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Следно > Крај >>
|
Лист 248 од 314 |