Во присуство на голем број заинтересирани граѓани на општина Неготино и гости од земјава и странство во кино-салата на Центарот за култура се одржа свечената седница на Советот на општина Неготино по повод празникот на градот 8-ми Ноември и 70 годишнината од ослободувањето на Неготино. Во пригодното обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се задржа на неколку капитални проекти чија реализација е во тек и со чие завршување, како што рече тој, редукциите на водата ќе бидат минато за неготинци, а паралелно за во наредните 100 години ќе се обезбеди континуирано 24 часовно водоснабдување за сите граѓани на Неготино неазвисно од зоната во која живеат. Исто така, додаде Апостолов, иако немаме директни ингеренции во делот на вработување, создаваме услови за отворање производствени капацитети фабрики во кои би се вработиле невработените граѓани од општина Неготино. На свечената седница беше прикажан 16 минутен аудио-видео материјал за реализираните и проектите кои се во тек помеѓу двата празника,а се одржа и пригодна културно уметничка програма. |
Повеќе...
|
|
Во рамките на одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино, претседателот на Советот Јордан Паунов ги прогласи, а градоначалникот на општината Ванчо Апостолов ги додели наградата и признанијата по повод празникот 8-ми Ноември. Годинашен добитник на највисоката општинска награда е Трговското друштво Фабрика слобода АД Неготино, а наградата ја прими генералниот директор Цане Коцевски кој наедно и се заблагодари од името на добитниците на наградата и признанијата за укажаната доверба. Признанија им беа доделени на Лукас Мирингер-менаџер на ДММ Дрекслмајер Мануфактурниг Македонија, Здружението на граѓани Ековита, младиот планинар Ване Бошев, Ристе Волчев-магистрант на Градежен факултет и на Центарот за регионален одржлив развој. Наградата и признанијата на добитниците им беа доделени за остварените резултати и нивниот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Во организација на Музејот на град Неготино и локалната самоуправа беше извршена промоција на вториот том на Зборникот на политички затвореници во периодот од 1945 до 1990 година, дело кое следува неколку години по објавувањето на првиот том во 2007 година. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во своето обраќање истакна дека Зборникот е изработен и издаден на иницијатива и предлози доставени до Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност до авторот Никола Андонов кој по објавувањето на првиот, го издаде и вториот том од Зборникот во кој се внесени нови податоци и нови документи. Самиот факт, рече Апостолов, што станува збор за втор том, доволно говори за квалитетот на првиот и потребата од објавување на нови документи од страна на Андонов. Авторот Никола Андонов рече дека во двата тома на Зборникот се претставени сведоштвата за човековите страдања на политички прогонетите и затворани лица и најави дека доколку постои нови и необјавен материјал, тој ќе пристапи кон изготвување и на третиот том од Зборникот на политички затвореници. |
Повеќе...
|
Продолжува континуираното и што е најважно навремено доделување на вредносните ваучери во вредност од 7.000 денари што општината од сопствениот буџет ги издвојува за родителите кои имаат новороденчиња. Така беше и денеска на пригодната свеченост што се одржа во салата на општината кога градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов додели 31 ваучер на родители кои во месеците септември и октомври имале принова во семејството. По 14 месеци од донесувањето на одлуката и нејзиното стапување во сила, градоначалникот Апостолов заедно со денешните има доделено вкупно 214 ваучери за новородени деца во општина Неготино. |
Повеќе...
|
Со денешното официјално означување на стартот на работите, Неготино стана првиот град во Република Македонија во кој ќе бидат поставени уреди за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните, а од друга страна на најсофистициран можен начин секојдневно ќе се следат и ќе се вршат неопходните мерења. Со поставување на камен темелник од страна на градоначалникот на општина Неготинио Ванчо Апостолов, претставникот на фирмата изведувач на работите Томислав Витовски и директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова започнаа работите на проектот, кои доколку временските услови го дозволат тоа, би требало да завршат до крајот на годинава. Изведувач на работите е фирмата ИМГД од Самобор – Хрватска која располага со сертификат дека е една од 10-те најдобро рангирани фирми во светот во делот на одведувањето на води, а проектот чини 20.000.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Со реализацијата на овој проект редукциите на водата за пиење ќе станат минато за граѓаните, а со реализацијата на останатите 3 проектит кои паралелно се спроведуваат, се очекува да се оствари крајната цел – обезбедување континуирано 24 часовно водоснабдување за сите неготинци независно од тоа во која зона живеат. |
Повеќе...
|
„Реализацијата на овој проект е само уште еден доказ за нашата посветеност кон спроведувањето на мојата и програмата за работа на општина Неготино за подобрување на условите за живеење како во градот, така и во населените места во општината. Проектот „ Партерно уредување на центарот на Д.Дисан “ е реализиран на иницијатива на општина Неготино преку програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со мерката обнова и развој на селата во делот на инвестициите за изградба или реконструкции на плоштади, зелени површини или шеталишта во руралните средини „ - истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој заедно со претседателот на Советот на општината Јордан Паунов и претседателот на месната заедница Тони Ризов на пригодна свеченост во употреба го предадоа новоизградениот и партерно уреден центар во Д.Дисан. Вкупниот буџет на проектот изнесува 7.660.000 денари од кои од страна на Агенцијата се обезбедени 5.600.000, додека општина Неготино од сопствениот буџет издвои 1.600.000 денари. На целиот простор се поставени бекатон коцки, изградени се скали, поставена е урбана опрема, клупи и жардинерии со што е остварена целта за доловување на урбанизиран ефект во центарот на селото. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Следно > Крај >>
|
Лист 243 од 314 |