Општина Неготино
Прием за делегација на Боречката федерација на Македонија PDF Печати
   Во официјална работна посета на општина Неготино престојуваа претставници на Боречката федерација на Македонија предводени од претседателот Дејан Богданов, селекторот Бобан Данев, екс-селекторот и директор на федерацијата Трајче Димков и претставниците од БК Неготино Јане Мелов и Горан Алтанџиев. На средбата разговаравме за можностите за поддршка и унапредување на борењето во нашата општина, како еден од најстарите и најтрофејни спортови во Неготино. И во оваа прилика ја искажав мојата и подготвеноста на локалната самоуправа за поддршка на спортот и спортистите во рамките на финансиските можности, а од страна на гостите добив книга за БК Балканец од Штип. Претставниците на федерацијата за потребите на Боречкиот клуб Неготино донираа комплетен душек за борење и реквизити за тренинзи. 
 
Повеќе...
 
Расчистен отпад на патен правец кој води до село Курија од страна на фирмата „ Саше Мигоз “ Неготино PDF Печати
  Во текот на вчерашниот ден фирмата „ Саше Мигоз “ од Неготино самоиницијативно со своја расположлива механизација и работна сила, без финансиски надомест, изврши расчистување на отпадот на патниот правец кој води до село Курија. Со ова расчистување како и расчистувањето на депонијата кај социјалната зграда , оваа компанија уште еднаш ја покажува својата општествена одговорност и докажува дека се грижи за заштита на животната средина. Локалната самоуправа упатува и апел до сите граѓани на Општина Неготино, да не ја уништуваат и загадуваат животната средина и отпадот да го депонираат на соодветно и безбедно место.
Повеќе...
 
Седница на Совет на општина Неготино 31.01.2021 година PDF Печати

https://www.youtube.com/watch?v=epXXa4D6x54

 
Седница на Совет на општина Неготино 31.01.2021 година PDF Печати
  Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува петата редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 31.01.2022 година   (понеделник) во  15.00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 4 редовна седница на Совет на општина Неготино
2.    Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за периодот 2022-2024 година
3.    Предлог- Двогодишен акциски план за родова еднаквост на општина Неготино за 2022-2023 година
4.    Предлог – Одлука за формирање на Работно тело за утврдување на критериумите за стимулација на инвестиции во општина Неготино
5.    Предлог – Решение за доделување на финансиски средства на ГФК Вардар Неготино
6.    Предлог- Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставени финансиски извештаи на здруженија на граѓани и фондации од општина Неготино за добиени средства од буџетот на општина Неготино
7.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа за 2021 година на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
8.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната  програма за работа за 2022 година на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
9.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната  програма за работа за 2022 година на ОУ Музеј на град  Неготино
10.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
11.    Предлог- Решение за доделување на финансиски средства


 
 
Честит празник Свети Сава PDF Печати
Почитувани припадници на српската заедница во општина Неготино, православни христијани !
Во мое лично име и во име на општина Неготино на сите припадници на српската етничка заедница од нашата општина и државата Ви го честитам празникот Свети Сава – националниот празник на Србите во Македонија со желби да имате убав празничен ден, добро здравје и меѓусебно разбирање. Ви посакувам празникот да го поминете во радост и благосостојба.
Нека е честит и за многу години празникот Свети Сава!

 
 
„Приказна низ прошетка“- едукативен проект на неготинската библиотека PDF Печати

   Локалната библиотека „ Страшо Пинџур“ Неготино започна со реализација на проектот „Приказна низ прошетка“- прв од ваков вид во нашата држава.  Проектот кој се реализира со поддршка на Општина Неготино вклучува трајно инсталирани десет табли во паркот на ул.„Маршал Тито“ спроти Музеј на град Неготино на кои има поставено содржини адаптирани за деца. Содржината креирана од библиотеката ќе се менува еднаш месечно. Првата поставка е приказна од енциклопедиски карактер и го опфаќа живиот свет на Арктикот.
„Приказна низ прошетка“ е едукативен проект кој на  работењето на библиотеката и дава една нова димензија,  при што делот на  здравиот развој на децата и едукацијата се промовираат  на еден неконвенционален и иновативен начин. Децата имаат можност низ едукативна прошетка во парк  на забавен начин да читаат приказни и да научат многу нови информации и факти. Оваа прва поставка е замислена како една мала детска „експедиција“  на Арктикот .

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 25 од 314