Општина Неготино во пресрет на престојните празници презеде низа активности за соодветно украсување на градот и доловување на Новогодишна и Божикна атмосфера. Така, од пред извесен период комплетно е украсен градскиот плоштад каде што со својата убавина покрај останатите елементи доминираат новогодишната елка и sвезденото небо, исто така, украсни елементи се поставени долж главните улици Маршал Тито и Партизанска и покрај градскиот кеј, старата градска чаршија, зградата на општина Неготино и непосредната околина, а свој придонес даваат и граѓаните и фирмите кои ги имаат украсено своите домови и деловни објекти, со што се создава една навистина прекрасна предновогодишна атмосфера. |
Повеќе...
|
|
Имено, на последното одржано јавно наддавање организирано од страна на стручните служби при локалната самоуправа, по електронски пат се продадоа и преостанатите 7 градежни парцели на површина од 8 хектари, со што сите понудени парцели лоцирани во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови со намена за Г-2 лесна индустрија и Г-4 стоваришта, се продадени. На предходно одржаните 2 јавни наддавања се продадоа вкупно 10 градежни парцели на површина од 16 хектари, што значи продадени се сите понудени 17 парцели на вкупна површина од околу 24 хектари. Со оглед на одличната местоположба на Индустриската зона, огромниот интерес за купување на градежните парцели беше очекуван, имајќи предвид дека зоната се наоѓа во централното подрачје на нашата држава, со автопат и регионален пат во непосредна близина, како и железничката пруга. Се очекува, по добивањето на неопходните за тоа градежни дозволи, инвеститорот со изградба на предвидената инфраструктура да започне во текот на наредната година. |
Повеќе...
|
Конзулатот на Република Унгарија во Македонија достави информативен материјал до општините од Република Македонија со цел истите да бидат достапни и проследени во јавноста.
Информативниот материјал се однесува на Програмата за Школарина на Унгарската Влада за Академската 2015-2016 година која објавува повик за стипендирање и поддршка на заинтересирани лица за Магистерски студии на 3 Универзитети во Унгарија кои ќе се спроведуваат на Англиски јазик во следниве области:
1.Животинска исхрана и безбедност на храната 2.Заштита на рaстенијата 3.Рурален развој и агробизнис
Подетално околу условите на повикот и начинот на аплицирање можете да се запознаете преку достапните документи на веб страната на општина Неготино www.negotino.gov.mk
-Опис на Програмата за школарина -Е-маил процедура за аплицирање 2015_Application_Form 2015_Hungary_Course_Description |
Во рамките на програмата за спорт за Општина Неготино, конкретно поттикнување, поддршка и развој на младинскиот спорт во општината, во коорганизација со ракометниот клуб “Вардар - Неготино” на 20 декември (сабота) во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” се оддржа турнирот во ракомет за генерации помлади од ’99. На овој веќе традиционален турнир учество зедоа четири екипи во машка и две екипи во женска комнкуренција. Победник на турнирот во машка конкуренција е екипата на РК “Вардар – Неготино” која во финалето го совлада тимот на РК “Вардар – Бисинов” од Велес, додека третото место и припадна на екипата на РК “Валандово” која што во малото финале го совлада тимот на РК “Торо – Спорт” од Виница. Во женска конкуренција во единствениот натпревар кој што се одигра во оваа конкуренција екипата на РКЖ “Вардар – Неготино” ја совлада екипата на ЖРК “Торо – Спорт” од Виница. Во продолжение се комплетните резултати од турнирот: |
Повеќе...
|
Работници на градежното претпријатие „Изолација“ од Скопје во текот на само еден ден извршија санирање на сите ударни дупки на најфреквентните и главните улици во Неготино „Маршал Тито “ и „Партизанска“ со што се подобрија условите за безбедно одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците. Изведените работи се дел од Програмата за комунални дејности на општина Неготино, за што од општинскиот буџет беа издвоени средства од близу 200.000 денари. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов информира дека по празниците ќе се пристапи кон санирање на ударните дупки и на други улици во Неготино. |
Повеќе...
|
Во организација на ракометниот клуб Вардар Неготино и со финансиска поддршка на општина Неготино, оваа година по втор пат ќе се одржи традиционалниот турнир во ракомет за младински категории - генерација 1999. Турнирот ќе се одигра во спортската сала на СОУ “Св. Кирил и Методиј”, а ќе започне на 20 декември (сабота) во 10.00 часот. На истиот учество ќе земат 4 екипи во машка конкуренција и 2 екипи во женска конкуренција. Во машка конкуренција ќе настапат екипите на РК “Торо Спорт” од Виница, РК “Валандово” од Валандово, РК “Бисинов” од Велес и домаќинот РК “Вардар Неготино”, кои ќе играат по турнирски систем. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат екипите на РКЖ “Вардар Неготино” и ЖРК “Торо Спорт” од Виница. Спонзор на турнирот е Кроација Осигурување – Неживот. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Следно > Крај >>
|
Лист 240 од 314 |