Општина Неготино
Прес конференција на градоначалникот Ванчо Апостолов PDF Печати

  ПОЧИТУВАНИ  !

СО САМОТО СТАПУВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК, ПОКРАЈ МНОГУБРОЈНИТЕ ПРОЕКТИ КОИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ ИЛИ СЕ ВО ФАЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕ, ГЛАВЕН АКЦЕНТ ВО МОЕТО И РАБОТЕЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА Е СТАВЕН НА ДОЛГОРОЧНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО КАКО ВО НЕГОТИНО, ТАКА И ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА !ОПШТО ПОЗНАТО Е ДЕКА ДО НЕОДАМНА СОСТОЈБАТА СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО БЕШЕ КРАЈНО КРИТИЧНА БИДЕЈЌИ ВО ТЕКОТ НА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ НЕГОТИНЦИ СЕ СООЧУВАА СО РЕДУКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 12 ЧАСА, НО СО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА НЕКОЛКУ ПАРАЛЕЛНИ ПРОЕКТИ, СОСТОЈБАТА Е ДРАСТИЧНО ПРОМЕНЕТА ВО ПОЗИТИВНА КОНОТАЦИЈА И СЕГА НЕГОТИНЦИ ИМААТ КОНТИНУИРАНО 24 ЧАСОВНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ !ОВИЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО НАЈГОЛЕМА МЕРКА СЕ ДОЛЖАТ НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „ХИДРАУЛИЧНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРИСТИСОКОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ“ КОЈ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА И ЗА КОЈ ОПШТИНА НЕГОТИНО ИЗДВОИ 350.000 ЕВРА И СО ТОА СТАНА ПРВА ОПШТИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО КОЈА Е ИМПЛЕМЕНТИРАН ЕДЕН ВАКОВ ПРОЕКТ СО КОЈ СЕ ПРИДОНЕСЕ ОКОЛУ 30 ЛИТРИ ВОДА ВО СЕКУНДА КОИ СЕ ГУБЕА ПОРАДИ НАСТАНАТИТЕ ДЕФЕКТИ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ВОДОВОДНАТА МРЕЖА И ДА ДОАЃААТ ДО ДОМОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ !ПРИОРИТЕТЕН ПРОЕКТ ЗА ТЕКОВНАВА 2015 ГОДИНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦИ ВО НЕГОТИНО ВО ДОЛЖИНА ОД 8 КИЛОМЕТРИ НА КОИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ НАЈГОЛЕМИ ЗАГУБИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ШТО ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕФЕКТИТЕ, ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ КОЛИЧИНИ ВОДА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА НЕГОТИНО !ОПШТИНА НЕГОТИНО ВЕЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДИ ПОТРЕБНИТЕ СРЕДСТВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОЕКТ ВО ВИСИНА ОД 960.000 ЕВРА ОД СВЕТСКАТА БАНКА И СО СОЗДАВАЊЕТО НА НЕОПХОДНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАБОТА, ЌЕ ЗАПОЧНАТ И ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ТЕРЕН !

Повеќе...
 
„НЕДЕЛА НА ВИНОТО-СВ.ТРИФУН 2015“ PDF Печати

Повеќе...
 
Започна пријавувањето за дегустација на вина и ракии PDF Печати
  И оваа година во рамките на одбележувањето на празникот „Свети Трифун“ и организирањето на „Неделата на виното“ ќе биде организирана дегустација-натпревар во вино и ракија на индивидуални производители од нашата општина, како и дегустација на вина произведени од винарски визби. Организаторите ги информираат сите заинтересирани граѓани кои со свои производи сакаат да учествуваат на овој натпревар дека е потребно да донесат по 2 мостри од вината и ракијата најдоцна до 10.02.2015 г. (вторник) кај лицето Ивица Златковиќ во просториите на општина Неготино на 3-ти спрат, а контакт и поблиски информации можат да остварат и да добијат  на телефонскиот број 072-320-833. Дегустациите во двете категории ќе се одржат на 12 и 13 февруари, а мострите ќе бидат оценувани од стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија. На производителите на најдобрите вина и ракии наградите ќе им бидат врачени на централната прослава на празникот „Св. Трифун“ на градскиот плоштад во Неготино во сабота на 14 февруари.
Повеќе...
 
Празникот Св.Трифун и оваа година ќе биде одбележан со бројни настани PDF Печати

    На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во неговиот кабинет се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници од бизнис-секторот и стручните служби од локалната самоуправа, а на кој тема на разговор беше претстојното одбележување на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. На сите присутни им беше поделена овогодишната програма за одбележување на „Св. Трифун“ која е во предлог-фаза и со која е предвидено манифестацијата „Недела на виното“ да трае од 12 до 15 февруари, со оставена можност до наредниот работен состанок кој е закажан за наредниот понеделник ( 02.02 ) со почеток од 12,00 часот доколку има издржани предлози, истите да бидат вметнати во програмата. На состанокот сите присутни имаа можност да даваат предлози и сугестии со чија реализација традиционалното прославување на Свети Трифун би се подигнало на едно повисоко ниво, што пак ќе придонесе за зголемување на интерсот кај потенцијалните посетители да присуствуваат на оваа традиционална манифестација што се одржува во Неготино. Инаку, годинава празникот се паѓа во неработен ден, сабота, па очекувањата на организаторите се дека присутноста на настанот ќе биде масовна и тоа како од граѓани на нашата општина, така и од гости од други општини од Македонија.

Повеќе...
 
Се санираат штетите од невремето во Војшанци PDF Печати

   Кажувања за спасен живот на постара жена во последен момент, раскопани улици, работно ангажирани речиси сите жители на селото, поплавени домови и покуќнина, оштетена канализација, расчистување на дворните површини од кал, механизација на терен. Ова е сликата која ја затекнавме денеска при посетата на селото Војшанци кое вчера претрпе огромни штети од надојдените води на Војшанска река која се излеа од коритото, но и од водите кои доаѓале од околните ридови. Неколку куќи во селото имаат претрпено огромни штети и во нив нема услови за живот, па според кажувањата на нашите соговорници, биле принудени ноќта да ја поминат кај блиски роднини или пријатели. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој и вчера и денеска беше присутен во Војшанци истакна дека на жителите чии куќи претрпеа најголеми оштетувања итно ќе им се додели помош во градежни материјали за да можат да оспособат барем дел од просториите каде што би имале услови за нормален живот, како и помош во механизација. Кога сме кај механизацијата, да кажеме дека на повеќе локации во Војшанци истата е присутна и тоа како онаа ангажирана од локалната самоуправа, така и механизацијата на ЈП Комуналец и на Противпожарната единица Неготино, а во расчистувањето се вклучени и сите жители на Војшанци бидејќи речиси и нема локација во селото каде што нема оштетувања. Најкритична е состојбата и најголеми оштетувања видовме на патот од мостот во центарот на селото до фармата на „Дуброво“, движењето со возила е отежнато, но со механизацијата се изведуваат зафати за санирање на состојбите. Градоначалникот Апостолов истакна дека активностите за санирање на штетите продоллжуваат до длабоко во ноќта, но и во текот на утрешниот ден.

Повеќе...
 
Во 2015-та општина Неготино започнува со реализација на 4 капитални проекти PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов изјави дека оваа година на територијата на неготинска општина е предвидено да се започне  со реализација на 4 капитални проекти кои се од витално значење за остварување на основната цел – подобрување на условите за живеење на сите граѓани од општина Неготино. Така, по завршувањето на проектот „Хидраулични регулирање на притисокот на водата„ кој ги даде очекуваните резултати преку укинување на дневните и ноќните редукции и обезбедување на 24 часовно континуирано водоснабдување во Неготино, ќе се започне со уште 2 проекта за создавање услови за уште поквалитетно водоснабдување. Еден од нив е реконструкцијата на водоводната мрежа на 15 улици во градот во должина од 8 километри со цел за отстранување на постоечките дефекти и намалување на загубите на вода, а вториот е изградба на 2 нови резервоари за вода и тоа во Пепелиште со капацитет од 150 м3 и во Тимјаник со капацитет од 300 м3, со што покрај решавањето на проблемот со водоснабдувањето во овие две села, дополнителни количини вода ќе се обезбедат и за граѓаните на Неготино. Исто така, оваа година се планира да започне изградбата на станебно-деловен објект, градски пазар и паркинг-простор на местото на руинираната сала ДТВ Партизан, а после долги години се очекува да започнат работите за асвалтирање на патниот правец Горни Дисан – Вешје.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Следно > Крај >>

Лист 237 од 314