Врз основа на остварените контакти на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Марјан Спасески потврдено е дека во тековнава 2015 година во Неготино ќе бидат изградени тениски игралишта-проекти кои се дел од Програмата за работа на Владата на РМ и Програмата за работа на општина Неготино. Тениските игралишта предвидено е да се изградат во населбата Саат-кула во непосредна близина на мултинаменското игралиште и комплетно реконструираниот и обновен со нови реквизити детски забавен парк, со што граѓаните од Неготино од сите возрасти на располагање ќе добијат уште еден спортско-рекреативен комплекс каде што во спортување, одмор и рекреација ќе можат да поминуваат дел од слободното време. |
Повеќе...
|
|
Врз основа на Законот за комунални дејности и Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште на просторот на нашата општина, а согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, од понеделник општина Неготино ќе започне со вонредна превентивна дератизација против туларемија со која ќе бидат опфатени околу 900 ревизиони шахти и на подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во градот и населените места на ризични места-жаришта каде постои можност од присуство на глодари. Исто така, со оваа активност ќе бидат опфатени пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, чистење на заштитните зони околу изворните подрачја со цел заштита од контаминација од глодари, а превентивна систематска дератизација ќе се изврши и на јавно прометните површини и зеленилото, како и на депонијата Бучето. Јавните установи од општината, исто така, треба да извршат превентивна дератизација во сопствените простории. Вонредната превентивна дератизација на подрачјето на општина Неготино ќе ја вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес и истата во целост би требало да биде реализирана во рок од 3-4 денови. |
Повеќе...
|
Во рамките на програмата за култура, а по повод Светскиот ден на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по четврти пат ја организира прославата на овој ден, кој се слави ширум светот со изведби на голем број театарски прослави и перформанси. Во нашиот град ќе бидат одиграни две одлични театарски претстави - комедиии, во изведба на театрите од сосединте општини Демир Капија и Кавадарци. Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е урнебесната комедија “Љубовник со висок стил”, на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, актерската група составена од вкупно 12 актери, на 25 март, среда со почеток во 20 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на оваа претстава пред неготинската публика. Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценски перформанс е комедијата “Сомнително лице” од српскиот автор Борислав Нушиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 12 актери - членови на градскиот театар од Кавадарци. Режијата е на режисерот Диме Коцевски, а музиката на Марјан Тодоровски. Петок, 27 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”, почеток 20 часот. |
Повеќе...
|
Почитувани, Ве покануваме да учествувате на информативниот настан на Фондот за иновации и технолошки развој, што ќе се одржи на 20.03.2015 година во театарот Ј.Х.Џинот со почеток во 11часот. На овој настан ќе биде претставена можноста за финансирање преку инструментот Кофинансирани грантови за стар-ап, спин оф претпријатија и иновации. Јавниот повик за инструментот е објавен на 18.02.2015година, а периодот за поднесување предлог-проекти е до 18.04.2015 година. Со цел за подетално информирање во врска со процедурите за аплицирање и содржината на апликацискиот пакет, претставниците на Фондот ќе одржат презентации низ повеќе градови во Република Македонија.
Ве молиме да ни го потврдите Вашето присуство на оваа е-пошта
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или на телефонот (02) 314 5258. Бројот на учесници е ограничен. Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува сите заинтересирани да го погледнат Јавниот повик на веб страницата на Фондот http://fondzainovacii.mk/?page_id=292 и да земат активно учество на информативните настани. Со почит, Фонд за иновации и технолошки развој |
Започнаа градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во должина од 1.380 метри на потегот пред селото Дуброво каде што се откриени големи дефекти кои предизвикуваа загуби на 15 литри вода за пиење во секунда-проект со чие завршување преку замена на постоечките со нови Ф-140 цевки овие 15 литри ќе се вратат во водоводната мрежа, ќе доаѓаат до домовите на граѓаните и ќе придонесат за подобрување на водоснабдувањето. Како што информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, заедно со дополнителните 30 литри во секунда кои се губеа поради дефекти, но со проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата“ се вратија во мрежата, сега до населението доаѓаат дополнителни 45 литри вода во секунда. Сето ова, според Апостолов, резултираше со драстично подобрување на водоснабдувањето, укинување на 12 часовните дневни и ноќни редукции и обезбедено нормално 24 часовно водоснабдување. На потегот кај Дуброво каде што течат работите на местото на старите се поставуваат нови цевки со издржливост до 10 бари и со регулиран потисок на водата до 4,5 бари, со што се елиминираат можностите од настанување дефекти и губење на драгоцени количини вода за пиење. Градоначалникот Апостолов информираше дека општина Неготино паралелно реализира неколку проекти со кои за граѓаните на општината ќе се обезбеди стабилно водоснабдување за наредните 100 и повеќе години. |
Повеќе...
|
Најдоцна за 1 месец, според очекувањата на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, треба да започнат првите градежни работи во Индустриската зона „Неготино“ во близина на Црвени Брегови. Како што е општо познато, во изминатиот период локалната самоуправа благодарение на извонредната местоположба на зоната успеа да ги продаде сите парцели на површина од 25 хектари на кои е предвидена изградба на стопанско-индустриски капацитети од Г-2 лесна и незагадувачка индустрија- капаците со чие започнување со работа ќе се овозможи и вработување на невработени лица од општина Неготино, а можеби ќе се јави потреба и од вработување на лица и од соседните општини. Градоначалникот Апостолов потенцира дека огромниот интерес кој што беше присутен при купувањето на постоечките парцели, кај него поттикнува размислувања за проширување на оваа индустриска зона со нови парцели на површина од околу 20 хектари. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Следно > Крај >>
|
Лист 233 од 314 |