Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино” од 22 до 26 мај во просториите на Туристичко-информативниот центар “Желкова куќа” се одржа четвртото по ред отворено првенство на Неготино во шах. На истото учество зедоа околу дваесетина учесници кои одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино во шах е младиот шахист Тони Лазов кој од седум одиграни партии освои 7 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второпласиран на турнирот е Санде Атанасов кој освои 5,5 поени, а третопласиран е Ѓорѓи Павлов со 4,5 поени. Исто така награди добија и најдобро пласираниот млад учесник и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) на турнирот. Вкупниот награден фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесуваше 17.000 денари, а дипломите и наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов кој воедно беше и покровител на првенството. |
Повеќе...
|
|
Под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со поддршка на Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот клуб „Неготино“ во просториите на ТИЦ Желкова куќа започна четвртото по ред традиционално отворено градско првенство во шах „Неготино-2015“. Според велемајсторот Трајче Недев кој пред присутните ги презентираше паровите од првото коло, оваа година на турнирот учество земаат околу 20 шахисти од неготинска општина, добри познавачи на оваа древна игра, што пак гарантира неизвесни мечеви во текот на целото првенство. Овогодинашниот награден фонд е во висина од 17.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино при што првопласираниот ќе добие 5.000, за второ место 4.000, за трето место 3.000 денари, а ќе бидат доделени и други пригодни награди. Според утврдената динамика на одигрување на мечевите и нивното времетраење, се очекува отвореното градско шаховско првенство на Неготино да заврши во вечерните часови во понеделник, кога ќе бидат познати најдобрите и кога ќе се изврши чинот на доделувањето на наградите. |
Повеќе...
|
Со подобрувањето на временската состојба и создавањето услови за изведување на градежни работи, работници на ЈП Комуналец и Македонија-пат со асистенција на стручни лица од локалната самоуправа од денеска започнаа со активности за санирање на ударните дупки на улиците во градот. Во првата фаза се санираат ударните дупки на двете главни улици во Неготино - Маршал Тито и Партизанска, како и потегот од почетокот на улицата Фемо Кулаков се до населбата Тимјаник, додека во втората фаза ќе се санираат оштетувањата регистрирани на сите улици во Неготино. Станува збор за ударни дупки настанати во текот на зимскиот период кога и најчесто доаѓа до оштетување на асвалтот на улиците, а по завршувањето на работите ќе се создадат услови за побезбедно одвивање на сообраќајот и зголемена безбедност на сите учесници во истиот. Потребните средства за оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино и во првата фаза на предходно споменатите улици ќе бидат поставени 6 тони асвалт за санирање на ударните дупки. |
Повеќе...
|
Драги матуранти ! „Ми претставува огромна чест и задоволство на сите матуранти од општина Неготино да им го честитам матурирањето и влегувањето во светот на возрасните. Вие, почитувани матуранти, кои сте млади луѓе полни со позитивна енергија располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период. Убеден сум и се надеваме дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе ја подобрите надградбата на Вашите знаења кои несомнено ќе Ви бидат од голема корист при реализирањето на Вашите идни работни и животни кариери. Вечерва, заедно со раководниот тим на Вашето училиште и Вашите професори ќе го прославите завршувањето на една значајна развојна фаза од Вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате, и како и ние возрасните, така и Вие средношколските денови и матурирањето ќе ги паметите целиот живот. На сите матуранти од неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Ви го честитам матурирањето, Ви посакувам многу здравје и среќа во живото, како и успех на личен и професионален план“- се вели во честитката од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов до неготинските матуранти. |
Повеќе...
|
Почитувани граѓани на општина Неготино ! Со особена чест и задоволство од мое лично име и од име на општина Неготино на сите православни христијани од општината им упатувам искрени и срдечни честитки по повод верскиот празник Спасовден – Вознесение Христово кој спаѓа во големите христијански празници и секогаш се празнува во четврток – 40 денови по Велигден. Празникот посебно им го честитам на жителите на селата Криволак и Курија каде што по повод Спасовден се одржува селска слава и општонародна веселба и на сите им посакувам празникот да го поминат во пријатна и весела атмосвера. |
Повеќе...
|
Голем број заинтересирани граѓани на градскиот плоштад во Неготино со внимание ја проследија тактичко-показната вежба „Спасување и извлекување на повредени лица од возила при случена сообраќајна несреќа“ со што наедно и се одбележа денешниот ден 20-ти мај – Денот на пожарникарите. Активностите на терен беа демонстрирани од страна на припадниците на Територијалната противпожарна единица-Неготино, а самиот настан беше во организација на Општинскиот противпожарен сојуз под покровителство на општина Неготино и Противпожарниот сојуз на Македонија. Во поздравниот говор градоначалникот Ванчо Апостолов на сите пожарникари им го честиташе денешниот ден посакувајќи им да имаат што е можно помалку работа и со порака доколку се јави потреба од нивна интервенција, таа да биде брза и ефикасна, за што неготинските пожарникари на располагање имаат 3 противпожарни и 3 теренски возила од кои едно е ново донација од Владата на РМ, т.е Дирекцијата за заштита и спасување, а кои ги опслужуваат вкупно 11 пожарникари. Инаку, присутните на плоштадот имаа можност да проследат и активност за гасење на пожар на запаливи течности со ПП апарат, како и да ја погледнат и да се запознаат со опремата со која располага Територијалната противпожарна единица од Неготино. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Следно > Крај >>
|
Лист 229 од 314 |