Општина Неготино
Покана за прибирање на понуди PDF Печати

Покана за прибирање на понуди
Република Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП)
Заем бр.8158-МК
MSIP-ICB-017-15

1.Овој повик за прибирање на понуди е во согласност со општите правила за набавки за овој проект објавени во изданието на ОН Развој на бизнис со бр.767 од 31 Јануари 2010 година (печатено издание) и електронски објавено на 06 Јануари 2010 година.

2.Република Македонија прими заем од Светска банка за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услуги и има намера да употреби дел од средствата за плаќања според Договорот за набавка на работи.

3.Општина Неготино ги поканува сите заинтересирани и квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за Реконструкција на водоснабдителниот систем во општина Неготино.
Периодот на изведба на работите е 9 (девет) месеци.

4.Наддавањето ќе се спроведува преку меѓународно кокурентско наддавање како што е специфицирано во насоките на Светска банка: Набавки согласно IBRD заеми и IDA кредити (верзија Јануари 2011) и е отворено за сите понудувачи од квалификувани земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.Заинтересираните квалификувани понудувачи можат да добијат дополнителна информација на адресата наведена подолу од 08:00 до 15:30:
Општина Неготино
Адреса: Ул.„Ацо Аџи-Илов“ бр.2, Неготино
Поштенски број: 1440
Телефон: 043 361-045 / Факс 043 361-933
Електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Република Македонија

Повеќе...
 
Municipal Services Improvement Project - MSIP PDF Печати

Republic of Macedonia

Municipal Services Improvement Project - MSIP

Loan Nо. 8158-МК

MSIP-ICB-017-15
1. This call for bids follows the general procurement notice for this project published in the edition of the UN Development Business, with a No.767, from January 31, 2010 (printed edition) and published electronically on January 6th, 2010.

2. The Republic of Macedonia has received a loan from the International Bank for Reconstruction and Development, for the Project for improvement of municipal services and it intends to apply part of the proceeds of this loan to payments under the Contract for procurement of construction services 
3. Municipality of Negotino invites all eligible and qualified bidders to provide sealed bids for the reconstruction of a water supply system in municipality of Negotino.
The period for delivery / performance of Works is 9 (nine) months
4. The process of bidding will be conducted through a international competitive bidding as specified in the World Bank's Guidelines: Procurement under IBRD Loans and IDA Credits, (version January 2011)) and it is opened to all bidders from eligible countries as defined in the bidding documentation.
5. Interested eligible bidders may obtain further information at the address provided below from 08:00 to 15:30:
Municipality of Negotino
Address: Aco Agji-Ilov Street, No. 2, Negotino
ZIP Code: 1440
Phone: 043 361-045 / Fax: 043 361-933
Electronic mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Republic of Macedonia       
  

Повеќе...
 
Општина Неготино објави покана за прибирање понуди за избор на изведувач на работите за реконструкција на водоснабдителниот систем PDF Печати

   Овој повик за прибирање понуди е во согласност со општите правила на проектот објавени во издание на Обединетите нации. Имено, РМ прими заем од Светската банка за спроведување на проект за подобрување на општинските услуги и дел од средствата ќе ги употреби за плаќање според Договор за набавка на работи. Општина Неготино како партнер во овој проект ги поканува сите заинтересирани и квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОСНАБДИТЕЛНИОТ СИСТЕМ ВО НЕГОТИНО на улици во градот во должина од 8 километри-проект чиј период на изведба на работите е предвидено да трае 9 месеци, што значи во тој период ќе се замени водоводната мрежа кај која се детектирани најголеми дефекти и загуби на водата на улици во градот. Заинтересираните квалификувани понудувачи повеќе информации и целиот комплет од тендерската документација можат да добијат и да го подигнат во општина Неготино. Понудите општина Неготино че ги прибира заклучно со 31 јули 2015 година до 12,00 часот, по што на истиот ден ќе се случи и отворањето на понудите од фирмите-интересенти за реконструкција на водоснабдителниот систем во Неготино.

Повеќе...
 
Со 25 тони асфалт санирани ударните дупки на улиците во Неготино PDF Печати
   Согласно Програмата за работа на градоначалникот Ванчо Апостолов и Програмата за комунални дејности на општина Неготино, а веднаш по создавањето не неопходните услови за непречено одвивање на градежни работи, во изминатиот период се изврши санирање на ударните дупки на повеќе улици во Неготино. Разбирливо, приоритет при нивното санирање беше даден на најфреквентните улици Маршал Тито и Партизаннска, а потоа се изврши санирање на ударните дупки и на други улици во градот каде што стручните служби имаа оценето дека има потреба од интервенција. За санирањето на ударните дупки на сите опфатени улици беа поставени вкупно околу 25 тони асфалт, при што најпрво се изврши отстранување на стариот, чистење на дупките и вградување на нов слој асфалт. Со ова се создадоа услови за безбедно одвивање на сообраќајот на сите улици кои беа опфатени со активноста за санирање на ударните дупки.
Повеќе...
 
Ќе се реконструира патот од Неготино до Криволак во должина од 3 километри PDF Печати
   По обезбедувањето на потребните финансиски средства во висина од 22 милиони денари, започната е постапката за спроведување на законските процедура кои предходат на отпочнувањето на градежните работи на терен за реконструкција и асфалтирање на патниот правец Неготино – Криволак во должина од 3 километри и со ширина на коловозната лента од 5,5 метри. Имено, Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Неготино го објави јавниот тендер за реконструкција на локалниот пат до населеното место Криволак и тоа од спојот со патот Р – 107 до центарот на ова населено место. Заинтересираните, според објавата, понудите можат да ги доставуваат најдоцна до 22 овој месец кога и ќе се случи јавното отворање на истите. По завршувањето на административните процедури и изборот на најповолниот понудувач и изведувач, се очекува старт на градежните работи на терен по чие завршување жителите на Криволак и не само тие ќе добија реконструиран и безбеден патен правец, а градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и вицепремиерот Зоран Ставрески ќе го исполнат ветувањето дадено пред месното население дека овој пат ќе биде комплетно реконструиран.
Повеќе...
 
Прием за младите фудбалери од ГФК „Неготино“ PDF Печати

   Со големо задоволство што остварува средба со дечињата кои се иднината на неготинскиот фудбал, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот кабинет ги прими и се задржа во краток разговор со младите фудбалери на ГФК „Неготино“ од генерациите 2004, 2005 и 2006 година, од кои засега најдобри резултати имаат постигнато децата од генерацијата 2006 година. Информирајќи го градоначалникот за постигнатите успеси во првите 4 месеци од годинава, тренерот Зоран Недев го истакна првото место на турнирот во Лерин-Грција, второто место на меѓународниот турнир во Златибор-Србија на кој неготинските фудбалери беа подобро пласирани од своите врсници од гигантот Партизан од Белград, петтото место на турнирот во Прешов-Словачка, како и убедлови освоеното прво место без пораз во Детската фудбалска лига на Македонија-централен регион и освоеното трето место во оваа лига на ниво на Република Мкедонија. Градоначалникот Апостолов јавно на сите дечиња им честиташе на постигнатите успеси посакувајќи им продолжување на истите и во иднина, за што и досега и во иднина ја имале и ќе ја имаат неговата и подршката на општина Неготино, им посака да се оформат во фудбалери со знаења кои ќе придонесат за афирмација на неготинскиот фудбал, односно дека токму тие со својот талент и постигнати резултати се иднината на неготинскиот фудбал.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Следно > Крај >>

Лист 228 од 314