Како што информираат од Оделението за комунални работи и сообраќај при локалната самоуправа Неготино по стабилизирањето на временските услови утврден е конечниот термин кога на територијата на неготинска општина ќе се изврши авионското прскање против комарци како составен дел од програмата за работа на општина Неготино. Во координација со, специјализирана за тоа, фирмата Бони-ер договорено е авионското прскање против комарци на ова подрачје да се спроведе на 15 јули, среда, во раните утрински часови и тоа во периодот од 04,30 до 06,00 часот. Токму затоа, се известуваат пчеларите за времетраењето на прскањето од неколку часови да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства. |
|
Во текот на утрешниот ден ( среда ) поради отстранување на дефекти на главната водоводна мрежа граѓаните на Неготино ќе немаат вода за пиење во периодот од 09 до 19 часот до кога, според проценките на стручните лица, дефектите се очекува да бидат отклонети и водата да протече во водоснабдителниот систем. Како што информираат од ЈП Комуналец-Неготино детектирани се вкупни 3 поголеми дефекти на главната водоводна мрежа преку која водата од Лукар доаѓа до домовите на неготинци, од кои 2 се на територијата на Кавадарци и 1 е лоциран над селото Тимјаник. Предвидено е „комуналци“ со работите на терен и отстранување на дефектите да започнат утре околу 08,30 часот при што заради ефикасно изведување на работите ќе бидат принудени да го прекинат дотурот на вода до Неготино околу 09 часот, а поради големината на дефектите ќе се работи во текот на целиот ден и според проценките на одговорните, се очекува водата да биде пуштена во системот околу 19 часот. Токму затоа се информираат граѓаните од општина Неготино благовремено да се снабдат со неопходните количини вода кои ќе им бидат потребни за во текот на утрешниот ден, а од Комуналец ги замолуваат да имаат трпение и разбирање за проблемите со кои тие се соочуваат, бидејќи по отстранувањето на дефектите, состојбата со водоснабдувањето ќе се стабилизира. |
Пионерите на РК Вардар Неготино поминаа повеќе од 2000 км за да учествуваат на ракометен турнир во Германија. Тие не се вратија дома со освоен медал, но донесоа огромно искуство кое во иднина ќе им биде од огромна корист. Ракометниот клуб “Вардар Неготино” учествуваше на 13 издание од големиот ракометен турнир “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” кое се одржа од 20.06 до 21.06 во Виеденбрук, Германија. Најголеми “виновници” за учеството на РК Вардар Неготино на големиот ракометeн настан на западот од Германија беа господинот Боби Бинов, ракометен работник и тренер на домашната екипа на Виеденбрук, кој потекнува од нашиот крај, тренерите Драган Сукара и Ратко Вељанов, управата предводена од Тоде Кузманов и Ѓорѓи Стојанов, како и “Croatia Osiguranje” која финансиски ја поддржа оваа ракометна турнеја. Исто така, во финансиската поддршка на младите ракометари од Неготино, за учество на овој реномиран ракометен турнир се вклучи и Општина Неготино, односно градоначалникот Ванчо Апостолов, кој во вакви прилики секогаш несебично го помага развојот на спортот, осбено младинскиот. Инаку, специфично за “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” е тоа што се игра ракомет на трева. Натпреварите се играат по 15 минути без полувремиња, а на турнирот учествуваа 80 екипи од Германија, а РК Вардар Неготино ја имаше честа да биде гостин на ова големо ракометно случување. Екипата од Неготино го освои четвртото место на овој турнир, што е огромно достигнување за екипа која прв пат игра ракомет на трева. Нашите млади ракометари во петте одиграни натпревари забележаа две победи и три порази. Беа совладани екипите на TSG RHEDA и HSV Herbede, а поразите дојдоа од домаќинот Wiedenbrucker TV и екипата на TUS BRAKE, додека во малото финале за третото место беа поразени минимално од HTS Rietberg. Титулата му припадна на домаќинот Wiedenbrucker TV. Претходно РК Вардар Неготино одигра две пријателски натпревари со домаќинот Wiedenbrucker TV победувајќи со резултат од 28:25 и со екипата на HTS Rietberg која РК Вардар Неготино ја доби со резултат од 26:21. Натпреварите се одиграа во сала и во два наврати пионерите на РК Вардар Неготино издвојуваа победи против своите врсници од Германија. |
Повеќе...
|
„Господине градоначалник, јавно Ви се заблагодарувам за несебичната поддршка што ми ја давате Вие како прв човек на општина Неготино и која има огромен придонес при моите планинарски остварувања и искачувања на врвовите зо Република Македонија и надвор од неа“- рече 7 годишниот Ване Бошев-член на планинарското друштво „Антигона-нег“ кој наедно е најмладиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на Балканот Мусала на планината Рила при денешната средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. За време приемот во неговиот кабинет, градоначалникот од страна на младиот Ване и неговиот родител Орданчо кој го придружува на сите патешествија беше информиран дека за 4 години Ване има освоено вкупно 40 врвови, што е навистина импозантна бројка за еден второоделенец-успех на кој можат да му позавидат и далеку повозрасни и поискусни планинари. Градоначалникот Апостолов потенцираше дите сите успешни млади луѓе од општината кои остваруваат резултати за почит, независно од која област, ја имале и ќе ја имаат неговата поддршка, бидејќи покрај за нивна лична, тие придонесуваат и за афирмација на општина Неготино, како што впрочем тоа е случај и со Ване кој е добитник и на 8-ноемвриско признание. Апостолов истакна дека Ване ќе ја има неговата и поддршката од општината и при следното негово планинарско остварување кое ќе се одвива во Италија во втората половина на овој месец, а тоа е освојувањето на врвот Мармулада на надморска височина од 3.343 метри, што ако успее, ќе биде рекордно остварување на Ване. |
Повеќе...
|
На покана и во организација на амбасадорот на Република Македонија во Република Романија Панде Лазаревски градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со првите луѓе на општините Кавадарци и Д. Капија како претставници на Тиквешкиот вински регион остварија работна посета на општините од романскиот вински регион Вранча. За време престојот во Романија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша меморандумот за збратимување со општина Одобешти позната по лозарството и винарството, а целта на идната соработка ќе биде размена на искуства и нивна примена во областа на стопанството, економијата, лозарството и винарството и културата помеѓу двете општини во кои доминираат грозјето и виното. Покрај Одобешти, тројцата градоначалници ги посетија и разговараа со првите луѓе на општините Фукшану и Панчу кои исто така гравитираат во регионот Вранча. На средбите е договорено првите луѓе на романските општини да реализираат возвратна посета на општините Неготино, Кавадарци и Д. Капија и тоа најверојатно ќе се случи за време одбележувањето на општинските празници или пак организирањето на некоја од многубројните културни манифестации кои се одржуваат во Тиквешкиот вински регион. |
Повеќе...
|
Членови на најтесното семејство, родни и пријатели, делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Ванчо Апостолов, припадници на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи-одделение Неготино, бранители-учесници во воениот конфликт и други делегации денеска на одбележувањето на годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Косте Волканоски положија свежо цвеќе на спомен бистата пред Полициската станица во нашиот град и му оддадоа достојна почит на херојот кој го загуби животот во воените дејства во 2001 година. Во рамките на одбележувањето на 14-годишнината од загинувањето на Волканоски, полицискиот синдикат организираше крводарителска акција, а се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Следно > Крај >>
|
Лист 227 од 314 |