Од 20 септември до 04 декември во општина Неготино ќе престојува нова група волонтери на Мировниот корпус на САД за време на нивната подготовка за служба, по што заминуваат во градови и села низ цела Македонија каде што ќе живеат и работат во наредните 2 години. Волонтерите се Американци со најразновидно потекло и тие во нашата држава доаѓаат да стекнат работно искуство, да научат повеќе за нашата земја и да ја споделат својата култура. За времетраењето на нивната обука од 11 недели во Неготино волонтерите ќе бидат сместени во семејства-домаќини кои ќе имаат обврски кон нив, но и ќе добиваат паричен надоместок за престојот во нивниот дом во просек по 3.700 денари за 1 недела. Досега се пријавени 10 семејства-домаќини, но бидејќи се потребни уште, рокот за пријавување е продолжен до 5-ти август. Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат во Одделението за локален економски развој при општина Неготино на трети спрат каде што можат и да ја добијат потребната апликација од страна на заинтересираните семејства-домаќини, на тел. 364-023 или кај лицето Јасминка Дуровиќ на телефон 072/320-841. Активностите треба да завршат до првата половина на звгуст, по што претставници на Мировниот корпус ќе ги посетат семејствата-апликанти и ќе направат избор каде ќе престојуваат волонтерите. |
|
Со задоволство можам да информирам дека денеска и официјално започнаа активностите поврзани со проектот „Конзервација на Саат-кулата“ во Неготино кој се реализира со заедничка соработка на Музејот на град Неготино, општина Неготино и Министерството за култура од чија страна за работите во текот на оваа година се издвоени средства од 500.000 денари, додека општина Неготино учествува со средства од 800.000 денари. Активностите од првата фаза од овој мошне значаен проект содржат стручни геомеханички истражувања на теренот, испитување на статиката на објектот, археолошки истражувања во неговата внатрешност, расчистување и уредување на околниот простор на парцелата каде што е лоцирана Саат-кулата, подготовка на стручен основен проект за конзервација од страна на стручни лица од Националниот конзерваторски центар и отпочнување на главната активност-конзервација и реставрација на споменикот на културата Саат-кула. Основната цел е со комплетното реконструирање на Саат-кулата, уредување на околниот простор со поставување на урбана опрема и сувенирници, Неготино да добие уште еден атрактивен туристички простор и место за прошетки и релаксација на граѓаните на Неготино и потенцијалните посетители. Инаку, општина Неготино има аплицирано за одобрување средства за спроведување на овој проект и до Амбасадата на САД од каде што во најскоро време се очекува одговор. |
Повеќе...
|
По неодамнешното редовно авионско прскање против комарци на територијата на општина Неготино согласно Програмата за превентивна здравствена заштита, се информираат граѓаните на општините Неготино и Д.Капија дека во среда на 22 јули во раните утрински часови од 04 до 06 часот ќе се спроведе уште едно авионско прскање, односно вонредна дезинсекција со цел за ставање под контрола на потенцијални заболувања кои се пренесуваат преку комарци и крлежи. Како и минатиот, и овој пат надзорото и мониторингот над текот на спроведувањето на квалитетот на дезинсекцијата ќе го вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес во соработка со ресорното Министерство за здравство. Токму затоа, се известуваат пчеларите од општините Неготино и Д.Капија за времетраењето на авионското прскање во приод од неколку часови да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството „аква котрин“ врз безбедноста на пчелните семејства. |
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на сите припадници од муслиманска веросиповед од нашата општина со желби за добро здравје и среќа им го честита празникот Рамазан-бајрам кој муслиманските верници го прославуваат во петок, а по едномесечниот пост во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалаци од зора до зајдисонце. Имено, завршува месецот на постот со што верниците и од општина Неготино целосно се чуствуваат гордо и радосно затоа што со послушност, молитви и со добрина го победиле злото и успеале да бидат побожни, а поголемиот дел од верниците од исламска вероисповед овој празник го слават три дена. Инаку, првиот ден од Рамазан-бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија. Честит Рамазан-бајрам ! |
Повеќе...
|
ИБ на ОН – Господине Апостолов, изминаа 2 години од Вашето стапување на функцијата прв човек на општина Неготино. Дали и колку сте задоволен од сработеното и реализираните проекти во изминатиот период и што може да очекуваат граѓаните на општината во периодот од преостанатите неполни 2 години од Вашиот мандат ? Градоначалник – Во рамките на заложбите за јавно и транспарентно работење, по моето стапување на фунцкијата градоначалник, јас на повеќепати и преку разни форми (Отчет за сработеното, интервјуа во локални, регионални и републички печатени и електронски медиуми, преку непосредни средби со населението, Инфо-билтенот и сл ) им се имам обраќано на граѓаните на општина Неготино информирајќи ги за досега реализираните, за проектите кои се во тек, како и за оние проекти кои се предвидени за спроведување. Уште на самиот почеток на мојот мандат истакнав дека мој и приоритет на локалната самоуправа е и ќе биде локалниот економски развој преку создавање услови за привлекување на домашни и странски инвеститори, отворање на производствени капацитети, а аналогно на тоа и создавање услови за вработување на невработените лица од нашата општина. На овој план, особено сум горд што благодарение на одличната соработка со Владата на РМ и овозможената пропорционална застапеност, во германскиот гигант Дрекслмајер се вработија над 1.300 наши сограѓани со тенденција нивниот број во иднина да расте. Иако како општина немаме директни ингеренции во вработувањето, наша задача е преку создавање услови да го стимулираме вработувањето, па токму затоа ја оформивме и ги продадовме сите парцели во Индустриската зона Неготино, се работи на дооформување на Индустриската зона Дуброво-Тремник, а општината се почесто е посетувана од потенцијални инвеститори кои допрва треба да ја донесат конечната одлука за инвестирање во изградба на капацитети на ова подрачје. Сериозно се зафативме со долгорочно решавање на најгорливиот проблем во нашата општина-водоснабдувањето. На тој план делуваме на повеќе полиња и реализиравме и ќе реализираме неколку паралелни проекти и уверен сум дека по комплетното завршување на сите предвидени проекти и зафати до домовите на неготинци ќе дотекуваат поголеми количини вода за пиење, а овој децениски проблем ќе биде решен на долги патеки. Исто така, инвестиравме во проекти за подобрување на патната инфраструктура како во градот, така и во населените места, уредување на централното подрачје на Неготини и во повеќе села, изградивме нови водоводни и канализациони мрежи, асфалтираме постојани и пробиваме и подготвуваме за асфалтирање нови улици, изградивме објекти за спорт и рекреација и забавни паркови за најмладите, аплицираме со проекти кај домашни и меѓународни организации за обезбедување финансиски средства за реализација на проекти за подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани, а можам јавно да ветам дека и во времето од преостанатиот мандат целосно ќе се посветам на работата и остварувањето на градоначалничките обврски со единствена цел на идните генерации да им ја оставиме општина Неготино во што е можно поубаво светло. |
Повеќе...
|
Деновиве преку заедничка соработка меѓу општина Неготино, Министерството за култура на Република Македонија и Музејот на град Неготино се очекува да започнат работите на терен на еден за Неготино мошне значаен проект-конзрвацијата на Саат-кулата во нашиот град. Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата-проект кој е составен дел од Програма за работа како градоначалник Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје и тоа со зачувана карактеристична инфраструктура. Во моментов, согласно утврдената динамика и план за работа, стручни служби од Националниот конзерваторски центар и Музејот на град Неготино ги реализираат геомеханичките испитувања на теренот на кој се наоѓа овој значаен споменик на културата од османлискиот период. Конкретните работи на терен очекува да започнат во текот на наредните денови. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Следно > Крај >>
|
Лист 226 од 314 |