Почитувани сограѓани ! Денеска во сите училишта во општина Неготино започна новата учебна година и токму на почетокот од мое лично име и од име на локалната самоуправа на сите ученици кои седнаа во училишните клупи им посакувам успешно совладување на наставните материјали, а на нивните професори и наставници реализација на продуктивен и квалитетен воспитно-образовен процес. Секако, најмногу среќа и успех им посакувам на првачињата кои денеска за првпат појдоа на училиште, кај нив и кај нивните родители возбудата разбирливо е најголема и токму затоа им посакувам што е можно полесно прилагодување и вклопување во новата средина. Би сакал да ја информирам јавноста дека во пресрет на новата учебна година, трите училишта во градот и останатите кои функционираат во дел од населените места во неготинска општина ги презедоа сите неопходни мерки и активности за успешен старт на школската година. Училниците се варосани и исчистени, извршена е дезинфекција и дератизација, или накратко раководните тимови потпомогнати од наставниот кадар и техничкиот персонал создадоа услови за непречено одвивање на наставниот процес. |
Повеќе...
|
|
Министерот за привлекување странски инвестиции во Владата на Република Македонија Џери Наумоф престојуваше во работна посета на општина Неготино при што најпрво оствари средба со својот домаќин-градоначалникот Ванчо Апостолов, по што двајцата заедно со своите тимови присуствуваа на отворањето на нов производствен погон во Неготино. Станува збор за инвестиција на наша сограѓанка со подолг престој во САД која одлучила во родниот град да започне бизнис за производство на здрава храна, а министерот Наумоф и градоначалникот Апостолов на лице место се запознаа со процесот на производство и асортиманот на производи кои сопственичката очекува своето место да го најдат не само на македонскиот, туку и на балканските пазари. Доколку работите се одвиваат со очекуваните резултати, отворањето на овој погон ќе претставува увертира во изградбата на фабрика за производство на здрава храна во општина Неготино во која потенцијално работа ќе најдат од 70 до 80 невработени лица. |
Повеќе...
|
Општина Неготино како дел од Програмата за спорт, оваа година по осми пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка „Street Ball 2015“. Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Турнирот кој ќе трае 3 дена – 1, 2 и 3 септември (вторник, среда и четврток), започнува на 1 септември (вторник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов. Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 075/553-800, најоцна до 1 септември до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди парични награди и вкупен награден фонд од 20.000 денари. |
Повеќе...
|
Презентираните резултати за периодот од изминатите 2 години од страна на стручните служби при локалната самоуправа, во потполност ги оправдаа моите очекувања и претставуваат сатисфакција за мојот предлог со цел за зголемување на наталитетот во нашата општина на секое семејство кое има новороденче да му се доделува финансиска поддршка во висина од 7.000 денари. Во среда на 02 септември славиме јубилеј – 2 години од почетокот на доделувањето на ваучерите и по тој повод во големата сала на општина Неготино со почеток од 11 часот ќе бидат доделени ваучерите за новороденчињата на сите родители кои во изминатиот период ја имаат доставено потребната документација. Дека оваа мерка ги дава посакуваните резултати говорат и следните бројки: - во приодот од 30-ти август 2013 до 30-ти август 2014 година за една година во општина Неготино се родиле вкупно 176 деца, додека во периодот од 30-ти звгуст 2014 до 30-ти август 2015 година родени се 190 деца, што претставува пораст на наталитетот во нашата општина за 8 отсто. Или поконкретно, во просек во 2013 година се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 по 15, а во првите 7 месеци од тековнава година бројката е зголемена на 18 новородени деца месечно. Јас како градоначалник и општина Неготино продолжуваме со спроведувањето на оваа мерка и во наредниот период со очекување бројот на новороденчиња континуирано да се зголемува. |
Повеќе...
|
Манифестацијата “Топол културн бран 2015” со изложбата на фотографии “Традиционалната рурална архитектура во потпелистерието”, која се одржа во Музејот на град Неготино, влезе во втората фаза од својата реализација, а продолжува со театарската комедија “Љубовник со висок стил”. Оваа урнебесна комедија е на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, актерската екипа составена од вкупно 12 актери, на 26 август (среда) со почеток во 20.30 часот на сцената во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведе оваа претстава пред неготинската публика. Инаку, ова остварување на демиркапискиот театер имаше десетина изведби во повеќе градови во државата, а беше дел и од овогодинешното издание на манифестацијата “Топол културен бран 2015” во Општина Крива Паланка. Реализацијата на “Топол културен бран 2015” во општина Неготино ќе продолжи на 29 август 2015 година, со “Ликовниот хепенинг” кој ќе се случува на градскиот плоштад во Неготино со почеток во 20.30 часот. Истиот е во организација на Галерија Арт-М, а финансиски е поддржан од Општина Неготино и Министерството за култура на Република Македонија. |
Повеќе...
|
Во рамките на втората фаза од манифестацијата “Топол културен бран 2015” чија реализација е финанасирана од општина Неготино и Министерството за култура граѓаните на општина Неготино ќе имаат можност да бидат дел од уште три интересни културни настани кои се планирани во месец август. Најпрво, во петок, 21 август во Музејот на град Неготино со почеток од 20 часот, ќе биде отворена изложбата “Традиционалната рурална архитектура во потпелистерието” на авторот д-р Викторија Момева Алтипармаковска, која претставува уметнички поглед на авторот, кој низ фотографии се обидува да даде приказ на традиционалната селска куќа, како значаен сегмент од нашето културното наследство. Во продолжение на манифестацијата “Топол културен бран 2015”, на 26 август (среда) со почеток во 20.30 ч. во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” на барање и огромно задоволство на љубителите на театарот од нашиот град, актерите на театарот од Демир Капија ќе ја изведат урнебесната комедија “Љубовник со висок стил” која неколку пати беше изведена во повеќе градови низ Македонија и за која секогаш се бараше карта повеќе. За затварањето на осмото издание на манифестацијата е предвиден уште еден интересен културен настан – “Ликовен хепенинг” во организација на Галерија Арт-М од Неготино, кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 31 август со почеток од 20.30 ч. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Следно > Крај >>
|
Лист 224 од 314 |