По обезбедувањето на потребните финансиски средства во висина од 38.000.000 денари и комплетирањето и одобрувањето на документацијата за проектот, ги создадовме сите услови за старт на работите за реконструкција на водоводната мрежа на улици во Неготино во должина од 8 километри и изградба на нов резервоар со зафатнина од 500 м3 во Тимјаник за потребите на висока зона Неготино-вели градоначалникот Ванчо Апостолов. Од седиштето на Светската банка бевме информирани дека комплетната документација е во ред, а дадена е и согласност за изборот на најповолниот изведувач на работите што општина Неготино го изврши во соработка со Министерството за финансии. Работите за реконструкција на старата повеќе од 70 години и дотраена водоводна мрежа која беше основната причина за создавање на огромни загуби на вода во водоснабдителниот систем ќе ги изведуваат фирмите Алдинг-инжинеринг и Каро-трејдинг кои според потпишаниот договор со комплетната реконструкција на водоснабдителниот систем треба да завршат во рок од 9 месеци. Очекуваме, додава Апостолов, со реконструкцијата на водоводот и изградбата на новиот резервоар загубите на вода во системот да ги сведеме на минимум и да обезбедиме дополнителни количини вода за пиење, што пак очекуваме да резултира со целосно стабилизирање на водоснабдувањето во општина Неготино. |
Повеќе...
|
|
Стручните служби при локалната самоуправа Неготино ги информираат граѓаните на општината кои досега го немаат сторено тоа, во најкраток можен рок да ја подмират својата обврска за плаќање на данокот на имот заклучно со 2015-та година. Во соопштението до јавноста се истакнува дека во тек е подготовката на опомени до физичките лица кои немаат уплатено средства за данок на имот со напоменат дека истата треба да ја подмират во рок од 8 денови од приемот на опомената. Доколку и покрај навременото информирање и доставувањето на опомената физичките лица не ја подмират својата обврска, општина Неготино ќе биде принудена да постапи согласно позитивните законски прописи. |
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик-министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски оствари работна посета на општина Неготино. Заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов и пратеничката во Републичкиот парламент Благородн Бојаџуева присуствуваа на започнувањето на градежните инфраструктурни работи за изградба на стопански капацитети во Индустриската зона Неготино. Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните истакна дека стратегијата и политиките на Владата за засилен економски развој, привлекување нови инвестиции, отворање на нови работни места и континуиран напредок на РМ продолжуваат со несмален интензитет во сите полиња. Градоначалникот Ванчо Апостолов информираше дека благодарение на одличната местополжба, проддадени се сите 17 парцели во оваа индустриска зона, додавајќи дека во тек е постапка за проширување на истата на нови 40 хектари. Инвеститорот Илија Гечев-сопственик на ИГМ-трејд се заблагодари на поддршка од Владата на РМ и истакна дека се очекува првите хали ќе бидат готови во период од 1 година, а во меѓувреме ќе биде ангажирана работна сила за изведување на овие активности. Веднаш потоа премиерот Груевски, градоначалникот Апостолов и инвеститорот Гечев го означија почетокот на градежните работи во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови. Посетата продолжи во извршување увид на работите на патниот правец Неготино-Криволак кој е во фаза на проширување по што ќе следи и негово асвалтирање во должина од 3 километри со средства од 20.000.000 денари со што ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Владината делегација и домаќините имаа средби со жителите на Криволак и Д.Дисан на кои се разговараше за актуелни теми, а беше посетена и фабриката Ролопласт во Неготино. |
Повеќе...
|
Во рамките на одбележувањето на „Неделата на стари лица“ која се реализира во цела Македонија, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов престојуваше и оствари контакти со лицата во Домот за стари лица „Жана“ во нашиот град. Посетата беше искористена градоначалникот Апостолов и сопственичката на Домот Снежана Илова во функција да го предадат новоизградениот објект во овој дом за стари лица со чие функционирање ќе дојде до унапредување на условите за престој на стари лица, ќе се зголеми капацитетот на установата и ќе се создадат услови за нови вработувања. Апостолов и Илова ја истакнаа одличната соработка на реалација општина Неготино-Дом за стари лица „Жана“, а при остварените разговори со дел од лицата кои престојуваат во Домот Апостолов им посака да имаат длабока старост и да уживаат во комодитетот што го пружа оваа установа. Во чест на градоначалникот Апостолов и во знак на благодарност за неговата посета, од страна на корисниците на услугите и персоналот од Домот беше изведена пригодна програма. |
Повеќе...
|
„Наша цел е да работиме за доброто на сите граѓани од општина Неготино - за вашите мајки, татковци, баби, дедовци и тоа како во градот, така и во населените места и да реализираме проекти преку кои ги подобруваме условите за живеење во нашата општина“- одговори градоначалникот Ванчо Апостолов на прашањето на нашите најмлади сограѓани што значи и што работи градоначалникот за време на посетата од страна на дечињата кои престојуваат во детската градинка „Фемо Кулаков“ кои во рамките на воспитно-образовниот процес го спроведуваат проектот „Градот низ моите очи“. Дечињата го запрашаа градоначалникот дали се планира поставување на нов играчки за нив, лулашки, изградба на парковски површини, уредување на просторот околу двата клона на градинките и слично, на што Апостолов одговори дека на неколку локации во градот веќе е поставена урбана опрема, играчки, просторот е хортикултурно уреден и сега тие претставуваат одлично место за одмор и релаксација за повеќе генерации сограѓани, додавајќи дека мошне скоро ќе се започне со уредувањето на запуштениот простор кај Спомен-костирницата кој со поставување на зеленило, клупи за седење, играчки, изградба на терени за спортски активности ќе прерасне во уште едно пријатно катче за најмладите и за оние кои се грижат за нив. Сепак, им се обрати градоначалникот на дечињата, приоритетен проект е долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето за што во моментов и во иднина се преземаат и ќе се реализираат активности со цел веќе наредното лето редукциите на водата за пиење да бидат минато за неготинци. |
Повеќе...
|
Во рамките на програмата за одбележување на Денот на градот – 8ми Ноември по седми пат беше организиран турнирот во табла “Неготино 2015”. Учество на истиот зедоа 64 учесници, кои во период од три дена (5-7 ноември) колку што траеше турнирот, одиграа многу интересни мечеви, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до самата завршница. Овогодишен победник на турнирот е Васил Лазаров, кој за постигнатиот резултат доби диплома и парична награда од 7.000 денари, второпласиран е Горан Стојановиќ кој доби диплома и парична награда од 5.000 денари, а третопласиран е Трајче Михајлов кој покрај диплома за трето место заработи и награда од 3.000 денари. Покрај наградите за најдобрите тројца учесници, беа доделени и благодарници за учество турнирот. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следно > Крај >>
|
Лист 218 од 314 |