Од петок (11 ноември) стартуваат подготвителните теренски работи за започнување на реконструкцијата на водоснабдителниот систем во Неготино на улици во должина од 8 километри за што неодамна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша и договорот со фирмата изведувач. Бидејќи станува збор за градежни работи кои имаат специфичен карактер, односно ќе се работи на сечење на асфалтот, ископ на улици и тротоари каде што минува водоводната мрежа и изработка на ревизиони шахти, а движењето по улиците ќе биде отежнато, општина Неготино навремено ќе ги информира граѓаните за тоа на кои улици во градот во определен период ќе се изведуваат градежни работи. Така, од петок се започнува со подготвителните работи на улица Енгелсова во должина од околу 200 метри, а работите се очекува да се одвиваат најмалку во наредните 20-тина денови. Токму затоа, се информираат жителите кои живеат на споменатата улица да ги извадат своите автомобили, трактори, приклучна механизација и други превозни средства за да можат истите да ги користат за времетраењето на изведувањето на работите. Како работите ќе се префрлуваат на други улици, стручните лица од Одделението за односи со јавноста благовремено ќе ги информираат граѓаните, со единствена цел работите да се одвиваат во најдобар ред и да не се создаваат проблеми на населението. |
|
Со финансиски средства во висина од 38.000.000 денари обезбедени преку кредитна линија од Светска банка од наредната недела започнуваат активностите на терен кои се однесуваат на реконструкцијата на водоснабдителниот систем во Неготино на улици во градот во должина од 8 километри, како и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3 кубни во Тмијаник лоциран до посетоечкиот за висока зона Неготино. Денеска и официјално градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорот на фирмата изведувач на работите Алдинг-инжинеринг Александар Дроздовски го потпишаа договорот за работите на водоводот и веќе од понеделник работници на оваа реномирана градежна фирма ќе излезат на терен и ќе стартуваат со работа. Градоначалникот Апостолов истакна дека станува збор за реконструкција на веќе руинираната водоводна мрежа низ кој на одделни улици се губеа и до 70 отсто од количините вода кои доаѓаат од Лукар, а кои по завршувањето на работите ќе бидат минато, со новиот резервоар ќе се обезбедат дополнителни количини вода кои се неопходни посебно во летниот период кога и потрошувачката е зголемена, а паралелно со спроведувањето на уште неколку дргуи проект, крајна цел е веќе престојното лето Неготино да има 24 часовно водоснабдување. Директорот на Алдинг-инжинеринг Дроздовски истакна дека рокот за завршување на работите е 9 месеци, но додаде дека тие ќе сторат се рекоснтрукцијата да заврши и пред предвидениот рок за тоа. |
Повеќе...
|
Во рамките на Проектот општинско корисна работа ,,Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино,,во месец ноември 2015 се одржа третата работилница со родители од планираните 3 во 7те рурални игрални.Со ова сите три планирани работилници се реализираа во планираниот рок.Во присуство на околу 70 родители беа обработени темите ,,Детскиот развој и злоупотроба ,, кои се спроведоа во игралните во Тимјаник, Тремник,Пепелиште, Војшанци и Криволак,додека темата ,,Дисциплина,, се спроведе во Долни Дисан и во Црвени Брегови.И оваа работилница предизвика голем интерес и посетеност на околу 70 родители на децата. |
Повеќе...
|
Под мотото „Засади успех“ на повеќе од 100 локации на територијата на Република Македонија, меѓу кои и во општина Неготино, денеска по 16-ти пат се одржа традиционалната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ при што на површина од 930 хектари земјиште во цела држава се засадија околу 3.000.000 дрвца. Како и секоја, така и оваа година сопствен придонес во успешното реализирање на акцијата даде градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој заедно со заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски засадија дрвца на предвидената локација за тоа, заедно со голем број ученици од основните и средното училиште, вработени во јавни и приватни установи, љубители на природата и животната средина, невработени, претставници на невладини организации и здруженија и други категории граѓани. Во заедничката изјава за медиумите, Апостолов и Темелковски го потенцираа значењето на оваа акција и ефектите од истата преку збогатување на шумскиот фонд во цела држава и создавање услови за зачувување и унапредување на животната средина, упатувајќи притоа благодарност до сите кои денеска го искористија пријатното време и се вклучија во акцијата за засадување нови садници. Инаку, граѓаните на општина Неготино денеска засадија околу 20.000 садници чемпрес, багрем и црн бор обезбедени во координација со ЈП Македонски шуми, а паралелно активности за еколошко уредување на училишните дворови и засадување садници реализираа и учениците од прво до шесто одделение во двете основни училишта во градот и во подрачните училишта во населените места, што значи активности беа присутни на територијата на цела општина Неготино. |
Повеќе...
|
Во рамките на реализирањето на „Отворените денови со граѓаните“ денеска во работна посета на општина Неготино престојуваше директорот на Управата за имотно-правни работи на Република Македонија Зоран Крстаноски кој оствари средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која беше потенцирана одличната соработка што локалната самоуправа ја има со оваа институција, во најголем дел за прашања поврзани со експропријација на земјиште за реализирање на општински проекти, како и за други прашања на релација општина Неготино-Управа за имотно-правни работи. Отворениот ден во Неготино директорот Крстаноски заедно со стручни тимови го искористи да оствари средби и со граѓани на општината на кои се разгледуваа предмети од имотно-правен карактер и на сите заинтерсирани им беше дадена стручна помош за нивно побрзо и поефикасно решавање. Првиот човек на Управата информираше дека во Одделението за имотно-правни работи во Неготино се примени 4.800 предмети за приватизација плус 1.700 предмети од скопската општина Карпош, од кои остануваат уште 2.900 предмети кои во најскоро време се очекува да добијат завршница. |
Повеќе...
|
Почитувани сограѓани ! До сите вас упатувам јавна покана од мое лично име и од име на општина Неготино во среда на 2-ри декември што е можно помасовно сите заеднички да се вклучиме и да дадеме сопствен придонес во успешното резлизирање на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ која ќе се реализира и во нашата општина преку засадување на околу 20.000 нови садници багрем, чемпрес и црн бор. Во соработка со надлежните институции обезбеден е организиран превоз со звтобуси и комби-возила до локацијата на која ќе се изведува акцијата, а тоа е просторот во близина на надвозникот кај село Пржедево. Организираното тргнување од Неготино ќе биде во термините од 09,00 и од 11,00 часот, додека во акцијата ќе бидат вклучени и учениците од од прво до шесто одделение кои ќе бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишните дворови. Како градоначалник на општина Неготино ги повикувам сите заинтересирани граѓани во среда да земат учество во „Денот на дрвото“ и со засадување на што е можно повеќе садници сите заедно да придонесеме за унапредување и создавање услови за зачувување на здравата животна средина. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следно > Крај >>
|
Лист 217 од 314 |